Најтрагично од се е што децата на ваквите родители остануваат бремени на 15-16 години и излегуваат најголемите наркомани и ред други лоши работи ... зошто нели, тие најдобро знаат да ги воспитуваат децата
Јухууууу Декември месец, најубавиот во годината Шо праете бе ? Ич не сум во тек со форумот, треба да седнам да ве читам ама ќе оставам за викендот, скроз сум внесена во светот на Северна Кореја Ај нешто да пишам онака рандом...... Далечната 1996 година, бев 5-то одделение и тогаш почнав да учам англиски за прв пат, го имавме ко предмет на школо. Цел живот додека сум жива ќе се сеќавам на песната која на памет ја учев баш тогаш, симпатија ми беше пеачот кој уствари е 1965 генерација на мајка ми , ама знам дека толку многу ја сакав а не ми беше јасно што се пее во неа и седнав го пишував и учев текстот на памет и си ја потпевнував. И да , омиленот дел од песната We are forever lovers I just can't take anymore Why don't you call my name I wonder why I can't let go We are forever lovers I just can't take anymore Аууу ептен швалерајски ми звучи од денешна перспектива ....хахаха срамови Битно научив англиски Епа може месецот да си навраќам спомени од минатото. Едно потсетување на песната п.с. Ич не ја сакав Дилнарин , ич не ми е убава на фаца , ама признавам дека си беше згодна женска. Не за џабе цела Русија дигна на нозе со концертите. Ај сама ќе се испратам, сигурно никој нема да сфати за што зборувам. .............I'm calling, I'm calling your name .......
Kaжвај шо филм жити се. Хорор филмовите ми се наајголема љубов ама одамна немам гледано, не ми се страшно новите, чак и глупи се. А од постарите се' имам скоро изгледано.
Кога некој ви кажал дека него му починал некој близок, зарем не треба да му рече едно " Бог да го прости" ако веќе не сакате да прашувате? Може некој сака да биде прашан. Боже, до каде замина народов. Еднаш ми се случи да кажам дека почина снаа,ми, млада, на еден немногу близок братучед и добив одговор : "Е, што да правам јас сега? Починала, починала. Животот е грозен и лош" Боже, прости им, не знаат што зборуваат.
Ноќта на вештерките мила. Ама овој дел го немав гледано. Враќањето на Мајкл Маерс, во него ја нема Џејми Ли Кертис и е малку изменета приказната. Зирни го, мислам дека ќе ти се допадне.
Само да ставам некоја слика од тука , мал update за @Yipman2 , @Purplelilac , да се осети новогодишна атмосфера И да, ќе приметите цело време носиме маски и на отворено и во затворен простор, ама ако , мене ми одговара со маски оти секако ме мачат синуси , пијам апчиња, па нека ми држи топло маската
Абе и ти да спиеш на пари шо се вика, нит Корона, нит Паца, нит Пандемија ќе те спречи да си живееш животот. Кога сакаш, кај сакаш ќе идеш. Не е така?
Сакам да кажам дека моментот кога ќе сфатиш дека си најубав, најхрабар, најпосакуван, најсилен значи дека си ќор пијан и треба да си фатиш патот од кафана накај дома, пеш или со такси, нормално.
Колку нехумано...ццц Спиеле на пари,акале по хотели. Епа ајде ти работи по 18часа на ден еве, од јутра до сутра без ниеден слободен и баш за празници си слободен и сакаш да видиш малку светлост, да земеш енергија. Си изнајмуваш соба во хотел,си трошиш колку сакаш вода струја те заболе долното,просто уживаш една ноќ спроведено со сите протоколи. Нема да сакаш?! 17 год имаш не тропај глупости безвезе. Спиењето на пари нема допирна точка со хотелите бидејќи и сиромашни идат на прослави,а ретко кој иде во соба да седи и да ужива. Работи,па збори добро?!
Од вчера ги мислам едни пиџами што видов да купам, немаше величина М , па денес ќе отидам да купам ист модел само друга боја додека не се потрошиле. Вчера бев и до Primark , ефтинија на големо, човек да се дотера за малку пари. Да допијам кафето и одиме на шопинг по пиџамите и други ситници за по дома
Не ми се верува дека зборувам со ликови за вредноста на парите. Се изразувам со - Некои и за леб немаат, а ти мрчиш а ти враќаат со - Ме заболе патка дали немаат. Ех луѓенца, сме се мрднале.
Го ставаат Бучковски за преговарач со Бугарија а е осуден криминалец, за милиони евра. Со ова Зајеф ни вика дечки правите криминал се исплаќа ќе бидете на функција. Па после ми викаат заш планираш да се селиш во странство кога имаш пари и добра работа. Од такви гомна политичари се селам. Све криминалци, затоа сите се иселија. За еден доктор врски се фаќа, а камоли за работа. Срамота, ми иде да ги обесам сите политичари во земјава.
Апсолутно не ја сфативте што кажува. Не зборува од аспект дека не може човек да си приушти една вечер да одседне во хотел, туку зборува за фактот дека ако имаш пари можеш да си дозволиш да славиш Нова во хотел во гужви, зошто ќе имаш можност да се лекуваш приватно (нешто што не секој може да си го дозволи). Иако сега не сум сигурна како е регулирано со приватниве болници лекувањето (некаде читав дека пак си плаќа пациентот, некаде дека е целосно покриено со здравственото осигурување).
Ок и да сакала тоа да го каже пак не е реално така. Не дека сите што можат да си дозволат хотел, можат и приватно здравство или дека ке заболат.