Ме викнаа утре на интервју од една фирма, конечно Мене ми се јавија во четвртокот, и другарка ми ми се јавува во петокот и ми вика и мене ме викнаа на истото место, 15 минути после тебе. Сега се заебаваме да ни го прават интервјуто заедно и онака веќе 20 и кусур години се дружиме. Она ќе им се жали како е избедирана во животот а ја ќе и викам ај жити се остај ме, анксиозна сум, ми лупа срцево. Распад систем сме и двете, ќе не примат сигурно а, шо викате вие
Има отворена компетиција ако се борите за едно место. А и подоцна во случај да сте си колешки. Во случај да сте за таков однос. Јас лично би сакала нешто вакво, нема другарството/познанството да биде на натпревар, а личноста со која ќе се буткам(е) напред. Ми треба здрава компетиција за се', тоа дојдов да го пишам, у моментов повеќе од секогаш. Со среќа и на двете
@Snow-Star Јас искрено би била среќна дали само она ќе влезе или двете заедно, уствари во вториов случај ќе бидам посреќна зошто ќе биде урнебес по канцеларија, ко што сме несмасни ќе спалиме нешто уште првиот ден. Забава ќе им правиме на сите. И да сме заедно, никогаш не би се натпреварувала со неа во смисол е сега јас ќе се покажувам и докажувам за да испаднам подобра од неа и да фаќам поени кај шефот. А меѓусебно да се поттикнуваме и помагаме, тоа секако. Јас искоментирав пошто смешно ми падна како не викнаа и двете во исто време на истото место, а претходно од ниедно не ни се јавуваа а убитачна комбинација сме, и плус прво работно место би ни било и на двете, затоа навивам да не примат во комбинација. Фала Сноу
Кога сме на тема депресија, немојте ич да се објаснувате. Кој/а си осетил/а си знае. Оти ќе ве вреѓаат ко што мене пред месец и кусур ме извреѓаа, па немав кај и ај во wc плачев.
@eliesaab Не ти е за лајкнување мислењево ама ич, но ти го лајкнав во знак дека те разбирам и се согласувам со тебе. Минатата зима и пролет поминував низ пекол што на никој не му го посакувам, и дури и најблиските не ме разбираа во целост. Претеруваш, си замислуваш дека ти е којзнае што, не треба да одиш на психијатар, не ти требаат тебе лекови, сама треба да си најдеш што ти е и да си го решиш проблемот и тоа е итн итн. И тука ствараш еден ѕид пред сите зошто си несфатен, се затвораш уште толку во себе и страдаш само оти немаш на кого да му се довериш и да ти помогне. Затоа тврдам дека во нашава држава, а и општо секаде уште многу треба да се подигне свеста за депресијата, анксиозноста и многу други не толку познати ментални болести за јавноста. Не е срамота да си депресивен и да одиш на психолог/психијатар, срамота е некој да те омаловажува заради истото. Те вреѓале бе... Се изнервирав страшно. Те молам не се осврнувај на такви коментари, биди силна и барај ја помошта на вистинските места.
@blueeparadise да, јас побарав помош. Но од вреѓањето ќе подлегнав на нешто повеќе. Јас пробав да си ја објаснам ситуацијата и не добив ништо освен навреди. Јас не посакувам никој да се најде во таква ситуација, ниту пак некому да му се врати со исто. Само се надоврзав дека не сите можат да имаат разбирање ако реално се отвори човек за тоа како всушност се осеќа и што всушност се случува внатре во него. Едит: ден-два подоцна ќе настрадав во сообраќајка. Буквално чекав на тротоар и двете коли не се судрија, но едниот сврти баш на местото каде стоев. До милиметар закочи до мене. Бев као wtf ќе живеам бре. Ми се живее.
Се согласувам со Блу дека не е срамота да посетиш стручно лице. И јас се имам борено со депресија и анксиозност и многу добро те разбирам. Дури имав и неуспешни обиди за самоубиство. Ова никому не го посакувам. Не сме ние виновни што живееме во општество со ограничени сфаќања, т.е. луѓето во Македонија, па и на цел Балкан мислат дека не постои депресија, туку мрза. Дури и вицови имам прочитано за тоа, а и дека порано не ти требало психолог/психијатар, туку само неколку шлаканици и психата ќе ти се разбистрела. Јас не зборував многу за тоа затоа што немав кому да се доверам, а и не сакам да ме сожалуваат. Не е срамота да посетиш стручно лице, срамота е да се потценува опасноста на менталните болести.
