Ко некоја што јаде разни кремови,ќе речам дека Нутелата не е преблаг. Јок,има дааалеку поблаги. Ама ок,ствар на вкус е,секако.
Ју донт чуз депресија, депресија чузс ју. И после си ја вика другарката анксиозност, и те врзуваат за кревет. И се молиш да се разбудиш еден ден и да ја нема, зашто нели, ти викаат треба да размислуваш позитивно и ќе ја снема. И ти мислиш позитивно, а таа ти го јаде умот, животот, душата. Кога ќе пораснам сакам да живеам покрај море, секогаш да има сонце, да ми биде топло, и да не ме боли кичма. Ту ду лист, не пораснувај додека не собереш пари да купиш куќа покрај море. @tinka-mace за момент помислив дека се кравчиња, мислев индиректно ме спомнуваш
Сега ме потсети, лани во потрага по совршени новогодишни калапчиња, завршив со над 30 различни. Во нив има едно што личи на кравче/бик јас па се чудев што им е на Кинезиве во комплет од новогодишни модли ставиле крава. И цело време го одбегнував, ако годинава се решам да правам колачиња ќе направам и такви во твоја чест. Атер за новозапочнатото другарство де.
Сакав да ти речам може била година на кравата лани во кинескиот календар, ама сега видов дека 2021ва е таман ќе ти се најдат да ја обележиш и нивната нова година
Овој е најдобар. Фантазија е стварно. Само имај предвид дека штом мене ми се свиѓа, за година до две максимум, ќе го нема тука.
Спана сум 2-3 сати, не ме бива математика да размислам колку точно. И кафематот некако ко да флертова со мене...
Некогаш со сестра ми знаеме да си нарачаме фамилијарна пица и да ја смачкаме цела самите. Еднаш дур јадевме и викам "Како им стигнува олку мала пица на цело семејство, фамилијарна што се вика?" Ми вели "Па не се сите стоки ко нас." Спојлер Само за јадење зборувам во последно, и само на јадење мислам, нека ме заклучи некој некаде, аман
Полесно би било ако односите меѓу луѓето се поедноставни и ведри, да не гатаат од поглед кој можеби крие некои други грижи. Да не претеруваат со заклучоци и да има повеќе едноставност и радост.
Велат денот по утрото се познава. Ќе ме згазеше кола на пешачки, зацапав у огромно лајно и се лизгав уште едно метро, башка што кичмата крц ми направи од тоа што некој го мрзи да ми помогне до пазар да дојде со мене. Ќе идам да си легнам, не знам што е следно. Чива карма ја јадам сега?!?!?
Образовани мажи, ахх - Ќе се извалка од ѕидот бел. - На камен не се седи. Баба ми велеше "Ќе ти збора газот грчки"
Не знам како е кај вас дома,ама кај мене за да провериш дали некој има у ВЦ не тропаш па да почекаш да видиш дали ќе се огласи некој ТУКУ гаснеш светло ако некој од таму списка си знаеш дека треба да си чекаш ред.Balkan family Или можда ова е типично само за кај нас?
01.01 или ден во годината што сите болесници не го направиле здравиот премин од незрела кон зрела личност, па пресметуваат дали први да честитаат нова година или ќе чекаат зошто се полубог сесвемирски.