Колку не ми недостигаше учење, то чудо некое. Лагано читање и обработвање информации, проектче, дискусија, таков вид учење никогаш не преќинав да примам и прам ама она као спремање за испит.... И природно ми бега вниманието. Ок. Одам оф. Сигурно. Збогум.
Реално мапата е толку помешана колку и критериумот да ставиш во ист кош психичко и физичко насилство. Пошто баш сум сигурна дека во Финска не ги тепаат жените повеќе отколку во мк, а исто сум сигурна дека во мк свест за психичко насилство не постои. Сдк собрани баби и жаби. Ајде отворај тема за маслинки
Во Македонија тие проценти се само за физичко насилтво. Со психичкито, економското и се остало во 40-ките беа процентите. Има истражувања. Мапава им е flawed.
Кај фудбалот нај интересно е дриблањето и префрлање топка. И во животот се интересни тие ситуации, освен кога си солиден играч а играш во селска лига со дупната топка.
Можеби тоа се должи на поголемо пријавување и регистрирање на случаи. Пишав, можеби не е најверодостојна мапата, има многу фактори.
Веројатно повеќето ја видовте снимката од девојката што ѝ залепи мастика и лижавче во коса на таа пред неа, бидејќи со косата ѝ го блокираше екранот на седиштето. Она што сакам да го кажам се однесува баш на некултурата при користење на јавен превоз што кај нас е пречеста. Кај меѓуградските автобуси пример секое второ возење имало некој без осет пред мене што го турка седиштето наназад и се опира ко да автобусот е од дедо му наследен. Па туткај се, нозете како да ги наместиш, па притискај со колената за инат нанапред за да му текне на сељакот/сељанката дека ти го зафаќа личниот простор, па чекај ќе му речам да се повлече малку и аха, ок и после пет минути пак по старо. Во јсп пак гужва залепени сите стоиме еден до друг, буквално сламка нема каде да се фрли и во тој момент на чичето му ѕвони телефонот и нели дека не може да почека 10 минути да се испразни малку бусот, туку мора моментално веднаш да се јави. Па се турка тука, раката ја става во џеб и истовремено те удира со лакт во слабина и си велиш у пм веќе што ќе се тостирам другпат меѓу невоспитани. Боље пешки ќе идам ќе го препешачам цело Скопје отколку да се расправам со будали. Кај летови најглупо ми било цела војска луѓе чекаат да ја намести торбата, па ја врти, па ротира, па чекај заборавив да извадам нешто. Нема проблем срц, за тебе и нови правила ќе измислиме, само ти да си среќна. Зборот ми е не бидете како овие стоки. И исто за сељанката што го залепи лижавчето и мастиката, па ѝ ја ставаше косата во пијалок и ѝ ја сечеше со ноктарица, кој мозок на врапче треба да го имаш за да си толку забегана. Пресмешки што направи веќе, браоС.
Многу ми е смешно кога некој што е крив за нешто во иста реченица секогаш ги употребува ама и другите го правеле истото и немал друг избор па го направил. Вчера муабет другарчина се жали како го казниле бидејќи оставил кола и отишол да купи нешто од продавница, и првите две реченици се нема каде да се паркирало, други цело време оставале коли таму и биле неказнети. Значи не. Прво, има паркинг 150 метра подоле ама се плаќа и те мрзи да плаќаш и да губиш време со тоа кога можеш за 2 мин само да купиш и продолжиш, и тебе те фатиле а другите не. Тоа целата работа, не полицијата вака така, не ама не сум до толку крив ова она. Си сакал на подрскиот начин, тебе те фатиле, другите не и тоа е тоа, мислам си ги сакам и поштувам најмногу на свет другарчињата ама кога ќе ми почнат со вакви приказни морам да ги "искарам". И кога ќе размислам, барем во мојата околина сум приметил секогаш кога некој знае дека е крив, ама сака да се извади да не испадне покварено човече што ги користи дупките во општеството ќе почне вакви муабети, ама другите прават знаеш и јас, бидејќи го мрзи да потроши повеќе време и ова е полесно и ако помине ќе помине, ако не онда ќе се жалиме како не е фер... Барем кога ќе поќењате некаде и ќе ве фатат барем признајте си и идеме даље, не плачки и приказни....
Јас ко сум го рекла тоа, може уште во план не си била Ќе се изнапраиме муабет ле, зелени, црни, со семки, без семки, во маслиново, во солило, ехее....
Сакам да кажам нешто шо ме прај од срце среќна. Претходната средба со цртачката група си покажувавме стари цртежи. Денес ќе покажуваме стари Инктобер цртежи и јас да не ги сликам наново си зачував од форумов моите. И шо забележав е дека секоја година значително поќе учесници има. Поќе лица. Прекрасни цртежи. И онака среќна ме прај дека толку луѓе се среќни да учествуват. То имав да кажам. Ви благодарам дека прајте Октомври да ми е лично, еден од омилените месеци и многу поубав од шо можам да замислам. Одам да си дозачувам цртежите од годинава.