@Ahoy ако не напрајш финиш со одбројување , со гифој со огномети, со сФе, пиши пропало. Точно е дека тој што не осетил на своја кожа не можи да ја разбери ни анксиозноста, ни депресијата, ни паничните напади ама па зато можиме да сме малце поемпатични и малце пољубезни едни спрема други. Да пружиме рака иако не разбираме сосема низ што поминува личноста. И за крај, не знам како е можно бе, ама кога и да се сликам во група, секогаш ама баш секогаш ја постираат сликата кај што сум безмалку како пред "мозочен удар". Карма ли е, што ли е? П.С Дали луѓето одбираат да се атеисти пошто е тешко да веруваш во нешто што никогаш не си го видел?
Те разбирам. Јас на секоја изгледам ко лепак да сум шмркала. Најубаво кеса на глава да си ставам за фотки, јбг.
Станот на глава го превртувам додека ги нема "цимерите". Или ќе полудат кога ке се вратат , или ќе збеснат
Сакам да кажам дека иднината е cruelty free. Каде секој има право на интегритет и заштита. Каде никој не прави ништо лошо ако изборот свој не повредва некој друг. Некогаш седам и се прашвам дали очилата ми се розови и можеби. Не негирам. Ама во исто време сакам да вервам дека то шо сме сите заедно испреплетени во една мрежа како шо знај да го извај најлошото од нас, знај и да го извај најдоброто. Зошто на крај на ден зборуваме со многу луѓе, длабиме на многу теми и резултат на тоа е личен раст. И така одбираме ... Да не повредуваме. Никој. Ништо. Емпатични суштества кој се тука да поддржат сите околу себе, за се што ги прави среќни. Оти на крај на ден ние сме нашите избори и немаме право да успориме туѓо право на избор ако то право на избор не носи никаква штета. И ако пристапиме кон соговорникот со почит зошто сфаќаме дека изборите наши не се штетни - можиме на да се разбериме меѓусебе иако не го делиме истото гледиште. И лично, ептен ми се допаѓа таква иднина Од тука, сакам да вервам дека иднината е cruelty free и многу индивидуализирана. We stan individuality. We stan empathy. И за шо мислевте дека ова е градење? Па пингвинчињата во зоолошка ме инспирираа и сега надолу ќе има еден долг рант на се шо ме мачи. На неќење стигнавте на рант. Со среќа. Сериозно. Долго ќе биди. Као ... Сега е време да се откажите од читање, добра сум и зато ви кажвам пошто осеќам нешто внатре во мене да ми олесни се шо ми лежи на душа. Спојлер: Зоолошки И јас многу одамна бев фан на зоолошки. И вервам дека негде во бел свет има убави зоолошки ама тоа не е оправдување да продолжат да опстојуваат. Заради наше задоволство многу страда светот, и не треба да продолжи да страда само зошто ние сАкАмЕ дА вИдИмЕ нешто. И шо ќе постигнам во животот да видам поробен пингвин? Н и ш т о. Прв пат уствари застанав против зоолошките кога во ова нашата бедната зоолошка во моја сакана Битола влегов, 2018 ли беше. Не знам. Ојдов летно време. Во најжешкото пошто тогаш со сега бившиот го земавме брачед му мал да го прошетаме. И се качивме горе, седевме под сенки во тек на ден и ајде во зоолошка, оти да не? И до ден денес ме мачи то шо го видов. До ден денс. Пред се мечката. Шо немаше вода и го гушкаше ѕидот за да се лади. Ама ајде ќе речиш, не се сите зоолошки како оваа, така? Ама шо се? Затвор. Кога на човек ограничваме движењето е кога е опасност на околината или како рехабилитација, а која казна ја плаќаат животните? Таму се за забава на луѓето. Некои се раѓаат во затвор. Не знат за подобар живот и тоа е толку многу болно. Дел, земени се од слобода и мачени до последниот ден од нивниот живот. И некој ќе речи, ама ништо не му прат затворени, како мачени? Па самото ограничвање е мачење. Инаку обожавам пингвини. Абе бубрег би дала сите видови пингвини да ги гледам и да ги гушнам. Ама не, нема да одам во зоолошка и да плаќам за да ги гледам поробени. Не. И мислам ова зато ме тригерна. Пред се оти се пингвини, па дури следно дека се општо животни во зоолошка поробени. Сега шо не сме во изолација ама пак сме малку ограничени сите ментално не уби. Замислете како е цел живот да ви се заснова на то да сте изолирани од други од твој вид. Од природата. Од слободата. И многу често кога зборам на темава, ми викаат: „ама што ако видот изумри?