Една од животните желби ми е да отидам на концерт на некој од омилените бендови. Оние со кои пораснав, кои се нераздвоен дел од мене. Сакам во живо да ја почувствувам таа енергија која за миг ќе го запре времето. Да уживам со сите сетила, да успеам секој тон и секој збор вечно да ги врежам во моите сеќавања. Чувствата кои ги будат во мене додека ги слушам преку слушалки, да станат уште поинтензивни. Не знам ни дали можам да ја замислам емоцијата која ќе ме понесе, guess i will get high from the music
Луѓето од таков некој чуден склоп, кои постојано се жалаат..многу лесно може да те повлечат во таквиот зачаран круг. И тука губиме време, енергија...Иако не му обраќаш внимание, не се тргаат.Тотален игнор изгледа треба, оти и ѕид да направиш од нив, џабе повторно може да паднеш на нивна манипулација.
Една работа кај жените (некои жени) навистина ме нервира. Еве зборувам со другарка која пред да се омажи беше самостојна, а сега вели не, јас никогаш повеќе нема да работам, маж ми заработува и ми дава, јас нема потреба да работам, супер ми е. Разбирам јас од здравствени причини да не се работи или деца или такви ситуации. Ама бе зар не им е глупо здрави, прави да бидат зависни од некого за влошки да бараат? Нема нешто поубаво од свои пари, колку и да се.
Ако во нешто сум заљубена тоа е дефинитивно островов. И покрај тешката ситуација со вирусов,духот на празниците не згаснува, се чувствува топлина и насмевки. Исто како во Лондон.
Ова ми го разубави денот. https://zenskimagazin.mk/so-nashata...erite-ana-hristova-i-kervin-kendel-vilijamson
После 7 години повторно пишувам на форумот. Во меѓувреме дипломирав, магистрирав, раскинав со еден дечко па пак се смиривме па се скаравме па се фатив со друг, останав без псри, ама имав среќа па најдов во приватно супер работа во МК, но пак не бев задоволна, се иселив во Германија Во меѓувреме ја прошетав пола Европа, научив германски, положив за кола, почнав да штедам пари, се здебелив па пак ослабнав, преживеав корона... во две реченици тоа е Ухх па многу се имало за 7 и пол години кај мене сменето, а ќе каже човек ништо не се... СДК едно здраво на сите, ќе си пишувам почесто сега...
Слабо мириса на изгорено во воздухов оваа година. Изгледа не можат ради вирусов и отпад да увезат ко што треба. Дури 95то место според iqair.com, а до лани топ 3 бевме. Еден примат не знаеме да задржиме.
* Постов содржи нелегални активности и прекршување на строги закони. Деца, немојте да го правите ова дома. Се сеќавате ли на најглупиот закон меѓу најглупите закони што постоеле во државичкава? Секако, зборувам за законот "Забранета продажба на алкохол после 19 часот." Поради овој закон, нели, си цутеше продажба на алкохол на вечер, онака на црно и секој си ги знаеше тие локални гранапчиња кои даваа овакви услуги тогаш за 10тина денари повисока цена. Еднаш, се најдов во друг град на Македонија тотално непланирано како што секогаш сме знаеле да правиме такви авантури "кај не носи патот, таму одиме". И, одеднаш од таков краток излет, се организираше забава во станче кај другарче на другар, на другаров кое стануваше таму. А, каква е тоа забава без алкохол? Проблемот беше што часовникот одамна го помина 19 часот, но, желбата за пиење (читај: напијање) беше појака кај сите па решивме да си ја пробаме среќата. На две места добивме негативен одговор и вашиот Били реши да ја земе ситуацијата во свои раце. Влеговме во еден локален маркет (ако може вака да се нарече) кој единствено уште работеше, и видовме дека сите полици со алкохол се покриени со завеси, дека, нели, забрането е купување. Почнаа другиве да се врткаат и да сакаат да искачаат надвор. Јас пак, се упатив кон каса, а овие позади мене сите се наредиле по рафтовите демек гледаат нешто и не ме познаваат. И одам на тетката зад каса, со стуткана 50 денарка во рака, и ја подавам полека и самоуверено ја прашувам: "Има ли некој начин, да купиме алкохол вечерва од кај вас?" Оваа ми рече дека нема шанса и да се губиме од маркет да не викне полиција. И што да правиме, излеговме надвор, другариве веќе разочарани во мене и моите поткупувачки вештини, кога еве ја другата тетка излага од таа вратата од магацинот и ни дава криешкум знак да дојдеме таму. Сме изнакупиле алкохол за повеќе од 3000 денари, прометот дупло им го покачивме тој ден. На тетките им дадов 100че, викам дупло кафе од мене да се напиете. Другарите сите во делириум, слават небаре сум го решил проблемот со името. Вечерта толку сме се напиле, не знаевме каде сме. Уште матни ми се настаните. Денес, ги гледам децава, копиљаци, дали 18 години имаа со џоинт у рака на улица, уште фали да им пафнат на полицајциве у фаца. А, јас, освен што "криумчарев" алкохол од магацин у 10 саат на вечер, страв ми беше улица да поминам а да не е на пешачки.
