Зошто се пронаоѓам толку . Читав дека за да не купуваш непотребни работи во маркет, најдобро е да одиш најаден. И функционира, ама што ако сум јадела нешто солено, па после в маркет ми се пријаде благо ? А бе сѐ тоа убаво, ако не јадете вие, повеќе за нас ќе има, ама... Кој ќе ни ја земе тогаш килажата?
Били,лол... @Billy Idol , @theowndemon , @pdb123 Да ве научам јас на мојот лимит (знаете ради што ми е воведен). Не е тешко да се изедат само неколку коцки.Земаш 2 или 4 коцки,а остатокот од чоколадото го даваш на други или го ставаш на скришно место.Пиеш сок или џвакаш мастика(апла да лути),па пушташ музика или филм/серија и пушташ мозок на пасење.
Ова функционира само ако јас не го ставам на скришно место, оти тогаш нема да е скриено од мене . Ко за зависност од дрога да зборуваме, толкаво е нивото на самоконтрола . Додуша, нели шеќерот некое слично дејство има врз нас, така што...
^ Во животот еден статус имам напишано на Фејсбук, пред 100 години. За чоколадо беше нешто во смисла - Самоконтрола е да отвориш чоколадо, а да изедиш само една коцка. Јас самоконтрола немам. Дома купваме чоколада од 300 грама. И кога ќе се отвори го делиме на четири еднакви дела, да има за сите исто. Мајка ми и сестра ми нема ни да пробат, татко ми ќе изеди некоја коцка и погодете шо? Цело останва за мене. Ова ви го пишам за утеха, јадам 250 грама чоколадо сама за еден ден. Ама не се жалам, нека продолжат да не јадат. Пардон мај битолски.
Ама како беше она ... Прв чекор да се реши проблемот е да се признај дека постои. Така да ... Здраво, јас сум Демон и сум зависник.
Да си отвориме една тема за поддршка за сите кои јадат чоколадо прекумерно и да си постираме кој што благо јадел денес Па тука се тешиме: ама не е ништо тоа, види јас колку јадев денес... Ама пак да не испадне ко натпревар Слошување и чоколадо не одат во иста реченица кај мене .
Да не биде во иста просторија со тебе.Некаде под куп ствари. Знаеш како викаат,подалеку од очи,подалеку од срце,а за ова и од памет.
Не. Ама јас многу ретко го јадам. Од крај на лето немам јадено чоколадо, чоколадо. Некои чоколадни бомбони, торти, такви работи да, ама вака да купам чоколадо немам од тогаш. Не ми е проблем да не отворам. Проблем ми е ако отворам да престанам на пола.
Да. Сум за support група. @pdb123 отвори да се пожалам шо јадов денес. Додуша денес сум пред лаптоп имам предавања и само то шо ќе ми фрлат пред врата јадам. Денес добра сум. Само две парчиња благо од јаболко и три парчиња со ореви. И едно пакетче суво грозје.
Јас 2, 3 дена со ред јадам ама една иста е, по 1 ред на ден. Ама обично сакам да ја оставам така отворена другиот ден малку растопена за со какао...мераци. Имам cravings, ама реално знам да се самоконтролирам. Самo планови за купување skincare поголеми и ќе се намалат плановите за купување чоколади.
Support group за нејадење благо? Соу каунт ми ин. Вчера уз пролаз спомнав на тато ако постои апче за откажување благо, да ми земе. Погодете што ми одговори? На мене нема да делува. I pick my poison and it's БЛАГО. 200гр. чоколада, бич плиз, за 5 мин ќе го снема ако е на дофат. И може нешто плус да се додаде. Во идеален свет, би јадела само благо (од чоколада) и сите нутритиенти би ги добивала од него. Ама њама. Единствено кога не јадам благо, е кога немам со себе, ме мрзи да одам да купам и не ми се даваат пари баш за тоа. Гес уат? Никогаш не ме мрзи да отидам по благо, и во него секогаш инвестирам средства. Мош изборни кампањи терате, али јас секако гласав уште првиот ден. Вака само си кажувам.
Досега другарите само еднаш ме изненадија пред неколку години кога ми дојдоа на полноќ за роденден. Во 00.00 ми се јавија да излезам, а тие беа застанати до порта и доаѓаа кон мене. Една држи тортa со свеќичка, една поклони, други пејат хепи брдеј, комшии ѕиркаат од прозор што се дешава. Се изненадив и не знаев како да реагирам. Знам седнавме во двор, им давав сок, па ми се истури, се сопнав по темница...Цела бев збркана и среќна во исто време. А па дечко ми неколку пати ме има изненадено. И на неговите изненадувања не знам да реагирам. И ми годи и сум возбудена и сакам и неќам. Не знам како се осеќам во врска со изнеандувања. Не сум сигурна дали ги сакам, но знам дека сакам да им приредувам изненадувања на блиски кои со сигурност знам дека уживаат. Еве сега доаѓаат празнци, родендени, па купив поклони и едвај чекам да им ги видам фаците кога ќе отворат какво изненадување ги чека. Она кога бираш грижливо поклони, ги пакуваш со љубов и 100% знаеш дека ќе им се свиди. Нешто за кое мечтаеле и зборувале долго време или на креативен начин им соопштуваш изненадна убава вест. Се надевам ќе се израдуваат.
Сдк т.е сакам да прашам нешто. @theowndemon има ли шанса да си купам некоја слика од тебе? Сериозно прашувам. Не ми се верува што све видов Браво!!!!