Само што се чекира 2020, еве ја на паспорт контрол, за брзо почнува бординг па полетување до погоре наведената локација
Да и' посакаме топло добредојде на новата 2021 година. На сите ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, мир и сè она што посакувате да се оствари во оваа година. Нека биде година исполнета со хармонија и љубов меѓу сите, година во која ќе се опоравиме од претходната. Среќна Нова Година!
Среќна Нова на сите, ви посакувам многу здравје, среќа, љубов. 2021 нека биде подобра на сите полиња!
Сакам да кажам.. Среќна нова година, да сте ми здрави и живи, весели и насмеани, многу здравје љубов и секс годинава... Сакам да прашам... Ви пораснаа ли малку к...њата сабајлево, после фрлените петарди вчера вечерта??
Втора година како сум на Малта и немав излезено во главниот град за дочек на Нова Година. Вчера отидовме пеш и навистина ми беше преубаво, а кога чукна 12 часот на полноќ освен огномет се слушаше и меланхолична музика од бродовите. Рај за уши Среќни празници Фемина членки и читатели.
Се' е исто. Сонцето пак изгреа на исток, болките се сеуште присутни, неправдите се сеуште неправди. Среќата е во малите нешта. Квалитетот на животот така се мерел...
Среќна Нова, како што е редот. Ви посакувам да бидете здрави и многу вљубени Само така човек може да му се радува на животот. Cheers