Полека коцките си се редат, кога човек најмалку очекува и се надева му се случуваат преубави работи Викендов ми беше еден од најдобрите во животот, животот ми се промени многу.. уште еден датум кој ќе го помнам засекогаш Друго.. вчера почнав со работа после доолго време редно беше конечно ќе излезам од дома, ќе се дружам малку и секако некој денар плус добро ќе ми дојде Уште само една желба имам, се надевам дека и таа наскоро ќе се оствари, затоа што од таа желба зависи цела моја иднина, ќе му дадам на времето, време а јас ќе се молам за повеќе трпение и сила, затоа што знам дека борбава нема да мине така лесно.. Но сега сум уште посилна за таа борба,нема дасе препуштам така лесно
Имам една добра страна, кога сум тажна јас можам така да се смеам што ќе помислиш дека сум најсреќната личност, понекогаш и сама си поверувам Спојлер Ме мачи минатото *Лошите настани, што се случиле и ме повредиле, почнуваји од луѓето што ме навредиле, некој настани во семејството, неправдите што ми се случиле и на мене и на моите блиски. *Добрите настани, затоа што веќе ги нема и ми фалат. Зошто се што е убаво кратко трае? *Промените! Зошто се се менува? *Личностите, зошто се појавиле? Зошто се смениле? Посреќна ли ќе сум била да не сум запознала одредени личности? Ме мачи иднината *Што ќе правам понатаму? Појма немам што со животот. Како понатаму со школото кога не можам да се конектирам со луѓето? Ќе ме исмејуваат ли како и порано? * Кога ќе се пронајдам јас? Зошто некој луѓе од мали имаат насока, а некој само лутаат без патоказ низ животот? АМА што и да се случило, се случува и да се случи јас ќе останам силна. Ќе ги бранам своите ставови и ќе бидам силна и ќе вложам се што можам за да бидам среќна и како и секогаш не ми е гајле дали ќе ме прифатат другите, туку ќе пробам, јас, самата да се прифатам себе си, таква каква што сум Ќе ја држам главата исправено и нема да се срамам од тоа што сум, затоа што јас сум една. Не сум ничија копија. До сега не сум повредила никој, освен самата себе. Нема ни себе да се повредувам. До сега не ми е било гајле за туѓото мислење, така и ќе продолжам. Зошто да бидам слаба, кога можам да бидам силна? Знам дека еден ден се ќе помине
Колку убаво си поминувам летово ..цел месец во Охрид,мераци.Се чувствувам мало од ширинава на сите улици,паркови ,плажи.Гледам на една страна...езеро,се вртам на друга....парк,на трета преполна чаршија од туристи... Секој ден се движам меѓу непознати луѓе и воопшто не обрнувам внимание на тоа како сум облечена или пак каква ми е косата.Пред неколку часа ме фати носталгија за дома,но си велам зошто самрке не уживаш во секој момент ...се искарав себе си И да ви се пофалам конечно поцрнев малку . Уживајте во секој момент бидејки знаете..нема реприза Имајте убаво попладне..ми недостигавте
Сонце, песок -поситна од брашно, тиркиз боја и мозокот во лер. Сум станала мрзла дури и книга не читам , што ми беше една од омилените работи додека сум на одмор, дали дека професијата ми е таква се со книги , па сега гледам да се одморам , знаејќи дека пак по дваесетина дена ќе имам можност да читам колку сакам и само бели листови околу мене да гледам . А за бојата не ви кажувам , ваква боја само јас можам да фатам , која се движи од розевкасто на кај црвено и преминва во бордо , само не во баркар боја што е најтрагично.
Ме фати дождоввв....И замислете не се растопив Уживаввв трчав по дождот како мало дете, во еден момент сакав да застинам и да киснам под дождот да заепам и да заиграм.... Тооолку многу го сакам што понекогаш барам изговори дека морам да идам до продавница само да трчам по дождот.. Ја сакам оваа прекрасна магија....Грмењето не го сакам воопшто ме плаши но затоа пак дождот, особено па и кога се летни дождови се радувам како дете
Мајка... Што може друго да каже, освен за најмилото. Па... Мама денес е многу радосна. Ги виде првите запчиња кои ме гризнаа ...
СДК... Најголемото наследство кое една баба може да и го остави на својата внука се приказните за добра ноќ.Ништо не е вечно на овој свет,освен сеќавањата за оние кои не заслужиле да бидат заборавени.
Го знаете ли онаа чувство кога ви доаѓа да се закопате од срам а во исто време се потсмевате на сопствената глупавост и пукате од смеа? Толку сум глупава, што не е смешно. А тоа што не е смешно, е баш смешно. И сама не знам како можев да мочнам од смеа на улица, додека се враќавме дома со другарките. Ќе се закопам некаде. Но во исто време ми е многу смешно. Се надевам дека оваа...несреќа ќе се заборави.
