Колку интересна каскадна реакција на форумов е кога некој ќе напише мислење каде што нема ништо посебно навредливо ама мал дел кој што боде очи и наеднаш се надоврзуваат нервозни мислења едно по друго, поттикнати едно од друго, а се главно лични бесмислени напади во кои писателот на првичното мислење е наеднаш притиснат од сите. Не дека никогаш не сум учествувала во нешто такво, ама навистина личи смешно и претерано, а и глупаво.
Сите вие што трубите наоколу дека не гледате Турски серии и не слушате Шабанарии и притоа со најниски удари ги удирате почитувачите на тие "дела", станавте доктори на науки? или важно не сте сељаци. Дајте друга фора, аман стара е оваа
Со лошотилкук. Само што ќе им влезеш дома све им мириса на лошотилкук. Здивот им мириса на лошотилкук кога разговараат.
Развој на социопатчиња. Нивните родители ништо поарни. И милион евра плата да земам, пак ќе сакам да се отселам од овде. Страшно е да живееш опкружена со толку социопати на метар квадратен.
И Тед Банди (меѓу другите) почнал со мачење на животни. Интересно како општеството не ја таргетира оваа проблематика како една сериозна девијација на човечката психа. Ми мириса на идни (моментални) социопати...
Неврзано за Боби, но пред некој ден си шетам со кучето, уредно на поводник до мене оди уз нога и дете од 5-6 години придружено со мајка и татко фрла камен намај кучево. Каменот ме допре мене по нога, за среќа. Се вртам, мајкава мртва ладна “абе куче е, ништо не му е”. Поќутев и продолжив. 1. Какво е тоа воспитување? Утре ќе фрли камен по човек, по друго дете... 2. Ако го удреше на моево куче, јас не знам како тоа ќе изреагираше во самоодбрана. 3. Ќе фрли по улично куче. Него кој ќе го исконтролира да не реагира во самоодбрана? Ако ти е тешко, не раѓај. Ако си го родил, барем воспитај го да биде човек.
2021 дојде, а сељачизмот никако да си оди... https://region.mk/видео-скопје-е-преплавено-со-лесни-дев?fbclid=IwAR1mzHQKXhtfzXYSebMecSl9q4PwD1jfX3uVjG4Ap5CKuTqfyoZVEsPTJPA
Па какви да бидат бе, кога постираат видео на тик ток кајшто учат тригодишно дете да пука, и никому ништо. Парите не го компензираат воздухот што го дишеш, и фактот со кого тој воздух го делиш. Ах моја жалосна земјо