Најсилната личност што ја познавам, сега се бори со депресија. Цел е*ан живот беше јака, најголем борец. Секогаш најпозитивна, најнасмеана. Секогаш беше тука за мене. Ми помогна јас кога се борев со тие црни мисли. Сега не знам како да помогнам. Денес кога видов како "живее" душата ми се распадна. Наместо храна на трпеза, наредени апчиња. Едвај збореше. Божиќ не е Божиќ без нејзината гласна смеа. Единтвено што сакам годинава, е она да оздрави. Следниот Божиќ да го поминеме со смеа, а не со солзи.
Ако нешто не ти се допаѓа, имаш две опции: да го смениш или да престанеш да се жалиш за тоа. Освен во пар исклучителни ситуации, сè друго се празни муабети и барање изговори.
Пред некој ден излегов за да купам работи набрзина и се сретнав со газдата, помуабетевме и имаше едно дрво во близина од кое паѓаа ситни семчиња. Си се качив во кола, бев да купувам некои работи на 2-3 места, убаво си го искористив времето да изнакупувам, да не заборавам нешто. Имаше луѓе што ме подзагледуваа. Си велам што менталитет ќе бевме, не си ја гледаме сопствената работа, само зјапаме по луѓето, правиме другиот да се чувствува неудобно. Си дојдов дома и татко ми ми вели: - Зошто на колата имаш како некои трошки, како снег? - Бев во Маврово. Тато, бев застаната под дрво, аман, зошто имало трошки... Влегувам да измијам раце и се гледам во огледало. . . Татко ми рекол коСата, не коЛата
Уреден парк во Аеродром. Зашто обична бетонска или поплочена патека е ту меинстрим. И зашто нема доволно место па морало да ги направат вака тесни да не можеш да се разминеш. Од што пробуваат да бидат оригинални, испаѓаат мутави.
А можи то ми е суптилна промоција на темата Мајтап на страна, некогаш си провервам темите како се ( ) и ова смеа ме фати оти ептен е симболично името на темата со бројот на одговори.
Уште од сеа гледам колку е лесно некое дете коа трча да се сопне. А инвалидски колички како поминуваат? Слепи лица? Не сум видела во живо колку се широки патеките.
Ни јас не сум видела ама вака од око се гледа дека е тесно, па и тоа клупине на сред патека. А гледај наоколу колку има место. Не знам како е толку тешко да им текне едноставно поплочена патека и поширока да направат, не чудово со даски.
Да се рече дека иаме градоначалник. Јас не се сеќавам ни како изгледаше човеков, ни како се вика. Ивица стално и низ Аедором го гледавме.
Овој Бадник ми беше еден од поубавите, ништо поразлично ама така убава енергија имав денот. Пројдоа празниците, сега треба да се вратам на учење, ќе биде ова долг и стресен месец ама крајот ќе биде вистински крај на факултетот Едвај чекам
Дали сум единствена што не јаде пастрмајлија или има барем уште неколку, што на прсти можеме да се изброиме?