Си одам јас дома, така улетана (како што би рекол дечко ми) и го гледам татко ми седнал на лаптопот. -Шо правиш бе тато? Ееј, не се чепкај таму, ќе ми расипеш нешто. -Е да бе. Ти ќерко татко ти шо го мислиш мори? Јас сум образован чоек. Тој да фане да си симне некоја игра со барбики и фризури му праве. Во еден момент си помислив дека си ги смениле годините и полот со сестра ми.
Не можам да разберам човек што дозволува секој да му смени мислење, став, што не стои цврсто на своето. Човек има или нема цврст карактер, тоа не се стекнува.
^ Тие не покажуваат за бојата на крвта, туку како и на сите реклами поврзани со слични производи, го покажуваат дејството на апсорбирање. А не, замисли навистина да ставеа црвена течност, ептен сликовито ќе го направеа и тогаш на што ќе личеше?
Сакам да кажам пошо мора на некој да кажам, ако не кажам ќе експлодирам! Сонував пред некој ден еден тип што во реалноста постои, ама лично не го познавам, нити па имам некаков контакт со него. Чинам и дека немаме ни заеднички познаници. И не знам како и што се десило со мене, ама кога се разбудив се осеќав како да сум го нашла човекот на мојот живот, мојот принц на бел коњ!!! Само како што ми мириса работава ни со коњот немам шанса да се запознаам... „Ах, Фериде, ах...“ хаха
A woman's heart is a deep ocean of secrets. Период во кој некои работи ми е страв да ги кажам гласно, макар и да нема никој околу мене. Не не... дури ни во глава, како мисла прелетана не е убава. Нешто не е добро, не е убава работа, но со љубов ја правам. Знаете како....кога некој пуши цигара и до пола ја остава, малце ја протрива колку да ја подзгасне за после да може да ја допуши. Кога нема ужежен тутун напред да гори, туку има само мало тлеење од врвот. И така си стои, си тлее, малце по малце си исчадува....така ми е на душава. Така си го осекам срцето. Тлее.... Полека и мачно ме тишти, ме гмече и измачува чуството на двоумење, несигурност, неодлучност. Период на врзани раце и ограниченост во изборот на постапки. Кој пат да се одбере? М? Како знаете кој пат да го одберете? Гледате себично во личните интереси? Гледате и чуствувате и мислите ? Само чуствувате? Со ладна глава? А што со надежите? А што е со зборот ‘можеби утре‘ ? А што е со другите? И другите луѓе чуствуваат, мислат, се грижат, планираат, се надеваат ... Каде? Лево или десно?
Те засакав.... не те ни познавам доволно, но знам дека те сакам. Мене ми е многу тешко да засакам некого, не знам ни дали воопшто некогаш сум била заљубена, но тебе те сакам! Не, не е само да те посакувам, не е страст, не е минливо.... кога ќе те видам, кога ќе те слушнам, твоите движења, твоите мисли, твоите зборови, твојот поглед, твоите ставови... сакам се... а ти немаш појма за тоа... и сево ова ми создава некаква болка во душата, не знам што да направам...
СДК дека луѓето не се толку лоши.... , не е дека сакат да видат во лошо....едноставно не сакат да гледат во убаво.... Нажалост.
Аха, и на рекламата за памперс: Good morning, good mooorniiing... Сите се будат наспани, бебето се смее, радости на сите страни....Се најубаво за пелените, ама ако ми овозможат со мало бебе да бидам одморена, оно да се буди исто наспано и весело, ке се претплатам уште сега и ке му ги ставам за спиење до кога можат да го соберат.
А болка ко болка, засекогаш ќе си остане во срцево, колку и да ме гризе одвнатре, колку и да сакам да заборавам. Колку и да се обидувам да го игнорирам нејзиниот повик таа ќе ме потсетува на неостварена љубов, на мокра перница и тажни песни. Таа ќе ме потсетува на крај, ќе ме потсетува на него… Ме боли тоа што гордоста беше таа која секогаш уништуваше се. Ме боли тоа што не можам да го заборавам, што не можам да престанам да го сакам. А, знаете, во животот само еднаш се чувствува она необјасниво скокоткање во стомакот, само еднаш се љуби вистински. Да, само еднаш, но боли засекогаш.
Ме плаши колку многу се шири огорченоста помеѓу луѓето, како да е некоја заразна болест. Ретко се наоѓа човек,кој може да ги насмее луѓето. Им недостасувале пари. Тогаш се враќам неколку децении наназад.Зарем тогаш бевме побогати од денес? Колку сме се радувале на само две програми на МТВ. На еден нов пар фармерки,на оние влечки од чик Куманово. на една обична мала чоколадка со животинско царство,дури и на миризлива палома. Еден обичен ластик од неколку метра, колку само радост и смеа донесуваше. Се собиравме навечер цело маало како едно големо семејство.Додека децата си играа, возрасните делеа лошо и добро. Потребни сме си едни на други.Осеменоста не носи ништо добро. Човек може да повреди човек , но исто и да му помогне.
...Си опцув прееска фино лепо на каса у еден маркет.Погледот на продавачката беше прајслес,а ја после сфатив шо кажав и дека беше ненамерно. Абе Свит,главо празна
Кај им е културата на продавачите? Влегувам во продавница кажувам добар ден, не ми возвраќа. Излегувам, кажувам пријатно, исто не ми возвраќа. А пак ако не им кажеш веднаш почнуваат да зборат дека не си ги испочитувал.Сепак тоа е само една нивна култура, а јас и понатаму ќе си поздравувам безразлика дека ќе ми возвратат или не.
Ех сега па, не се сите празноглави како таа што го поставила тоа прашање И тие деца, додека им дојде, aко не друго, и во школо, а кај и да е, ќе се пресечат некогаш, и секако ќе знаат дека крвта не е сина Паметни се децата
Селаните не поздравуваа со Добредојдовте,а еден постар брачен пар на чардакот ни понуди домашни печени колачиња,патем јас потајно додека ги јадев колачињата посакав да љубам и да бидам љубена така и после многу години минати.Таму некаде зад многу планини лежи скриено едно волшебо место. Гушкајќи го јас знаев дека мојата среќа е како светулка во ноќта,силно свети во мракот а јас и се насмевмнувам со душата.И танцувам на тие бескрајни полиња мирисам на сто различни светови. А имаше светулки во нашиот двор и по тие друмови. И се уште има.