Леле, @buba4e89 повтроно со своите бубачки е на сцена. Не навикнавте веќе, не ви е познато и досадно? Зарем си трошите време да ги читате мислењата и да реплицирате? Еве и јас сум брутално искрена, и без емпатија го кажувам ова. И е вистина. Нели? Јеп. Жалничко е што форумов се претвори во ова, навистина. Ве некоја поконтроверзна тема само има каква таква размена на мислења, се' друго или е контрирање без врска, или улизувања. На форум, на интернет, да... и на мене не ми е јасно зошто, ама тоа е положението. П.С. Пуштам стоперица да видам колку долго ќе стои мислењето пред да се избрише. Оти е навреда де... не реалност.
Од искуство, обично кога некој за себе вели дека е брутално искрен значи дека има 0 емпатија и целта му е да навреди, или па не резонира како неговите зборови можат да влијаат, а не дека сака да им ги отвори очите на другите за нивно добро.
Мислиш дека нешто ме навреди со тоа дека фаќам сеир? Јас кажав пред 3 мислења, не го сфаќам толку озбилно форумов
Да да, а вид лицемерните ги отворате очите за нивно добро и имате 100% емпатија. Само спиј на тоа уво.
Можиш да посочиш без да прајш спредбите кои ќе те „оправдаат“ во јавното око зошто никогаш не сум ги спомнала ( делот дека величам лицемери, шо јасно нагласив дека не е тоа случај и не ојдов во детали зошто не е тоа тема за која сакав да зборам). То е се бе Бубаче. Јас не се лутам дека ми извај од контекст напишаното, ама смешно ми падна дека против тоа вадење од контекст застана зато се тегнам. Инаку негде кај „лажните“ брутално искрени ќе застанев. Јас и понатаму сметам дека твоето не е вистина и тоа е океј, како шо и ти сметаш дека моето не е вистина, пак, и тоа е океј. Али друг пат ќе збораме и за субјективна вистина, тука е прехаотично за то.
Бубаче, од МОЕ искуство.Зборувам за конкретни личности што ги познавам, не за тебе.Не се вреѓај. Патем, не постојат единствено брутална искреност и лицемерие на светот.Тоа се две крајности, има и нијанси меѓу нив.Повеќето се наоѓаме помеѓу нив, знаеш, за да функционираме колку толку нормално.
Оваа перцепција. Се мисли за секој вид на дискусија, на било која тема, во која другата личност има спротивен став од твојот. Конкретно тоа што ме прашуваш погоре јас лично не го искоментирав, зборував за твојот однос кон туѓо мислење и како го восприемаш.
Жал ми е што не си ги сретнала вистинско-бруталните искрени луѓе. Не сакам ништо да ме оправдува јас кажувам што мислам.
Еве брутално искрено да кажам, мило ми е ако насмеам некој или му помогнам некако. Да не се фалам многу, ќе се урочам. После ќе треба да ме серат кокошките.
Освен зборовите што се кажани, исто голема улога игра и начинот на кој се кажани и личноста од која се кажани.
Да,потполно се согласувам. Да беше друга членка немаше да бидат контрадикторни. Дека личност како мене пишала ги боли... Се тресат кога лицемерните ќе им забодат нож у грб.
Јас сакав да кажам дека сте души и дека многу ве сакам. Дека во две години членување имам многу позитивни промени баш поради вас. И после видов сте се закарале, па незгодно ми беше да си кажам. Сепак, изјавувам љубов на членовите на Фемина форум.
Искреноста е една од карактеристиките што најмногу ја ценам кај некој. Најмногу. Секогаш сум за некој да е искрен со мене, без разлика дали мене тоа ќе ми се допадни или не. Бидејќи и јас сум таква. Ама....има едно ама. Голема е разликата меѓу искреност и "брутално искрен". Можам да му кажам на некој: "Не треба така глуп/а еден/а, ич не размислуваш!" (брутално искрена сум, можам да не се замарам и да речам дека е океј) А исто така можам: "Размисли уште еднаш пред да донесиш одлука, мислам дека грешиш." Не тресам глупости, сум се соочила со "брутално искрени" луѓе што го користеа тоа да ја скријат нивната дволичност и расипана душа (да не се разбериме погрешно, не алудирам дека и ти @buba4e89 си таква бидејќи не те познавам). Нивната "брутална искреност" беше само една страшна манипулација, дека тие најдобро ми мислат и исто така обид да ме навредат индиректно и да се оправдаат. Бидејќи ако кажев дека тоа не ми се допаѓа испаѓав "премногу чувствителна, свилена, сум барала посебен третман, не сум можела да ја поднесам вистината". Сакам да кажам треба да се има некој филтер, чисто од култура, што пак нема да те спречи да бидиш искрена. Бруталната искреност е само синоним за навредување што можиш да го "оправдаш".
Не можам да го болдирам делот каде што велиш “глуп/а” од телефон пишувам и комплицирано ми е. Веројатно доволно знаеш дека милион членки го употребиле тој израз и таа реченица а не спаѓаат во таа група. Не можеш да генелиризаш за сите дека бруталистите се расипани,затоа што не се. Никогаш не зборувам на празно,а овде ако си контрадикторен веднаш си сожалуван и не знам ти како,не ми е битно веќе. Поентата ми беше да кажам дека не можете да правите светици од луѓе кои ви забиле нож во грб, луѓе кои ве лажеле и предале, а да правите ѓаволи од луѓе кои се брутално искрени. Има и лажно брутално искрени. Во моите 31 година имам сретнато и проживеано све и свашта, и ножеви и мечеви итн. Подобро плаши се од луѓе кои при подавање рака ти се обраќа со “душо” тие се најопасни!!! И само затоа што сум самата брутално искрена не значи дека сум расипана. Само луѓето не сакаат да ја зборуваат вистината,полесно е да се лаже.