Туго мајко колку е ружна елкана во центар. Добро бре кога веќе перат пари и фрлаат 200.000 евра низ канализација, не ли може бар убаво, со стил да се направи нештото. Ај што срце ме боли дека најкритичните групи на луѓе по вода ги пуштија годинава, што пропаднавме максимално, ај, се помирив. Леле коа ја видов тоа елката, ко гигантски бат плаг плесната на сред центар, па тоа клише бројките таму и некој тунел, не знам ваљда симптоматично дека државава ни е тунел одозгора со некоја ламбичка, колку камулажа да даде. Од сите години, најружно е годинава, а најскапо го имаат испрано ова китење. Туго. Мајко.
Малку доцна ќе пишам на темава, ама ајде. И јас сум(бев) студент на Јанаков. Дека некои од изјавите се извадени од контекст ќе се согласам, пример дека хетеросексуалноста не е генеративно иста со хомосексуалноста е факт. Хомосексуалните двојки не можат по природен пат да имаат деца. Меѓутоа дека поради хомосексуалноста постои можност да изумреме ми е пресмешно со оглед на тоа дека светов се бори со пренаселеност. Професорот е учен човек, ценет од многу луѓе и има достигнато многу, ама не можам да се согласам дека наметнувањето на неговото лично мислење и стереотипи е океј. Сите што сме биле негови студенти знаеме каков однос имаше кон дел од студентите што се согласуваа со него, а каков однос кон тие што не беа по неговите ,,стандарди''. На колоквиумите имаше лични прашања, каде што ако изјавиш нешто што не е позитивно и одобрено според неговите стандарди паѓаш. Ако си женско и имаш кратка коса, или фарбана коса во ете некоја почудна боја, знаеше да те фати на пик. Знаете колку често гледав колеги како менуваат мислење, согласувајќи се со професорот и умилкувајќи се само за да положат што полесно, а факт беше дека сето тоа беше лажно. Во мојата генерација, која беше веднаш после првата тужба, темата хомосексуалност вешто ја избегна само за да не настане хаос. На предавањата имаше често контроверзни изјави кои искрено не би да ги споделам тука, и дефинитивно не беше така невино како што некои го претставија.
Тие пак што го бранат дека се негово напишано било извадено од контекст... И да е така, може одма демант да направи, да каже дека иако таа реченица звучи така, генералната замисла е...итн итн. Тој молчи, молчел и на минатата тужба, што значи дека си стои зад своите ставови. Па уште кога гледам како млади луѓе го бранат... Лошо ми станува. Типично закоравено балканско мислење има, не знам зошто некои се пробуваат да го побијат тоа или пак да го претстават како поинаков. Крај краева actions speak louder than words, а со самото тоа што женственоста ја рамни со долга коса кажува доволно за него. Навистина сакам да му искочат некои од феминкиве тука со кратка коса, која од која поубави, па да видиме што има да каже. Или да излезат студентки што биле малтретирани заради својот изглед и намерно ги туркал на испит, па да му се соберат како на тоа гомното од Економски. Замисли бе, гледаш нови модни списанија, сакаш да експрериментираш во животот, нешто сакаш неконвенционално да направиш, да смениш нешто кај себеси и ќе се најде некој ваков кој ќе ти го загорчи цел студентски живот. И тоа не предава по некој небитен предмет, не е професор по квантна физика па приватно да може да си мисли што сака, туку е професор на млади луѓе кои имаат понатаму улога во психичикиот развој на одредени индивидуи. А и еден од овие што го бранат не видов да каже дека не се согласува со тоа дека жената е за во кујна, дека е родена за да задоволува потреби на мажот, воглавном една најбитна, дека треба да има долга коса и слично. Што значи дека го мислат истото. Све тоа се евангелоси под маска за слобода на говор, луѓе кои им смета тоа што ги викаат закоравени, а не прават ништо друго освен фрлање на таков сексистички и мизогин отров. И навистина помалку ми сметаат луѓе кои отворено си кажуваат дека почитуваат некои традиционални вредности, него такви инкогнито сељаци пикнати под чадорот на "прогресивност" а ваму балканштина пука на сите страни. Се дури не излезе и не каже што точно сакал да каже со тие реченици извадени од контекст само си потврдува дека нивниот контекст е токму тој. Ама ај ќе го правдаме.
Го гледам цртанот Bee Movie и сфаќам дека Ванеса има кошула со логото на Фемина. Па си мислам Фемина да не земала инспирација од кошулата. Цртанот е 2007ма година, Фемина е формирана некаде 2009. Спојлер: Слика од кошулата Coincidence? I think not. Спојлер Треба да си легнам, да.
