Јас го сфаќам членот, ама и ве сфаќам вас. Не можи да се осуди некоја ментална состојба и психолошка спремност зошто секој реагира различно. Ако некој имал полошо, или исто лошо или генерално дека нешто лошо му се случва на некој - не значи дека мора да трпиме, да се јачиме оти има полошо или оти на сите нешто лошо му се случва. И од тој аспект ве сфаќам вас и то беше главна причина зошто не лајкнав иако делумно се согласувам. Долу ќе напишам зошто делумно. Јади од мене кога некој се откажи после едно негативно искуство. Не за друго, оти се убедват дека нема да биди добро, дека него ништо добро не му се случва, само него го боли, само него ова му се случва, само тој нема среќа ... итн. Листата оди до бесконечност. И знајте зошто? Ретко шо од прва фаќа. Ако не ја добијам работата после едно интервју, не значи дека ќе останам невработена. Ако раскинав со дечкото не значи дека никогаш нема да најдам нов. Ако ми заби нож другарката, не значи дека никогаш нема да дам доверба на некој. Пошто животот не застанва туку постојано се менва и работи шо мислевме дека се "еднаш во живот" испаѓа да ги имаме уште мнооогу пати. И ако се откажиме, никогаш нема да ги доживееме пак. А, се е искуство. И да, тешко е да верваш пак. Тешко е да сакаш пак. Тешко е да одиш на ново интервју. Тешко е да замислиш иднина. Ама иднина постои. И ако денес нешто не знам, ќе вежбам и утре ќе го знам. Или по една недела. И ако денес сум повредена, ќе си дам време да сум пак спремна и да заздравам. Животот не завршва после еден неуспех иако личи како да завршва. Ова не е за да со сила да јачаме кога не мораме. Туку да си дајме време да сме спремни пак да се обидиме. А, ако едноставно се откажиме ради едно негативно искуство - никогаш нема да доживееме нешто шо сакаме и да бидиме среќни за тоа. Ама не можи ни со сила. Мора време да заздравиме пред да пробаме пак и форсирање можи да е само контраефективно. Thank you for listening to my TEDtalks.
Оффффф ама сум смотана, за депресија ви бил муабетот , дури сега читам погоре на што се потенцира. Јас мислев општо се однесува оти сите си имаме некакви маки у животот, затоа и не ми беше ништо чудно во тие зборови. Има други зборови кои многу повеќе погодуваат отколку тоа некој да ти рече сите сме имале лоши искуства пример: - не те бива - не си способна за некоја работа - како можат другите, па ти да не можеш И такви некои зборови кои прават да се осеќаш мизерно.
Мислам дека зависи во каков контекст е кажано. Доколку е кажано со умисла да ги омаловажи искуставата на другиот, тогаш да. Но може исто да се сподели лично искуство со ова, па да му се даде морална подршка на другиот, да види дека и други преживеале исти/слични работи и го надминале тоа.
В село кај баба стигнала честитката и поштарот му се смеел дека прва честитка после години шо стигнала, а за годинава сигурно и последна.
Па не можеш секогаш да знаеш дали некој е депресивен или не. Особено кај нас во земјава што се бутаме под тепих, пошто мора да си ок. Јас знам дека тоа не е кажано со лоша намера, ама баш поради тоа што никогаш не се знае се воздржувам од такви коментари. Не знам кој низ што поминува и како ќе му влијае.
Епа пишале веќе, а моето видување е слично, кога некој ќе го снајдат лоши работи(не мора да е тоа депресија, има милион други трагедии што се случуваат) оваа реченица звучи како "е добро де, не е страшно, не треба да се жалиш".Како некој да не ти ја разбира маката, во таа смисла. Сега, не зборам за некои минорни потешкотии, зборувам за сериозни работи...
Јас членот го разбрав во друга конотација. Во смисла дека не можеш на животот да гледаш се во црна боја, туку има и нијанси на сиво. Не зборуваше конкретно за депресија, туку со таков лајвстајл на мисли црнејци, може само да си накалемиш сериозни состојби. Поточно кажано, не треба да клечиш на горките искуства, туку треба да ја вивнеш главата во облаците и ќе видиш дека светот може да биде и розево место за живеење. Овие ситуации се всушност примарни за депресија, а не обратно. Не се јавува туку така, треба да има одредена причина. Ќе образложам токму за другарството, во смисла не постои вистинско другарство, сите ќе ти забодат нож во грб. Имам една другарка која ме труеше на секое за таа реченица, патем не е депресивна, баш напротив. Ќе кажам само, како па да не. Имам друштво со децении сме заедно, сме имале караници, сме имале лоши моменти, но секогаш сме си опростувале. Затоа што пријателите ги сметам како да ми се браќа/сестри. Има и некои кои ме разочарале максимално и сум стиснала само алт+шифт+делит, но не ја изгубив вербата во светоста на пријателството. Исто и за работата, имав многу лоши искуства со робовладетели (намерно), сега се каам што порано не ги отворив очите и што трпев секакви неправди. Сума сумарум, постот не беше пишан со цел да се анулира депресијата, туку да се пристапи на друг начин во однос на размислувањата.
Па пиша дека со такво размислување ќе паднеш во стапица на депресија. Јас не прочитав дека зборува за депресија конкретно и за особи кои патат од депресија. Не секој песимист е депресивен, и не секој оптимист не е депресивен.
Другарки од врховен ранг.. себични е мал збор. Порано не сакав да посакувам лошо на никого,но сега сакам да животот да ги донесе на она што јас сум сега,да осетат да почуствуваат. ..
2020та вистински изненади кога јадев палачинка што на мени пишува дека е со нутела и кога пробав стварно беше со нутела.
Точно,еве јас сум оптимист и патам од депресија што предизвикува биополарно однесување.Е кога ме фати,кога ме проголта тоа незнам..несвесно од стресови
Сакам да го честитам имемденот на сите кои го слават денес, нека ви е за многу години А јас отидов да си легнам да спијам
Ствар на вкус е тоа. Океј е да не ти се свиѓа. Ама многу безобразно е да пишат нутела палачинка ама со луна од витаминка да ја направат, а ти си очекувал со нутела. Во едно на широк сокак не стапнав повеќе од ко ме разочара палачинката.
Толку сум fucked up што дури и кога правам нешто од срце да израдувам некој кој ми значи, ме пука анксиозност дека ќе ме одбие и ќе ми се налути. Никаква логика нема а мене ми се претеруваат разни сценарија, иако се работи за човек што е добар. Не, нема да бидам мирна воопшто..