Еден чуден и бизарен сон од синоќа, денеска не ми дава мир. Знам дека е само сон... знам дека помина, знам дека можеби и не вреди да мислам на тоа. Но изгледаше толку вистински. Со сите сетила го чувствував минатото, како да беше сегашност. Признавам, кога се разбудив за миг посакав да се свртам на другата страна и да го продолжам сонот. Подобар од сегашнава реалност.
Какви се тие луѓе што само се нудат за помош, а кога ќе им побараш никаде ги нема, не враќаат и после ќе ти објаснат зошто не вратиле, а нема пак да ти помогнат? Или ќе ти кажат „не знам“? Зошто одново и одново се нудат да помогнат, а притоа ниту еднаш не помогнале?
Сакам да кажам дека мене вечер ми е Нова Година и денес излегов со колешка со која излегваме еднаш месечно и о г о в а р а м е. Така да годинава ја завршив со неа, па следна година ќе ја почнам со другарка ми.
Кога читам овде колку луѓево строго одат по протоколи и кога излегвам на улица се чудам Викам што им е на луѓево ?
Возбудата и стресот што ме дрмаат кога почнувам последна сезона од омилена серија не се споредуваат со ништо.
Имам некој вид на среќа при помислата дека утре конечно ќе станам од спиење без аларм и дома ќе се сите.
Таман почнав да задремвам ми текна на лепче со еурокрем и како кремот се мачка и лизга на лепчето ... Мх мх ... И природно, се прејадов. И сега ми се лоши и не можам да спијам. Чирс.
Тоа што ти со одобрение и согласност гледаш кон смрта на 12 годишно дете исто говори и за тебе. Спиј убаво, на безбедно си. Поздрав
Ви посакувам на сите, овој ден, последен од оваа година, да ви биде најдобар и најубав во неа. Во новава, со мноогу здравје, среќа, мир и спокој да бидете исполнети. На сите да ни се врати, тоа шо ни го зема 2020. Господ да е со сите нас. Среќна Нова Година
Вака нема да разберат што значи сликата и поздравот. Тие не виделе љубов и не знаат што е тоа. Сликата треба да биде трујачот како си ги собира забите со метла,и лопатка.
Отворив темата за Фото-натпревар. Луѓе не сте реални. Кој професионализам го имате на фотките. Од лево викам не се реални фејк се сликиве. Секоја чест