Сакам да кажам дека симпатијата ми прати снимка со то како кај него врни снег и сега седам и размислувам како имам две причини зошто неќам веќе да сум дома.
Чим видам алфа домино бајо на радар дундата автоматски ми станува сува барут. Уште ако отвори уста и почне да збори, Тигар и Еуфрат се претвараат во сушна катастрофа. Драго ми е што сме синхронизирани. Те сакам дунда.
Уште 2 дена... изгледа 2020 прогласува победници Не е денов за огномети, затоа и ги нема. Денес праќаме желби за подобра 2021 година за сите, полна со здравје, среќа, мир, љубов и сето она што сите ние го посакуваме како поединци
Аман АМАННННН нека заврши годинава. Де бе до толку само лоши работи да се дешаваат не ми е јаснооо. Онака...со надеж дека 2021 ќе биде магична
Кога ќе сфатите дека е нормално да посетуваш ПСИХОЛОГ и/или ПСИХИЈАТАР, и е нормално да примаш ТЕРАПИЈА, ДА, АПЧИЊА, АНТИДЕПРЕСИВИ И СЕДАТИВИ дур тогаш ќе се ОПРАЈТЕ. Е**ТЕ ЗАТВОРЕНИ МОЗОЦИ. Ми се јавува една роднина, имаа смртен случај. Нормално потресена. Детето уште поќе. Ми се јавува, и требало да праша за детето нејзино, знаеш, вака, така, се тутка.. Што е сеа реков? И беше срам да побара број од психолог. Алоо, ова е 21 век. Луѓе отворајте ги мозоците. Траумите се лоша работа
Во конзерва не се прогледува Или си со отворен ум и ќе живееш по твој избор или ќе те "обликува" средината и ќе се претопиш во мнозинството закоравени. Толпата не можеш да ја промениш, а од себе можеш да направиш најдобра верзија ако располагаш со солидни особини, став, храброст, истрајност. За секој чекор има решение, ама и треба да знаеш да се носиш со преземените дејства.
https://www.radiomof.mk/izbrkani-dv...imanje-na-profesorka-za-vreme-na-onlajn-chas/ До домашното воспитување е на крај..
I dreamt a dream. Оној зимски, снежно миризлив ветер во коси. Имав чувство на огромна слобода, можев се', и беше поминало се'. Одамна се немам почувствувано така. Се држам себеси во заложништво. Дали видот, или мислите ми ги создаваат овие темни граници. Ми се љуби, ми се бега, ми се трча. Кон зајдисонцето, секогаш кон сонцето. Сончогледка. Ми недостасува моја бушава, дива мецана. Деновите поминуваат, деловите не се составуваат.
Ми се наежи цела кожа од врисоците на мајката во Хрватска . Најголемиот ужас на родител. Ме потсети и на други луѓе кои изгубија дете. Грозен ужас без дно.
Последниве години декември ми стана еден таков мрачен, маглив, тажен, неподнослив и трагикомичен месец. Како Скопје. Имаше некоја игра со Скопје, требаше да се бориш со некои мутирани суштества. Суштествата се болкиве што ги носиме изгледа, анксиозноста, болестите, во краткиве зимски денови, во маглите... се бориш со нив. Секогаш победуваат. Се надеваш догодина ќе стекнеш повеќе способности за ти да победиш, нов левел да фатиш всушност, со секој левел нови суштества, зошто...па зашто тоа е животот да му се невиди. Сакав да кажам можеби не е најидеално да правам осврт на годинава во декември. Се чувствувам како на јаки дроги, да се биде еуфоричен, да се биде весел, да се откорнеш од плачење сам со себе и да се смееш како луда кога сите те гледаат. Се уште не можам да се справам со себеобвинувањата, со што се' можеше поинаку да направиме. Се уште тежат недостигањата, зар некогаш ќе прекинат да тежат. Ти фали дел, го нема засекогаш. Имам слушнато за тоа, фантомска болка, кога ќе ти ампутираат дел и потоа пак можеш да чувствуваш болка во него иако повеќе го нема. И така кога ќе ти откинат сакан од тебе, го немаш, а те боли...секогаш. Освртов мрачен. Како 2020. Па да видиме, завршив една љубов, завршив друга љубов, ниту еден всушност не сакав. Дијагнози, дијагнози, дијагнози. Зголемена плата, зголемени трошоци. Свадба, радост, стравови. Дијагнози. Детс ит. Збор на годината, дијагнози. Нека одат во неповрат. Тука се, за цел живот. Немам големи очекувања за 2021, секако не очекувам светот да се промени преку една ноќ. Само сакам да можам луѓето да ги гушнам и да ги бакнам, без страв. Тоа сум јас, со допир функционирам. Треба ли да си зададам задачи за 2021? Да бидеме здрави и да бидеме тука. Тука, како на овој свет. Бидете здрави и бидете тука, на овој свет. Да се боцнеме, па да се гушнеме. Не со хероин де...