Вака, зошто јас сум една од тие кои сме дискутирале на оваа тема, ќе ти одговорам, а и како студент кон завршил ете негови предмети. Велиш не сме се изјасниле, па ќе се изјаснам за некои работи за кои имаше извадок - Местото на жената во семејството е онаму каде она сака да и биде. На работа градејќи кариера, во кујна, на журки, со децата... само на едно или на сит одеднаш, her choice Јас овој дел го памтам низ магла, но поентата му беше дека најчесто жената готви, а не дека тоа и е основна задача во животор. Е сега, ако спроведеме анкета на пример тука, што мислиш колкав процент би искочил дека најчесто женит се тие кои готват? Вклучувајќи ги и нашите мајки и нас. - За хомосексуалноста имам зборувано па и премногу на форумов. Сметам дека е сосем во ред, сметам дека треба да се дозволат истополови бракови и посвојување деца. Дали општеството ќе се уништи? Не. Дали можат да имаат деца природно? Споредено со хетеросексуални парови, не може во целост да биде исто. - за задоволување на мажи или како беше тоа, партнерит имаат еднаква обврска за задоволување на потребите на другиот. Велиш не се изјаснил. Каде да се изјасни? Си има суд, па ќе се докажуваат таму. Ако е крив, ќе сноси последици, ако не е...не знам што ќе се случи, не знам како иде таа процедура. Минатиот пат го тужеа, не се докажа и остана на тоа колку што знам. Читав нешто кај Апасиев, но не знам колку има точност во неговата изјава.
Сакам да кажам дека Божиќното расположение ме достигна. Имам 13 честитки за купвање и да им доцртам симболична порака на сите плус за во плико. И имам да спремам сиктер сента. Да непукните ко го забележав ова сиктер место сикрет си пукнав како меурче од смеење. Прво вакво нешто ми е, а ако нешто сакам е дека сакам да прам луѓе среќни и да подарувам персонализирани поклончиња. Уште да станам од кревет и можда ќе успеам денес да пратам честитките.
Ја гледав серијана Queen's gambit (се работи за една талентирана шахистка) и секако се воодушевив, си викам па јас вака си знам. Прогуглав на нет најчесто спомнувани термини како Сицилијанска одбрана и што ти јас знам и цела залетана си пуштив шах да играм левел про иииии ме победи во два потези. И така...
I got my heart broken. Пред куќа најдов маче, се гледа дека е мала, 6-7 м. Се заљубив од прва луѓе. Викам н ја најдов јас неа, ме најде она мене. Ми рипна во скут кога клекнав да ја погалам. Ја земав дома и вечерта оатана кај нас. И влегов у филм, ќе одам до пет шоп и ветеринар да видам штонсе треба за мачка зошто не сум чувала до сега, не знам ни кога примаат вакцини. Утредента у муабет ао мм комшијата рекол дека е негова т.е ма татко му и си ја сака назад, нема шанса да ми ја остават. Луѓе на улица е постојано, а не ја дава. Јас сакав да ја чувам внатре, на топличко, вакцинирана, прочистена, со многу љубов. Толку се разочарав, може е смешно толкава женетина за маче да се разочара ама животните ми ср слабост...
Сакам да кажам дека носам брз суд во некои ситуации. Е сега како одлучвам да носам суд? Ако некој ми речи дека е најдобра, на мравка не гази, ама никако друштво нема, само неа не ја дружеле, само неа добро не ѝ се враќало ... искрено, чекам да се лизни. Секогаш се лизга. Брзо. Ефективно. Или кога некој е „брутално искрен“. Последната ваква другарка не ми е во животот со години веќе. Три можеби. Кој број, јас не. Оти да си брутално искрен е пофин начин да речиш дека си крајно безобразен. Да речиш дека немаш валкна на јазик е само изговор, да изговор, да имаш „дозвола“ да повредиш нечии чувства. Така да вие самопрогласени бРуТаЛнО искрени, не сте. Безобразни сте. Повредвате луѓе. Егоисти сте. И тешко на тие на кои им сте во живот. И за крај. Никој не е совршен. Ни јас. Ни ти. Ни тој таму. Никој. И вервам во моите квалитети, да. Ама не сум holier than thou и никогаш нема да бидам. И то е океј. Никој не е. И бидете искрени со себе пред се и ако видите дека некој ве напаѓа за нешто или се брани од вас или ве избегнува - наивно е да се бара вина одма во тој некој без прво да се земи себеси како фактор и да се напрај една интроспектива. Особено ако ова е нешто шо се повторува, а не е инцидентно. Пишав тука нешто и за едно девојче од средно, стварно можев неа да ја земам како целосна инспирација „цел пакет“ беше ама стварно греота е на тој шо би се нафатил да чита толкаво мислење, а реално, нерелевантно. Само јас брмблам дур одам по носталгичен пат. И то е то. Thank you for coming to my TEDtalks.