Сдк 1 - дека @Ahoy бадијала брои денови кога не сме психички спремни за коложег. Нема подолг....месец. Сдк 2 - Секогаш кога доаѓа крајот на една врска најмачниот дел ми е кога треба одново се' да градиш со друг. Запознавања, па исти муабети, исти грешки на почеток, исти проблеми и објаснувања. @theowndemon ми ја врати желбата за пеперутки во стомакот. Ми фали то чувство. Ама онака како кога бевме деца. Со срамежливост, со искреност, со верба дека ова е то вистинското, без страв од која страна ќе те зафркнат, без сомнеж дали ќе бидиш искористен и пак повреден.
Не знам за твојата ама јас чекам компирот да се лади за мојата. И кифлички имам. Мене НГ ми е. Ти број.
Дм: Што сакаш да ти донеси дедо мраз за нова година? Јас: Peace of mind би ми требало. Дм: Пис? Не беше пис мочка? Мочка на умот? И така чоеков успеа да ме насмее прв пат денеска. :")
А во која книга пишува беЗкорисТно? Јас па не можам да разберам луѓе што знаат да критикуваат други, а не го знаат одговорот на прашање со заокружување по македонски за петто одделение. Ништо лично, ми падна во очи.
Нова измама се шири, праќаат СМС пораки дека имаш заостанат долг и ќе ти биде блокирана сметката за саат-два од примањето на пораката, па барата уплата да им пратиш на вибер. Не наседнувајте!!!
Да, бидејќи знаењето за едначење на согласки по звучност е многу голем доказ за нечија едуцираност, памет и напредок. Мхм.
“Четиво“ за сите: 12 Angry Man (1957) A jury holdout attempts to prevent a miscarriage of justice by forcing his colleagues to reconsider the evidence. После ќе отвориме засебна тема и ќе го дебатираме.
А книгата? Дај прочитај ја па целосно да продискутираме, на сите страни. Да видиме кои дијалози од книгата идат, кои од филмот... Да ја продлабочиме дискусијата.
Не ветувам ништо, ама ќе се потрудам. Имам проблем... заспивам кога читам книги. 100 имам почнато последнава година, и сите ми се до кај 5-10 страни стасани
Убаво е да се читаат книги, ама работата е што во животот не ги интересираат сите едното исто. Ако тебе те исполнува да читкаш и да зголемуваш вокабулар и да се едуцираш, некој го интересира да гледа документарци и сепак да е поедуциран од некој што си читка белетристика. Вака голем читател како тебе би требало да го знае ова досега, дека носот е за во книга пикање а не во нечиј туѓ живот. А и на крај, што ти менува тебе во животот што некој не е едуциран?
Прв пат утрово се зачитав на Кајгана и сум speechless.. што се имало во оваа наша мала држава. Еден асален коментар барем да прочитав.. Да им ги посочиш глупостите што ги пишуваат, претпоставувам одма ќе добиеш бан. Хајлајтот: ,,Какви жени сакам? Хм па таква со онаквата и толку ,а се друго е споредно"