Провејува снег надвор, дома топло, на маса нѐ чекаат пржените компирчиња со рендано сирење горе во малото бело тенџерче. Во исто време од рерната се шири мирис на малите крофнички со џем и шеќер во прав, додека баба нѐ убедува да го испиеме компотот од ,,топчиња" како што го викаше брат ми, не знаејќи како да рече цреши. А да, тука негде околу празниците баба мораше да ја направи и фамозната торта со ресани. ,,Големите" зборуваат за ,,големи" работи, додека малите се натпреваруваат кој попрв ќе го отвори пакетчето и кој повеќе благо ќе има внатре. Па се менувавме ако нешто не ни се допаѓа. Се расправаш да ти купат смоки со играчки внатре, ама не ти дозволуваат оти секогаш смоките остануваат неизедени бидејќи се како пластика, а играчката по 5 минути ни здосадува. Ако не се стоби флипс, не ги купуваат, другите не ги јадевме секако. Честитките напишани, прошарани со ѕвездички со сино и црвено пенкало, а на линиите задолжително напишано улица виулица број шлаканица или улица питулица број стој. Па ќе ја оставиме пред врата кај комшивчето, ќе тропнеме и ќе се криеме под скали да видиме дали ќе ја земе, а понекогаш и ќе нѐ фатеа, ама со прст покажувавме да молчат. Како никој ништо да не видел. За кај баба мораше честитката да биде од оние со свирење. Пред некое време најдов една, со ракописот од брат ми кога бил прво или второ одделение. И ова е само дел. Жал ми е што спомените бледнеат со тек на време. Убаво би било да останат замрзнати во времето, како вчера да се случиле. До крајот на животот да се сеќавам на вкусот од малите крофнички, тортата со ресани и домашниот компот од топчиња.
Зборот ми е. Тука во малите места да појдиш кај психолог и психијатар е ТАБУ ТЕМА и јавна тајна водено. Се работи за 18 годишно дете, они би го носеле на бајач а не на професионална личност. Не се обидувам да променам, туку сакам да помогнам.
Годинава не заслужува ни песни, ни ракоплескања, ни огномети. Камо среќа менувањето на календарската година да значи и нов почеток, утешна е мислата барем.
Штом отворам Фејсбук, мора по некој нов линк да ми излезе со информација или некој детал за состојбата по земјотресот во Хрватска. Ретко ги отворам. Не можам да гледам такво нешто. Посебно не видеа, две само видов и толку. Вчера на Вести затекнав снимка од емитување во живо од некоја телевизија во Хрватска, кога се случи земјотресот и човекот почна да вика... Страшно. Многу потресно, не можеше да има полошо сценарио за крај на годинава, почната со пандемија, завршена со силен, разорен земјотрес. Бог да не' чува сите.
Колку и да ти е намерата добронамерна, не можеш да помогнеш на некој што не бара стручна помош, дури и кога е дете во прашање.