Пак јас. Денес нешто особено сум зборлива изгледа. Го гледав она видеото на fakulteti.mk за некој стан во Париз со површина од вкупно 8м2 и ептен се зачудив како некој би можел да живее во толку мал простор, буквално немаш простор ни да дишеш. Јас во „цели“ 38 квадрати ќе се загушам кај и да е, а камоли па да беше уште помал станов. Едноставно мислам дека за навистина еден простор да можеш да го наречеш свој дом, треба да има доволно место за сѐ што ти е потребно. Настрана мастеријалните работи, зборувам за пристојна кујна, барем минимален дневен простор за одмарање и социјализирање, доволно широка спална за спиење на раат, шкафови, полици за складирање на сѐ што поседуваш. Како бе се живее во 8 квадрати, кај шо не можеш да си дозволиш еден пристоен оброк во денот? Дом ли е тоа, или затвор? Мислам дека никој не заслужува да живее во такви нечовечки услови.
Многу ми се јаки оваквите графички преставувања на податоци на мапата на Европа. Интересни се и информативни. Од друга страна пак, ги покажуваат разликите и сличностите меѓу државите. Имаше знам мапи кога ја делеа Европа по тоа дали е wine или beer, poor-rich, hot-cold, potato-tomato и останати интерактивни преставувања. Ама, од сите ми е оваа најсмешна мапа. Ептен е епик кај некои држави, како Албанија, ама турциве бе...турциве... па стварно ли ова им е најгуглана ствар? Искрено, не ме чуди. Исланд се најаки и сега таму сакам да се селам. Не дека и правам лице на @theowndemon.
Декември започна да тече, специалниот месец. Треба да се привршат некои планови за да дојдат до крајна точка, и да се отпочнат нови. Случките годинава го превртоа светот наопаку, мојот со сигурност, ама земам се' и продолжувам со моето понатаму. Треба да се опточне и отклучи најбитната декада. А јас поспремна за секакви предизвици не сум била, имајќи ништо за губење и се' за добивање. И, овој пат ќе славам се', и ќе направам атмосфера, и ќе уживам. Let's get the ball rolling
Порано викав “Hello December please be good” Сега не велам ништо,ќе оставам самиот да донесе,што ќе донесе.
Ја обожавам зимата и целата божиќна, празнична атмосфера. Одамна почнав да плакнам очи на Инстаграм со слики од Christmas markets, кои најверојатно се од некои претходни години. Едвај чекам да падне снег, по можност да биде викенд. Да си седам дома на топло до прозор, додека гледам како вее надвор. Оваа година греено вино ќе се пие главно во домашни услови, што значи простор за експериментирање со вкусови. Ова во комбинација со ролни со цимет ми е врв. Виното не е проблем, ама тапа сум за готвење, особено печење. Ако некој има рецепт Cinnamon Rolls 101: Guide for dumbasses, слободно нека прати. За целосна атмосфера треба маратон со божиќни филмови. Може и божиќна музика. Една од песните што ги сакам и нема да ми стане досадна: Може и некоја реклама на Coca-Cola. И едни од најубавите спомени од детството поврзани со зима ми се деновите поминати на лизгалиштето под Кале. Со еден тон гратиси поделени од училиште, максимално искористени. Мајка ми редовно прати сезони на уметничко лизгање, па и јас со неа и така ептен го засакав тој спорт. И така со носталгија, се обидувам да си направам пријатна домашна атмосфера за да заборавам колку беше тапа годинава.
Thank you, not so secret Santa! Wonderful holidays to you too. Мх, мх, мх. Ќе се претворам во Алачки додека ги јадам.
