До толку го превртев цел форум што почнав да ги читам и темите за бременост, дали го чувствувате движењето на вашето бебе? Слатка тема. Далеку поинтересна од книгиве што ме чекаат.
Најглупото прашање денес : А, бе другарка ти, што кажа? Не планираат второ дете? Не знаев што да одговорам и реков, нема шо да пратена со вашите животи па се грижите за туѓите, е зошто е велам прашањево? А, бе, оти има веќе едно, поголемо е сега, второ одделение е.. Дефинитивно мора да се бара некој предмет за фокусирање на себеси, да учат децава... Друго... Очекицавав некој да ме праша, како е мајка ти, како напредува... Слабо... Ако не свртев тема, да кажам дека имам премногу обврски, немаше никој да се сети да ме праша....
Напишав преку 20 честитки и никогаш по хајпната во животот не сум била. Не можам да дочекам да одам за дел во пошта утре, а дел да изигравам јас Дедо Мраз и да им ги однесам дома. Мислам дека симболично е да носам црвено. Хм. Ко сум на ова тема, симпатијата добил честитката за роденден, само шо ми прати слика од пликот, а јас глупото му викам: „шоеова“. Не си го познав ракописот. Ко зумирав сфатив ... али веќе се обрукав. Ама океј, рече сега се брзал, сакал рает да го отвори и дека денот му го напрајв и така, се стопив малку.
Да се маргинализира математика? И онака тоа што се учи во средно би требало да се учи во основно а ти велиш да се маргинализира. Оној кој отишол во странство на студии ќе ме сфати зошто го велам тоа. Немаме никаква основа.
СДК дека понекогаш кога длабоко ќе вдишам дим од цигара, дури ми горат градиве, мисливе непогрешливо ми одлутуваат кај тебе... И не, немој да мислиш дека замислувам иднина, таква кај што ти чекориш покрај мене, добро знам дека нема во овај живот, туку ете штознам пред очи ми излегува минатото, ама оние убавите спомени што болат повеќе... Па ќе се растропа срцево ко штотуку да оживеало, па ќе ме запечат очиве... И во тие моменти ми доаѓа сочно да те опцујам дури ме држи гласов, пошто и после цела година, напати ама само напати, проклето ми фалиш бе!
Од страна е многу лесно да се зборува, па и да се даваат совети и да се критикува. Реалноста е дека никој, никогаш не може да го почувствува товарот на туѓите проблеми.
Коментарот ми беше саркастичен во врска со маргинализирањето на историјата како предмет. Им се удоволува на соседите што не ни ја сакаат историјата, а не на децата што не ни ја сакаат математиката. Не е само тајмингот контроверзен, туку и понудениот концепт. Што бидна со ,,Историјата е учителка на животот" ??? И по каква програма ќе учат децата? Се чини ќе се учи само праисторија и ќе се скокаат сите можни револуции. Нема ништо потрагично од млад човек што не ја сфатил моќта на крикот, моќта на кренатиот глас и борбата на нешто подобро. Ако децата се иднината, ние ќе имаме стадо со овци. П.С. Чисто да бидеме на чисто... Како човек што заработува заради математиката, сигурно НЕ сум за нејзино маргинализирање. Уште тоа фали...