Една е. Држи се до неа колку можеш. Од лицемерни и дволични луѓе можеш само лаги да добиеш. И тоа слушај, на подржувачите твои во лајкови кажи си го. А со ова што ми реплицирате сите,со вашите убедувања уште повеќе давате слика дека за вистината не сте спремни.
Бубаче, не забегувај, молим те. Какви поддржувачи, кој е неспремен за вистина, молим те. И каква вистина на форум??? Не мешај поими, жити мене.
Па ако гледаш така, ти прва ми реплицира и не си спремна да ја слушаш вистината. Само шо, јас не мислам дека ако некој ми кажи шо мисли и дека не сум во право ( како шо ТИ ја отвори твојата прва реплика кон мене, со која воопшто не се согласувам) ме напаѓа/ не ја прифаќа едната вистинска вистина или незнамшодруго или дека не се работи за некаква субјективна вистина. Се думав да не ти вратам за лажни брутални личности. Лмао, не. Едни, па исти се. Само со различни вистини па сфаќам другата страна да е идентификувана како „лажна“. И за крај, не, јас не величам никој друг и на мислењето шо ми го цитира дека божемски величам лицемери - го кажав буквално спротивното. Не чини да ја искривуваш вистината за тебе да ти одговара. Тудлс.
Затоа што секогаш ја кажувам! Ете затоа и секој сака да ја чуе. Со кого и да зборам,дал овде дал на чет сеедно ја кажувам. Никому не лицемерам,не се лигавам. Мислам доста е,сите искрени лоши,забегани,егоисти секакви,а вие дволичните светици. Пу!
Не испревртувај. Испревртувачите се полоши од сите. Која вистина? Немаше никаква вистина, ти ги направи сите искрени лоши,а најлошите добри, тоа е целата вистина. Така да, cheers
Брутално искрени се ама ако им кажеш нешто што не им се свиѓа, обавезно си безобразна,дрска и злобна Не бе не можам
Ама може и ние го кажуваме тоа што е вистина спрема нас, а ти не ја прифаќаш. Или само затоа што тоа што го велиме не се совпаѓа со твои гледишта, одма не е тоа вистина?
Јас секогаш ја прифаќам вистината, затоа што јас лично сум научена на неа,ама видов вие и другите колку ја прифативте. Жално,прежално.
Па ти ми извај од контекст реченицата. Јас само ти кажав пошто против то збораш. :3 А не ми е проблем да го прајш то со моите реченици. Јас: Ти: Единствени кои ги величев се искрени луѓе, ама кои пред се имаат емпатија. А не кои се брутално искрени или пак „лоши“, негативни, лицемерни. Така да од тука, мислењето е вадено од контекст. И имаш право да го прајш тоа само малку е смешно ако го прајш истото. едит. Од кога пречитав сфатив, ако под „тие другите кои ги величаш“ мислење на искрени луѓе тогаш извини. Грешката е моја.
Види мое е да ти посочам дека грешиш, ама смешна си кога сите искрени ги направи болни и секакви, а за другиве заштеди зборови. Не можеш тоа да го правиш, тоа е жалното. Мислам ти ми ја сфаќаш поентата ама повеќе ти одговара да испревртуваш. Толку,муабетот за мене е завршен,вие можете мајтап да терате колку сакате само тоа ви преостанува.
Пак се навраќаме на муабетот што го напишав погоре дека сметаш дека само твојата перцепција е точна и не се обидуваш да ја сфатиш другата перцепција. Сега и јас можам да речам дека и јас секогаш ја прифаќам вистината, ама ти не го прифаќаш тоа што сметам јас дека е вистина, што е жално. И сега, што испаѓа?
Која друга перцепција дека лошите се најдобри и најискрени на свет,а искрените психопати??? Таа перцепција??? Мислам
Брутално* искрени, да. Против нив ми беше мислењето. За нив бев инспирирана. Ако бев за други инспирирана, за други ќе пишев. Не искрени. За искреноста пишав многу, колку е и треба да е ценета. И само ако нешто изоставам, не значи по автоматизам дека го поддржвам, шо покасно го разјаснив пошто се спомна. Само значи дека неќев мислењето да е недочитливо.
Како не те мрзи жити се. Значи имаш став, терај си, не те тера некој да го смениш. Девојчето си има нејзин, не знам што се обидуваш да оправдаш нешто. Ако сметаш дека е исправно, што ти е гајле на форум кој што пишал.
Епа не можеш да генерилизираш дека сите се такви исто како што јас можам да посочам зошто е погрешно. Лагата кога ќе се дознае боли,ама вистината е послатка.