Претходно не сфаќаше зошто е деградирачка сликата каде мажот работеше на компјутер нели паметен, а жената зависна од него качена на рамена тој да ја носи додека плете џемперче пошто само за тоа е способна, кога им го честиташе интернационалниот ден на мажите, сега не сфаќаш зошто е деградирачки да се каже "слаб си ко пи*ка" или за тие што се храбри кога се вели "има јајца". Балкан, повеќе не ни очекувам.
Колку поедноставен живот, толку помалку беспотребни грижи.Исто така, колку повеќе замарање со глупости, толку повеќе фрустрации.
Треба да престанеме да употребуваме полови органи како асоцијација за било какви особини. Ако ме прашуваш дали поддржувам било кое од овие, одговорот е не. Ако ме прашуваш зошто се осврнав токму на овие фрази, еве зошто: Спојлер Значи женскиот полов орган толку одговарал за потценување што дури е влезен во дигитален речник на македонскиот јазик како асоцијација за страшливец, а отвори на википедија и ќе прочиташ исти описи. Машкиот полов орган си е само тоа - машки полов орган. За тоа зборувам.
Не мора ни да се раѓа за да се докаже дека сме еднакво силни како и мажите. Луѓе сме, сите еднакво силни и слаби во некои мигови.
Многу е важно тоа што сме свесни за овие жаргони, истите се навлезени кај нас под влијание на другите јазици, пример don't be a pussy - преземено од англискиот јазик во буквална смисла, не знаејќи дека pussy всушност е кратенка од pusillanimous што значи кукавички, срамежливо и слично. Во однос на фразата глуп ко к*р, тоа е од нашите браќа Срби и нажалост многу тешко би можело да се искоренат со оглен на тоа што прилично на голем број серии и филмови истите постојано се повторуваат, посебно кај нас што е потребно светлосни години да се смени некоја ситница. Ама се додека сме свесни за ова мислам дека би можеле да ги упатуваме оние кои несвесно искажуваат риволт на толку примитивен начин. Сигурна сум дека ова од дигиталниов речник би можело да се коригира доколку некој се занимава со оние кои стојат позади истото.
Годинава не славевме слава ама сепак не ме поштедија од прашањето кога ќе те мажиме тетичкааа? Животе.
Највеќе ме нервираат луѓе разочарани од животот,што се откажале од све. Љубов: Имале лоши искуства со дечко/девојка. Толку крај на светот е ,тука запира животот. Работа: Неможат по струка да најдат работа,западнале во депресија и не барале друга работа. Пријатели: Разочарани од пријателите,мислејќи дека сите луѓе се како истите тие пријатели,па се повлекуваат од останатите луѓе. Додека сватиме што сме пропуштиле од животот,мислејќи дека нема да најдеме нешто ново,нешто подобро шансите поминале,животот поминал. Касно е за све,и назад нема. Не е моја работа,како што не е ваша работа,ама вие си знаете,и јас си знам. #Dekamenemalo #paevesum
А зошто тебе да те нервира како некој решил да си го живее животот, кои одлуки ги донел или пази те молам, како се чувствува? Мене па ме нервираат луѓе што прават неповикани психоанализи на други луѓе и се расфрлаат со секакви дијагнози.
Арно некогаш пречитвам шо пишам оти на симпатијата место you poor thing, за малку ќе му пишев you poop thing.
Кој живот бре девојко? Живот во очај? Па сите сме имале лоши искуства во животот. Сите сме имале лоши денови во животот. И што? Да паднеме во стапицата на депресијата? Да ни се мотаат црни мисли во главата? Како што пишав не е моја работа. Ајде сите тогаш од камени мост да се фрламе кога ќе наидеме на првата пречка во животот,неправдите,ударите од животот. Сори што мислиш дека пишувам дијагнози. Кога животот ќе ти мава удари лежи на земја,и осудувај други зошто ти викале да станеш да се бориш. Кога ќе сватиш еден ден,борбата ќе заврши. А ти ќе бидеш голем губитник.(ништо лично) Имај убав ден.
Се надевам дека никогаш во животот нема да имаш близок контакт со "ваква" особа и згора на тоа вака да ја "тешиш".
Оваа година ќе седнам и ќе си се почастам со чаша домашна ракија ( вино не пијам ) и големо парче торта . Не се замарам дали домот ми е чист , дали ќе добијам поклон , дали ќе прославам во кафана/ресторан ... Годинава , најважно ми е сите кои ги сакам да се добро , да се живи и здрави . Ќе наздравам во нивно име и ќе го славам животот . Среќен роденден и именден , Крејзи !
Каква ти е оваа утеха и поттик за борба, полошо нешто од реченицата сите сме имале лоши искуства не постои, ниту сите имаат исти лоши искуства во животот, ниту секој е подеднакво силен за исто да се соочи со ситуациите во животот. Подобро не давајте никави совети отколку совет што уште толку ќе го доутепа човекот.
Ќе бидеш ли фер да ми објасниш што е тоа толку лошо во реченицата сите сме имале лоши искуства ? Не е морално да ми одговориш, само ако имаш 2 минути време да одвоиш да одговориш. Не гледам ниту навреда , ниту доутепување кога некој така ќе напише ---сите сме имале лоши искуства ----
Ако може и јас да одговорам. Ги минимизира чувствата и сериозноста на депресијата. Да му го кажеш тоа на депресивно лице, само му даваш знак дека не го разбираш, ниту сакаш да го разбереш. Правиш да се осеќа безвредно. Па ако наидеш на некој депресивен со суицидални мисли пошто се осеќа безвредно, таман уште тоа треба да го слушне за да му ги потврди мислите и да го турне подлабоко.