Некои денови сум океј, некои денови лежам и размислувам до кај се со животот машките од темата за најужасен состанок (https://forum.femina.mk/threads/Најужасен-состанок.1092/), и тоа од постовите од пред седум осум години.
Или кога ќе ти текне дека можеби некој моментален дечко на некоја феминка е оној за кој се збори во некоја прича во темата.
Песнава од Лоба- Херој онака ме убива. Убива кога навистина некого никогаш повеќе нема да го видиш, гушнеш. Не можам да се помирам. Само болка и празнина, додека сум жива. 8 месеци поминаа ама...не, времето не лечи ништо, само повеќе боли
Инфлуенсерки у покушај, доста си ги малтретирате децата. Не е ни симпатично. Сите можни идеи од Пинтерест за фотосесија ... не е ни креативно. Сите блузи со ирваси, дете у куфер, дете до куфер, дете со тикви, дете у карирано, стапалата со и без дете, дете у дедомразовски мотив. Како може да сте толку ангажирани и опседнати со глупости?
Следен пат пред да си ги сликаме сопствените деца за убави фотографии кои ќе ни се спомен за цел живот прво тебе и загрижените како тебе ќе ги прашаме дали да ги облечеме во блуза со ирвас и дали позадината на сликата да е новодишна со елката или не. Има нешто на форумов што не им смета на луѓето се прашувам? За се се плука, немате свој живот изгледа.
А тебе требаше да те прашаме дали да имаме мислење за нешто? Тоа што тебе не ти е убаво, некому не е. А спомените ако навистина е така, ќе бидат интимни. Не е проблемот сликата, колку вашиот мотив и опсесија за внимание. Сори, децата не се кукли.
Читам на некои портали ' The STORM is coming ' имаат ваква слична слика со USA знаме. Оваа реална слика е?
На крајот на 2019 не памтам дали замислив некоја посебна желба, обично секогаш желбата ми е да имам здравје, мир и среќа јас и моето семејство ама ете иако не замислив во 00:00 сигурно сум посакувала. Дипломирав и се вработив оваа година, со здравјето делумно добро, затоа во 2021 ќе си посакам пак истото многу, многу, здравје и среќни моменти, мир душевен, хармонија и енергија за да си ги остварам и останатите желби! (имам и некои во себе што си ги кажав ама ќе видам ете за една година дали ќе ми се исполнат). подранив малце знам ама ете така пред спиење ми дојде да си кажам
Нема полошо од тоа да те фати носталгија вака во каснии саати и тоа во доба на корона.А пред заспивање демек бев..
Ептен ме нервираат луѓе што по 6-7 пати во муабет ти поставуваат исто прашање, на кое си им одговорил уште првиот пат. Буквално еден муабет ист го вртат 40 минути Која е поентата, да те умрат од прашување додека не им одговориш КАКО ШТО ИМ ОДГОВАРА???
Мајка моја видела како маалски миленик (пит бул) го лаат глутница кучиња, го земала и бегала со него (а повредени и се нозете) да не го нападнат и го донела на сигурно. Не знам дали да ја гушнам или да и се изнавикам.