Пак не сфаќаш. Еве хотелите на страна, просто кажано зборуваме за тоа дека тие кои спијат на пари, (најчесто) си живеат како и пред пандемијава, зошто знаат дека лесно може да стигнат до тестирање, лекување и било која терапија.
Не можат да го вратат времето и да направат да не се заразиш, ама дефинитивно можат да ти обезбедат подобар третман кога веќе си пациент. Дека тоа е начинот на кој размислува и функционира елитата во општествово е факт, кој можеш да го забележиш само почнувајќи од тоа што први без маски се политичари. Дали и кај нив може некогаш да има фатални последици?! - Апсолутно. Дали тоа ќе се случи бидејќи не успеале да стигнат до тестирање или болнички кревет? - Не.
Дали е укинат законот за свадби? Еве гледам на инста свадба со доста луѓе, со хаљини, венчаници, гости... Со сликање, гушкање, бацување со цела фамилија.
Тоа е само за поединци што имаат врски. За рандом човек не би требало да важи. Не знам каков е сега законот.
Зарем е важен законот? Знаеш колку правеа свадби ама без оро, за да не ги "фатат"? Разбирам венчавка во црква и на матично, ама за веселба цел живот го имаат.
Па да венчавка со родители и браќа и сестри разбирам. Ама свадби? Па нели и на маса со закон не смеат повеќе од 4ца. Со 1100-1300 заболени дневно, па нели им е страв?
Значи муабетот тука е во третманот, кој што може да си обезбеди. Ама пак, потпирајќи се на парите можат шах мат да си направат.
Абе мајка...може да го сврти светот за тебе и да биде најмило створење, а истовремено и да те извади од такт со тврдоглавост кога треба да си обрне внимание на свое здравје.
Средношколците (повторно) бараат дс нема матура годинава. Прочитав на Радио МОФ дека причина за тоа било лошото одвивање на настава онлајн т.е мал бил бројот на наставници кои знаеле да предадат на тој начин. Ајде ќе не тргнам нас студентите на страна, иако не сфаќам која им е целта кога и така на факултет можно е пак да треба онлајн дс се одвива наставата. Ама друго ме мачи. Ако сметаат дека наставата е проблемот што не можат да се спремат за матура, како тогаш се спремаат за тестови? И тоа, матурата не е само за оваа година (добро, нив ги фати и лани 1 тромесечие) а тестовите и испрашувањета им се само за материјал предаден онлајн. И ако до толку наставата им е проблем, зошто не се бунат за самата настава, туку се бунат за матурата? Да, не погоди сите ситуацијава, поготово образованието. Ама нека си признаат дека едноставно сакаат да ја искористат состојбата за да избегнат од таква одговорност. Пред очи гледаме како младите стануваат се помрзеливи и ко за инат мислам дека пак ќе биде по нивно.
Ај ги сваќам начукале по 18 години мислат дека се on top of the world. Сите сме биле во тој фазон, но матурата им е испит и каков таков начин за да видат како се полага на факултет. Наставата никад не ни била квалитетна ни на училиште, ни онлајн, они само сакаат да се извадат со тоа, но очигледно има некои поголеми манипулации.
Исто ко мојата генерација во прва средно што пробуваше да одложи тестови ради бојкотот на настава. А тогаш и стварно немавме настава. Сега тие имаат настава а се прават ко ништо да не им е предадено. Плус матурата е сумарно од цело средно, не од четврта година.
Кога ја слушам песнава на Мајкл Бубл се замислувам дека сум во Лондон и паѓа снег,сите се среќни и се гушкаат,се подготвуваат за Крисмас. Времето е ладно,светилките се запалени,влегувам во некоја чајџилница да се напијам традиционален англиски чај со млеко послужeн во Божиќни филигрански шољи со бисквит од страна. Фрлам поглед преку прозорот од мојата лева страна додека го вкусувам вкусот на чајот и ме облева некоја позитивна енергија,а околу мене џагор од смеа и весела атмосфера.... Ех....Сакам да си маштам понекогаш...