Сдк дека многу се израдував посабајлечки. Една од најблиските виртуелни друшки од овде конечно УСПЕА во својата мисија!!! Немаш престава колку ми е драго. Ми даде неизмерна сила!!! Фала ти од срце што сподели со мене таква убаба вест. Ју мејк мај деј Бидете живи и здрави
Ама јас сакам да ме стани, не да ме галка. Ама за се друго е гласен АХАХХАХАХХАА до толку шо кога брат ми е на час се мјутнува оти татко ми џвака прегласно. Па тогаш сака да збора. Еднаш одговараше брат ми и не смееше да збораме дома и татко ми дишеше ПРЕгласно. Онака пушта воздишка и диши длабоко и гласно. Мене смеа ме фаќа оти не можи тивок да е. Ужас. Ама кога треба да разбуди некој иди тивко ти вели ај стани и си оди иако ти уште... Спиеш. Тој неговото важно си напрај.
Чувството кога седиш така замислена, а синчето ќе дојде, ќе те прегрне и ќе си легне на тебе. Има само година и пол. Неопишлива љубов❤ Ти си ми све мене малечок
Се заслушав бугарска музика... Слушајте... Не знаеш дали пее Турчин, или Бугарин, или Србин, или Македонец, дали Грк... Уште ја правиме заедничката историја, и во исто време се противиме на истата? Не можам да разберам зошто толку голем отпор има од сите балканци кон таа заедничката историја? Зошто? Зошто да не уживаме во она кое не обединува и она што е дел од нас? И со комшијата делиме историја Заедно чекавме асфалт да ни турат на приодот... Заедно го уредувавме дворот пред зграда.... И наш е... Нема ништо лошо во тоа што е наш ... заеднички
Хаха , мислиш бугарската фора за заедничка историја е добронамерна?? Нот рили. Си имаа тие порано Сан Стафанска Бугарија која ја вклучуваше скоро цела Македонија, договорено со Отоманското царство Исто као Косоварите што сакаат голема Албанија, исто како што Грците никогаш нема да признаат дека Солун бил во рамки на Македонија. Ако ти зад ова гледаш добри , чесни намери , сичко сме едно, супер. Ама ниту сме едно, ниту некогаш биле исправени неправдите кон македонскиот народ направени од соседите. За време на балканските и светските војни. Него, СДК, ако се погоди виното, не е битно сирењето и смоквите и оревите
Па и за нив зборам... и за сите Балканци. Не се бега од минатото... Работата е дали ќе научиме нешто паметно од него или ќе ги повторуваме истите грешки?
Ги повторуваме истите грешки. Ниту ветото на Грција порано, ниту на Бугарија сега, имаат смисла, ама ете тие се во подобра позиција од нас, па им проаѓа , како членки на ЕУ кон која Македонија стреми. Јас или ти во принцип не ни имаме кого да гласаме ( јас секако набрзо губам право на глас , кој не го ни користев откога овде живеам, оти морав да се откажам од државјанството, овде за двојно критериумите се многу исклучиви, и секако, о колку предавнички, ја одбрав новата дома ), значи не ни имавме опции, се знаеше дека ке мора компромис на штета на мк, и тоа се голтна, но ова е веќе изживување што го прават "браќата" . Фак дем.
Се согласувам дека се безобразни. Националисти има во секоја држава.. и кога ќе велам не чини тоа што конзервативизмот зема замав на политичката сцена, и ова спаѓа во тоа. Баш тоа ми е поентата... не ми е јасно, зошто да не прифатиме дека нешто е на сите, нешто е специфично за одредена држава, и тоа е - тоа. Некни гледав документарец за мидивл Англија. Кралското семејство им потекнува од француска лоза. Ричард Лавовско Срце, искучиво француски зборувал, ворочем и на дворот се зборувало на француски. Од понова историја, Германија беше опозит сите, смртен непријател на Франција...па баш Германија го воспостави зачетокот на ЕУ, заедно со Франција. Со потпишувањето на договорт за заедничка контролата и регулација на резервите, ископите, транспортот и продажбата на јагленот и челикот. Сите можат да научат нешто паметно, само балканците имаат потреба да се тегнат и пренамагаат до недоглед.
Оној кој може да отвори чоколадо, да изеде само 1 или 2 коцки, да го затвори пак и остави за утре е психопат. Точка.
Ах, очигледно на форумов не си наишла на темите за дебелина каде што жените со вишок килограми ги убедуваат дека се несреќни и депресивни и дека лажат и покрај тоа што самата членка пишува дека се осеќа добро во свое тело. Прочитај баш, онака да се изначудиш какви луѓе има.
Сите кралски европски семејства се поврзани меѓу себе роднински со бракови низ вековите или со кумства, но тоа го правеле заради воени сојузи и екапанзија , не ради космополитизам. Па по 10 или 20 години ќе се свртеле кон противникот, иако керка "дале"кај "новиот" непријател. Не се европјаните во ЕУ попаметни од европјаните надвор од неа, во IQ, само подобро избирале водачи, имале повеќе ресурси и колонии чак , па собрале богатства и развивале наука и култура.
Може е злобно ама не планирам да дадам нешто во кое сум вложила мноогу труд и време туку така на било кого за слободно да си го користи. Помош-да, ама со граница, не може сѐ на готово.
Сум наишла, како не... Ова дека е најново, па затоа го постирав. Луѓето на Месечината се качија, а ние сè уште сме си во пештерата.
+1 Зато јас купвам мали чоколатца оти ако отворам цело го јадам наеднаш. И сите мали ги јадам наеднаш и вредат колку за едно цело големо ама помалку важно е то.