Остави ти тоа, во војна (избори) нема правила. Мислиш не препознавме дека тоа ти е само дел од тактиката демек да ја поддржуваш додека стекнеш повеќе гласови и потоа да ја шутнеш? Провидно е, затоа и ја советувавме да не прави коалиција . (Се најде корист, т.е. поука и од нашата политика )
До кога темата На крцкање кај Туран на моменти ќе ме сепне оти првичната мисла на многу поинакво нешто ме асоцира... Tell me I'm not the only one.
Абе не сте нормални мислев и се десило нешто на @theowndemon Боже ме сачувај Скролам,вртам,барам оно за друго било. Ајде,ајде Среќна Нова Година на сите
Ко кафана си со сликите Уште да напишиш за само 2000 денари и мени со пирошка. Прво си реков шо одбројува кога ништо нема да се смени освен бројот на годината, ама после 10 слики и надеж и еуфорија ми даде.
Верувајте дека ќе се смени, за да се смени Ок, Ронда Бирн entered the chat Шала на страна, 2020 и како бројка ми е доволно да ја снема... година во која не видов море не е година за мене А ќе видам во 2021, сигурен сум За само 7 дена добивате Нова Година, не ја пропуштајте оваа одлична понуда со ограничени количини кои секојдневно се намалуваат
Во новава година ќе посакам барем малку од малку да почнеме да се цениме повеќе ние жениве. Намерно велам малку, чисто да мрднеме од мртва точка, наеднаш и да сакаме нема да биде, друга е реалноста. Да знаеме кога да заминеме кога веќе нема почит од било чија страна и кога таа страна не спушта на мизерно ниво. Да знаеме да кренеме глас кога било кој зборува против нас, нашиот карактер и нашите постапки со цел да омаловажи. Да станеме посвесни дека и ние имаме свое место во општеството. Да знаеме кога да престанеме со труд до степен на себепогазување кога очигледно не е ценето ова. Што сѐ не прочитав во темиве. И искрено се надевам дека полека ова ќе почне да се исполнува. Жално е до која ситуација се доведуваат одредени личности поради намалена самодоверба и манипулации од нечија страна.
СДК сите што ми кењате по животов, да си се удавите во своите лајненца. Со вас или без вас, по мое ќе биде. Секогаш е Дур се замарате кој што прави, де почистете си дома, во своите души. Нешто е гнило чим наоколу сите ви смрдат. Да не сте вие?
Ц ц ц што ти стана бе ? Кој ли те има изнервирано ? Пак ли се каравте ? Туууу сум пропуштила да фаќам сеир. Тоа е ко се засрав со Северна Кореја , место да си манијачам ко човек. Каме, дај малку позитивна енергија бе девојче, празници се , зарем се нервираш од коментари од форумот ? Ете издржи уште последните денови , може ќе те изгласаат за форумџика на годината и ќе си свиркаш. Ајде позитива за да не ги збуниш гласачите. П.С. Те цитирав оти ми падна чудно, обично ти не пишуваш во оваа тема , посебно вакво нервозно понашање од твоја страна скроз ме изненади ,не беше ваква, те знам за трпелива, барем ти се контролираш. Сега да ве читам, што ли се има издешавано у меѓувреме за вака да се понаша Камелија , хммм
Ахааааа, епа добро . Дупло ме збуни оти коментарот ти е пишан во СДК, тука во оваа тема е дозволено цитирање ,да беше нешто ептен приватно во другата со забрането цитирање обично пишуваат членовите. Не сум у тек, цела сум поспана, а обично вакви коментари читам ко има карање на форумот. Да си продолжам со манијачењето сега