“ и ако има нешто шо мора сите да сфатиме е ... то се случва. Многу повеќе видови од што крепи сега планетава се изумрени. И од овие сега, сите ќе изумриме и ќе има нови во иднина. Не можиме ние против силата на природата. Пошто јас да сум последен човек, радо би да умрам слободна него некој да ме пороби и да ме гледа така дур умрам. И сите сме поврзани и сите се крепиме меѓусебе. Тоа е убавината на природата и биодиверзитетот. Спојлер: Екологија и заштита на околината Нешто многу често од сите се зборува е дека надвор е загадено. Воздухот не е чист. Кантите се растурени. Има ѓубре на секаде. Па ... од кај мислите дека иди тоа ѓубре? Од кој мислите дека иди тоа загадување? Па од човекот. Не секогаш просечниот човек, многу често од самите фабрики, ама сепак. Зад нив стои човекот. Главниот виновник за се шо ни се случува. Али само зошто фАбРиКиТе Се КрИвИ и не ме сфаќајте грешно - се криви, не значи дека нашите промени се незначајни и дека и како поединци можиме да направиме промени кои се за доброто на сите. И можеби ние, оваа генерација, нема да сетиме никакви промени ама тие после нас ќе сетат - децата, внуците, правнуците. Не можам да се опуштам ако знам дека утре мое дете ќе страда ради изборите кои ги прам јас. Или внуче. И ако сите напрајме мала промена - тоа носи до chain reaction на поголеми промени и заедно ќе пополнуваме делчиња од слагалица зошто само заедно можиме да ја наредиме. И не е тешко. Со работи кои можиш да ги користиш постојано - правиш инвестиција и после нема зошто да даваш пари. Со самото наше загадување за уништува природата, се нарушува биодиверзитетот, а внатре се е поврзано. Ние уништуваме едно нешто, ама со негово уништување се погубуваат уште низа работи, едно, па друго, па трето. Али ајде, ќе ја остам сликата и ќе знајте шо сакам да кажам. Се поќе сеќавам како реалноста ми се менва и перцепцијата и колку и да велам дека не сфаќам луѓе кои живеат и веруваат во спротивното од моето - навистина, сфаќам. Се е перцепција. Вистината има многу страни и е премногу субјективна. Ама за то - друг пат. Нека е ова со должина на семинарска, не мора да е со должина на дипломска. И овој пат решив да зборам само од природниот аспект и важноста на природата и животните, ама имав напишано и нешто за општествени норми шо си копирав на ворд зошто некако не ми се поклопваше со цел вајб на мислењето. Општеството кое го гледам како иднина, сакам да видам среќни луѓе. Луѓе кои нема да се ограничени од еден калап кој му предизвикува само несреќа туку имаат слобода да го изразат својот индивидуализам се додека не повредуваат никој друг. Само таму е линијата. Со изразување на себеси се намалуваат општествените и психолошки стеги и имаме посреќни, поисполнети луѓе и едно шарено општество полно со емпатија и љубов. И да, знам дека можеби и нема да сум жива да го видам ова, а и веројатно дека е некоја фантазија каде носам розови наочари ама не ми е гајле. Сакам да вервам дека ќе се исполни зошто така ми дава мотивација уште поќе да се носам до тоа во кое верувам. Ако порано ме прашавте кое ми е мото, секогаш ќе кажев нешто башка ама сега знам точно да кажам. Стремеж кон општество без насислтво и полно со емпатија, каде не повредуваш други живи суштества. Границата е таму, се друго е само зрак на индивидуализам. А, колку се поразлични - толку е поинтересно. И то е то. Ставив спојлер оти имам малку од малку осет. Ок лага. Да имав осет немаше да е толку долго.
Јас: си наоѓам симпатија од странција и зимава се дог да иди пошто доби мејл за вакцина и знајш тирековмирече Мојата среќа годинава: https://sitel.com.mk/i-makedonija-se-zatvora-za-patnici-od-anglija-po-novata-mutacija-na-kovid-19