Тие и плус овие по викендициве што се собрани по 15 души. Па уште се фалат на социјални мрежи. До толку да се немало памет и свест, јас не знам навистина.
Да. Ние тројцата. Си местиме низ дома, си чистиме, си готвиме... си се плеткаме... си се спремаме за вечер
Зошто од лани не чувствувам никакво чувство дека е "нова година"? Ништо не ми менува. Една вечер е, како сите други вечери. Сеисто ми е некако. Изгледа созревам. Дојдете да се дружиме https://forum.femina.mk/threads/Новогодишна-фемина-собиранка.26763/page-7#post-5386271
Среќен карантин на сите што моравте да се стиснете без маски по кафичи денес. Баш убав почеток на годината. Со корона. Прост народ.
С А К А М Д А К А Ж А М М а ч и њ а дојдов од лаптоп за сегде да пишам збор два. Се надевам дека: Ќе имате убав провод вечер, со кој и да сте, каде и да сте. Носете маска, дистанцирајте се и бидете безбедни ама пред се поминете си добро. Исто така јадете како да нема утре, слушнав дека не се броеле калориите за НГ. Новата Година нека ви донеси многу радост, среќа и љубов, а пред се шанса да ги исполните пропуштените шанси од ова година. Сакам да честитам брзо НГ и после, во точното време ама прво сакав вака да пишам детално дур не сум мрзлива пошто ... конечно си ја признавам таа карактеристика. Башка сакам да ви посакам добар провод, безбеден, ама и безгрижен. Така да ...
Чао 2020! Добра ми беше, ама можев и да излезам малку повеќе од дома, пајажина фатив. Посакувам 2021 да биде нов почеток за сите, многу здравје и навистина да ја прогласиме короната за мртва. Да биде поажурна владата ни наша во увозот на вакцини и да си ги ладиме до лето на Халкидики. Да имате љубов и да ја давате бесплатно кон оние што заслужуваат, од среќа да не куртулите и сите горки искуства да останат во минатото. За нови почетоци и нови животни патишта. CHEERS
Конечно некој да го каже ова. Што толку им е убаво ете не знам. И кога фрлаат пред човек или животно. Не се свесни дека може некој да настрада? Дома нека си ги пукаат, во соба. А, не надвор пукаат и бегаат како исплашени глувци. Глупаци. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220524456635361&id=1051402611 Само ненромални би го направиле ова. Точка.
Целосно поддржувам. Па кога ќе видам дека некое исплашено животинче трепери од страв поради петарда, ми се спојуваат жичките. А инаку сум релативно смирена личност... но ова ми го крши срцето Толку ли не може да се направи нешто за да се забранат?
Абе какви петарди, бомби се. Кај живеам мме. И после повеќе сме ги сакале домашните миленичиња, па нормално дека така ќе биде.
у Тексас живееш другар... у Тексас. за историја се борат а ко да не мрднале од примитивна доба. ајт назад у планина.
Драги мои, Ви посакувам на сите да бидете живи и здрави, да ве следи многу среќа, да ве грее многу љубов, да во оваа Нова година енергијата си ја вложувате во прави нешта и прави луѓе. Се што е пропуштено - ќе се надомести, се што е погрешено - ќе се исправи. Само нежно према себи у 2021. П.С. Каде и да сте вечер - само позитивни мисли да ве водат.
Колку и да беше лоша и далеку од онаква каква лани на овој ден си посаквме и испланиравме да ни биде годинава , се надевам дека на крајот од истата, си ги преброивте благословите кои ги имате и се заблагодаривте за истите! И во новата година да останеме свесни и благодарни за она што го имаме, да го чуваме и цениме истото, а оние помалку убавите нешта, кои се составен дел од животот, ги прифатиме и надминеме полесно!
Во новава година на сите ви посакувам многу здравје, љубов и успех. Сѐ што досега не ви се исполни да ви се исполни во новава 2021ва, и стварно се надевам дека ќе биди подобра година за сите. Лично јас не можам многу да се пожалам од годинава што измина, имаше и доста добри работи што ми се случија, но генерално за светот не беше баш најсјајна. Оваа вечер каде и да сте ви посакувам преубаво да си помините, се надевам дека сте покрај луѓе кои ги сакате и ве сакаат. Следете ги мерките за заштита вечерва и во наредниов период и в година ова време стварно се надевам дека ќе можиме да направиме една голема журка, дека ќе можиме да пееме и да се гушкаме, дека нема да мора да пазиме на протоколи како сега. Бидете најсреќни!
Уште 4 часа до новата 2021.. Поголемиот дел од светот по популација веќе и влезе во 2021. 2020 беше еден вид шок и искуство за целиот свет. Покрај вирусот се десија и многу други работи.. За мене оваа криза секогаш ќе биде не така од себе "природно никната" туку како и секои дешаванки предизвикани од човечки фактор поради не согласување во внатрешноста на големите сили аи нов светски економски поредок, целта е јасна сите вируси се направени за да се намалува популацијата - иако некој нема да се согласат. Вирусот - си го направи своето, луѓе заболеа и умреа.. Сепак да ја оставам темната страна.. Дечки најпрвин сакам да ви посакам многу здравје, среќа и љубов. Бидете сплотени и сакајте се. СРЕЌНА НОВА 2021 ГОДИНА!
Пред малку пукаа петарди и огномет од зграда што е блиску.Ненормални,толку не мислат дека некој може да се повреди.