Тешко е кога само еден се труди. Потешко е кога оној шо не се труди, ќе погреши нешто и не чувствува потреба ниту да се објасни, ниту да се извини. Најтешко е кога после се, се завршува токму во тој момент. И молк... Одамна научив да се спашавам самата себе, единствено на моменти ми е криво за одредени работи кои биле ветувачки, ама место тоа, ги скршиле очекувањата. А веќе станува сеедно... ******** Многу пати уназад бришев сценарија, вртев страници, затварав книги, отварав нови книги, ама сеа глеам дека освен шо бескрајно, а на моменти очајно сум го посакувала истото, не било така. Ова лето конечно проживеав. Излегов од оној емотивен гард шо си го поставив ради сума причини и си дозволив на себе си, после долго време да проживеам низ одредени емоции кои претходно ги имав стаено на стенд бај. Знам како е да си емоционално недостапен и верувајте не е ни малку убаво. Ружен свет е тој. Ама знам дека јас таму не припаѓам. ******** До крајов на годинава, сеа за сеа, имам за идење на 2 дестинации надвор од нашиве граници официјално, а неофицијално се надевам на поише. Тоа е она стварање спомени за кои вреди да се живее. Им се радувам. И тоа ме исполнува. Татко ми, секогаш викаше.. кога ќе имаш шанса прв пат ќе отидеш на места, каде увек потајно си посакувал некогаш да се најдеш таму, а патем ти приредиле неверојатни искуства за секое твое сетило, не заборавај да се наполниш од нивниот мирис, за коа ќе те бапне носталгија, да можеш да затвориш очи и барем на секунда да се почувствуваш дека си таму. Ме научи се шо знам, ама не ме научи се шо тој знаеше. Фалиш...
Значи јас колку што знам сама да си ги комплицирам работите, друг никој не знае , не за џабе постарите рекле од главата си патиме, и така е.. убав период за мене, за нас, полека се средуваат работите и јас наместо да уживам во ова, мене ме убиват мисли што ако и што би било, кога би било Аман девојко, опушти се и уживај.. Господе Боже , само да се мрчело..
Не ми делувале антибиотици морало инјекции. Ако ништо друго барем задникот ќе ми изгледа поголем од нив
Леле оваа жалостивност во мене еден ден ке убие... Неможам да не се нажалам и натажам кога видам деца кои што немаат и сл. Сега поминаа кај мене 2 деца се гледаше дека се од село , дека немаат дека се сиромашни... А јас штотуку бев направила колачиња им понудив да си земаат да ги пробаат , а тие само ме погледнаа во очи и со очите како да ме прашуваа зошто ? Веројатно беа збунети , бидејки можеби никој досега што не ги познава не им понудил така.... Јас не чекав ништо да ме прашаат само реков штотуку ги направив пробајте дали се вкусни ме погледнаа и ги земаа колачињата и со блага насмевка како да ми кажаа благодарам... Незнам зошто сум дозволила се да ме натажи
Обично јуни ми е тапа месец, пошо се дешавало да врне, си викам годинава среќа не. Ама затоа јули, ме уништи маму ти твоја покварена. И ти и овие твои монсуни, циклони и врагови.
Тука сум на само 20тина саати пред заминување во Охрид.Овој пат нешто поголемо женско друштво, поглем апарман, подолг период, и се надеваме уште поубав помин од лани. Ама предвреме ништо не се вели така да , времето ке покаже. Ова лето не се покажа баш, од аспект на времето и временските услови кои ги понуди последните дена, но сепак е едно прекрасно лето, со многу дружење, љубов, и среќа. Го чекам со целото срце, разделени сме веќе 20 дена и душата ми плаче по него да го гушнам, да го бацам, да бидам со него цеел ден, да му докажам дека го сакам најпоќе на свето и дека ми значи премногу. Се враќам од Охрид , единствена желба ке ми биде цела листа со книга полека полека на одморот со семејството да ги прочитам. И така девојки, имајте најубаво лето, паметно трошете го времето. Многу љубов.
Мене ме има, па ме нема. Еве сум повторно. Можеби ви кажав претходно, но сакам пак да ви кажам дека сум многу среќна. Конечно работите една по една се средуваат. Една од многуте работи кои ме прават среќна е и среќата на моите и фактот дека причина за нивната среќа сум јас. Единствени се кои се радуваат на сите убави работи кои ми се случуваат, додека другите цело време подбуцнуваат и ми кажуваат дека им е мило, а ја гледам зависта во нивните очи. Но, не е важно. Важно е дека ништо не може да ми ја распие моменталната среќа и исполнетоста која ја чувствувам. Среќна сум и заљубена. Откако го запознав него сфатив дека навистина постои сродна душа и почнав да верувам во љубов. Покрај него го научив значењето на зборот љубов и за прв пат во животот се почувствував сакано. Знаете, кога чекате нешто да се случи и кога со сета сила се борите за нештото, се случува нешто сосема друго. Нешто кое не сте ни помислиле дека би ви се случило. Се појавува личност која не сте ја познавале, а веќе за кратко време станува дел од вас и од вашиот живот. Таа личност станува личност без која не можете да си го замислите животот. И веќе сето минато и сите планови остануваат зад вас. И сето она кое сте сакале да се случи го заборавате и едноставно се препуштате на моментот. И животот ви се менува. Остануваат уште неколку работи да се средат, но се` во свое време. Не ми се брза. Среќна сум и сакам да потрае.
остана уште малку време до мојата веридба...и како да кажам дека се плашам дека колку побрзу минува времето во мене расте се поголем немир ..би сакала да плачам на цел глас да викам дека не сум спремна но ја немам таа храброст ..во мене постојано се буди прашането ке успеам ли..? дали тој ке ја избрише мојата тага која со години ја носам во себе.. ми остана само да се молам ..да изчезне овој немир од мојата душа и јас сакам да бидам срекна
Чувајте ги личностите што успеваат да ве насмеат,расположат,поддржат,да ве прегрнат кога ви е тешко,кои се секогаш тука за вас,дали е тоа дечко,брат,сестра или другарка бидејќи некои го немаат тоа од никого