Сум пишувала на оваа тема порано, ќе пишам и пак. Не можам и не можам да ја разберам потребата да се бираат најубави бебиња и најубави деца на годината. Значи секое бебе е убаво, нема неубаво бебе. Исто и детенце, зошто уште од најмала возраст да ги пумпаме со комплекси и со вакви глупави натпревари. Не сфаќаат мајкиве кои проблеми може да му ги направат на дете кое уште не разбира како функционира светов стимулирајќи го да мора да биде најубаво од сите. Цел живот го имаат пред нив, зошто им се уништува детство не ми е јасно. И сериозно непријатно ми е кога некој ме замара ама гласај за детево мое, значи не сакам да гласам. Не сакам мојот глас да допринесе друго детенце да се осети неубаво, помалку вредно од победникот. Крај краева ништо не значи таа титула, освен за пување пред комшивките дека ете, детето мое најубаво е. Никогаш нема да ви гласам на таква слика, па ако сакате од земја трескајте се, бришете ме, блокирајте ме. Комплекси на дете уште од најмало да му набивам немам намера. А и овие па што ги организираат натпревариве за кликови и со некои мизерни награди од типот на календар... Мислам дали сте океј и зошто не? Најубаво бебе на 2020 година бе, бегајте таму мавнете ми се сите од прв до последен.
Пред две недели имав таква ситуација каде колешка бараше слика од внука е, за бебе календар, за најубаво бебе, а пред тоа цел ден ја сликала Еден сат слика бараше, не знаеше која да ја прати, па уште ми викаше и мене сум можела и јас за внука ми да пратам. Кога и кажав дека не сакам, дека тоа мене ми е глупост, како ме погледа чудно А вчера налетав на објава не знам во која група беше, каде мајка моли за лајкови, за најубаво бебе за нејзиното да гласаат, пуштен линкот во групата. Но коммент.
Ама не сфаќам која е потребата. Па цел живот понатаму ќе гледа инфлуенсери, магазини и списанија за лепота, цел живот понатаму ќе биде бомбардирано од различни притисоци кои наложуваат стандардна убавина. Што е погрешно во тоа детето да го оставиш да биде дете не ми е јасно. Најлесен начин да му вбризгаш несигурност е уште од мало да го тераш да биде најубаво, најпаметно, најсве. Да не збориме дека тоа може да всади корен кој понатаму ќе развие еден куп компликации. А и искрено пребизарно ми е да скролам слики од дечиња со цел да барам најубаво. Јас вистина не сум видела неубаво дете, ене и темана за слики од децата на феминкиве кога гледам ниту еднаш не сум помислила леле види неубаво дете. Сите си се убави, плус убавината е толку субјективна работа што ничии критериуми не се исти. И секогаш си викам што убава тема, полна со љубов, не сфаќам зошто на слика од дете мора да се додава таа компетитивност и тука да се фрла пелин и горчина и од нешто што е преслатко да се прави лут натпревар. Аман нека се тргне овој тренд, сериозно малоумно ми е најубаво дете да бирам.
Јас тука ги кривам родителите и никој друг. Си ги ставаат децата во многу глупа ситуација и зошто? За сопствени хирови и лечење свои комплекси преку нив или за килограм кафе. Ајде бе... Особено поголеми дечиња, кога веќе разбираат, да им се набиваат комплекси уште на мали години...
Најубаво го кажа! Ова исто и со инстаграм профилите го прават, ќе затруднат, се породат, гледаш пишале mommy of a prince. И тука веднаш 4663 слики од детето од прв ден, па со разни производи, па де спонзори ќе им улетаат. Во една европска земја, не ми текнува која беше, дете може својот ридител да го суди зошто објавиле слики од нив што не сакале! Значи сепак е во прашање приватност и кога тие деца ќе пораснат ќе им се свртат на нивните родители.
И јас не сакам да си поставувам никакви очекувања, никакви цели за следната година. Ако нешто научив годинава, тоа е дека сите планови може да се срушат како кула од карти, само за миг.
Сакам да кажам дека се осеќам уморно постојано сем во неколку кратки моменти кога седиме и си се гледаме на камера и збораме зошто маслинки се супериорен снек фуд.
Она кога едвај чекаш да одиш на работа да си го одмориш мозокот. Завршив едно, работам сосема друго. Можеби имав среќа да ми се погоди персоналот со кој работам. Не сме многу, дури 6 луѓе, па може затоа и не е проблем да се разбереме.