Сакам да кажам дека толку беше. Ден и пол надеж и пак сум уморна. Онака прам работи ама без волја. Демек барем месец да праев реченица по ден за како ми помина денот и веќе на ден два откажав. Зини Етна и голтни ме. А, убав ден беше денес. Се видов со блиски пријатели. Бев по продавници. Готвев. Читав. Јадев од омилената паштета. Зависна сум. Зборав со симпатијата и ми кажваше за нивната зимница и колку уствари е ... Иста ко нашата. Мислам дека се осеќам вака оти немам ајвар со пиперки и печурки покрај мене. То ќе да е.
Каде и да сум, што и да се случува, а е вредно за паметење, околу мене гледам луѓе со мобилни како сликаат и снимаат. Зошто го гледате светот околу вас, исклучиво дигитализирано? Тргнете го мобилниот на страна и видете со очите, не низ монитор... затоа што пред вас се случува
Колку и да се согласувам со тебе до некаде, јас лично ги сакам фотографиите затоа што барем за момент се лажам дека го запирам времето и го фаќам моментот. Сепак, во најубавите моменти сосема сум заборавала да сликам
Летово сестра ми најде маченце на сред раскрсница, целото млитаво и едвај живо. Го зема и месец дена седеше кај ветеринарката, и му баравме домче во меѓувреме. Вообичаено за брзо време наоѓаме домче за сите мачиња, ама ова не сакаше никој да го земе. На крај сосема здраво го донесовме дома, и бабата во комшии до нас го побара за друштво. Мачето порасна во прекрасна мачка, а јас толку многу се зближив и приврзав и си ја зедов дома, а преку ден бараше да оди кај бабата барем еднаш обавезно. Цело време предеше, бацуваше и се буташе во мене. Ја стерилизиравме, се здебели како топче и искрено уживаше во секој миг. И пред нова година наеднаш ми се разболе од нигде, преку ноќ буквално. Ја носевме на ветеринар, седев со неа три вечери и око не склопив, постојано и давав електролити, ја виткав во електричното ќебенце, и редев шишиња со топла вода. И на крај утрото на први падна во кома и не се спаси. Ја преплакав деновиве, толку невина душичка беше. И искрено не се нафаќам да земам друга мачка тука набргу, како сите да ми ги тера малер и нешто им се случува. Животинче, а толку боли загубата.
Годинава поубаво не можеше да почне ИМА СНЕГ КАЈ НАССССС, ОЛЕ ОЛЕЕЕЕЕ, ко мало дете се радувам жими мене
И на дм истото му се случува веќе неколку месеци, се разочара и вика веќе не земам маче, не можам да гледам како ми умираат, ко да не знам да ги чувам. Знам колку ти е тешко, јас што не ги чувам што ми кажува дм сум тажна и јас, претходниот мачор го преплакав. И на дм и на тебе ќе ви кажам, не е до вас, вие сте му дале дом на тоа маченце, сте го чувале, сте биле целиот негов живот. Едноставно се нежни и се случува ете ненадејно за жал да умрат, но тоа не е ваша вина. Ништо немате згрешено. Не се обвинувај и не мисли вака.
Татко ми е хаотичен возач и секој пат ко ќе не застани полиција ми е доживување. Особено денес оти со ротационо не бркаше. Мислам дека тој е основа зошто се плашам да застанам зад волан.
Си пишуваш со некој, добро оди муабетот и сѐ, и наеднаш ти вели: "Ај јави ми се ако можиш, да ти раскажам" Спојлер Освен со многу блиски личности, ептен сум anxious за зборување по телефон.
Без тебе ништо на овај свет нема смисла тато,мојот живот нема смисла без твојата прегратка ,твоето отсуство е по присутно од кога и да е ... Ветер кога дува мислам дека тоа е си ти мојот татко дојде да ме погали... Почивај во мир тато патувај со ангелите душо моја...