Не ми се верува што читам, очајно фалат часови по етика во пониските одделенија во наставата и родителско воспитување по дома. Па тоа дете што замавнало со камен нека замавне на моево куче има да си добие добра вербална лекција, куче било за нив таму си некои амеби мене ми е член од фамилија
Леле значи коа ќе видам дечишта (па и повозрасни) како малтретираат животни, сите најлоши особини ми излегуваат на виделина, Ко мала, којзнае колку пати при излегување имавме слушнато/сретнато поголемите "батковци" како малтретираат животинки. Никогаш нема да заборавам еден момент, кога убија маченце прободено со стап и ко напикаа во дупка од ѕид. До ден денес кога поминувам од таму ми текнува на тоа. Или "хехенце" беше, типка некоја ставила петарда во задникот на некое мало кутре и истово се утепало од плачење, ама она најјака била, цело школо ја знаеше по "легендардниов" момент. Тогаш бев мала и не можев да се спротиставам. Ама сега ако начекам некој/а да малтретира животно, а ПОГОТОВО МОЕ (како СуперДевојка што пиша ситуација), ич не ми чуе за возраст, ни висина, ни килажа ни ништо. Ќе се потепам скроз.
Дацата мали (до 5г) несвесно ги малтретираат животните. Пример ги држат цврсто за стомак. Нивната сила не е голема, во ред. Ама да земеш да го клоцаш, да го тегнеш тоа не е во ред. Тука голема улога игра воспитанието на родителите. А да не зборувам за тоа дека го претепале кучето..
После тоа куче вечно ќе има траума од деца и ете утре да му пристапи и најдобронамерно детенце да го погали кученцето како одбрамбен механизам може да нападне, да касне, после нека ми раскажуваат пак како кучињата не чинеле Работата е што горе- доле се знае кои се тие деца и ништо нема да се преземе. Уште се грозам на случајот на забеганиот сатанист што обезглавуваше мачиња во Драчево ако не се лажам, сите знаеле и ништо. Животните не чинеле испаѓа на крај работава, а да не е грешка ние луѓево сме отидени во неповрат од немање осет, култура, љубов за тие што се полни со неа. Куче љубов му живее и се излева низ очите како да дигнам рака бре?
Оној звук кога беа земјотресите, кога прво се слушаше бучење, па после тресеше, you know? Е, ми има оставено трауми тој звук. Кај мене дома скоро ништо не се слуша од надвор ама сеа помина некој камион- т.е камиончиште, па ми се затресоа прозорците од звукот. Ај тоа, туку мислев дека срцев удар ќе добијам од паника. Најлошо е што и кога ќе сфатам што се случува, стравот уште ме држи. Не знам дали некогаш ќе го надминам ова
Awwww наградена сум со трофеј за 5 годишнина на форум. Фала Фемина. Ако може место тоа да ме наградите со промена на корисничко име, да не ме фаќаат кринџови секој пат кога го пишувам да се логирам. Креативноста ми била на ниво. И да ми дадат промена, не би знаела пак што да пишам.
Родителите купуваат петарди, тие ги пукаат и тие им даваат на сопствените деца да пукаат. Дете ќе прави така како што гледа дека правиш. Не е секој за родител...
Супер ден денес во природа... Сега на гости кај мајка заедно ручек да правиме... Спокојно, исполнето, со надеж за добри вести сум некако деновиве. Сакам да е добро за сите
Овие што празнициве ќе ги поминат во групички со 20-30 души, „најблиските“, ги замислувам како опосумите од Ice Age, вака некако. Успат цртанов со сите делови (особено 4-тиот) го обожавам. Супер начин да те насмее.
Тоа чувство кога ќе ја исчистиш цела куќа, ќе се издепилираш комплет од глава до петици, ќе се избањаш онака пополека мерачки, ќе си облечеш чисти пижамчиња и ќе си легнеш во чиста постелнина. Заљубена во среденост и чистота до најмал детал.
Денот ближи, денот на твојата смрт. 4 та година ,тато. Ми недостигаш премногу ,се остварив и како жена и како мајка ,а ти не си тука да видиш. Би умрела само да можам да те видам како ја гледаш и се смееш... Кој ќе и ја раскажува сега историјата на Македонија ? Кој ќе ја носи во парк ? Кој ќе и ги кажува глупостите на мајка и додека растела ? Порано барем во сонот ми доаѓаше ,сега и таму те нема... Денес правевме пакетчиња за коледарчиња ,а мене пред очи ми излегуваа тие што ги правевме за гробишта. Велат со тек на време ќе поминело...ама не -лажат тоа.
Бадник, среда и среќна и бериќетна да биде годинава на сите. Имајте убав ден и запомнете, парата на пара се лепи
Поминаа коледарчиња, ме разбудија. Си викам "Ааа души да се живи и здрави". И после ми текнува и викам, "Добро не им е ладно и плус Ковид има?". Си останав во прашалници.