Јас пред некој ден пеглата уклучена сум ја оставила и ниту ми текна, ниту помислив на неа, маж ми кога влегол во спална видел...среќа беше исправена на даската. Значи ако ИМА ПОЖАР НА ВЕСТИ , врати се дома, ако нема - кулирај Сори, се пошегував, ама и јас сум како тебе понекогаш иако пегла за коса не користам..обично за рингли опсесирам
Мислам дека почнав да се заљубвам. Си лајкнав слика на неќење и не ми дава душата да тргнам лајкот. Само си отворам стори да си гледам селфињата. Не вредам ко чоек but God damn I wanna tap that.
Не знам колку пратите новости за приватност, но сакав да ви кажам дека новите услови на WhatsApp прекршуваат веќе секакво основно човеково право за приватност на интернет. Имено, WhatsApp сега испраќа порака со новите услови на апликацијата која кажува дека ќе ги споделува своите податоци со Фејсбук. Па така сега, и никогаш да не сте користеле фб, тие ќе имаат податоци за тоа колку ви е полна батеријата, вашата IP адреса, податоци за броусерот, вашиот телефонски број и оператор. До душа, само ќе немаат пристап до вашите разговори пошто користат end-to-end protocol иако и ова којзнае колку е точно пошто има многу случаи на корисници кои пишувале/зборувале за одреден продукт на WhatsApp, а потоа добиле реклама на Фејсбук/Инстаграм. За оваквата тиранска и апсолутна моќ на контрола пишуваа и Илон Маск, како и Едвард Сноуден кој препорача да се користи апликацијата Signal. Повеќе не треба да се плашите дека владите ве прислушкуваат, сега гигантските интернет компании го прават тоа и стекнуваат енормна моќ, поголема и од најсилните држави во светот. Ако барате следен villian, барајте го меѓу нив.
Па, сите ваши податоци ќе бидат споделувани со Фејсбук и Инстаграм, па така рекламите ќе бидат таргетирани за вас. Пример: пишувате/зборувате за одреден продукт на Whatsapp, и оп, ќе добиете реклама на фб од истиот. Или пример пребарувате одреден продукт на броусерот, и ќе добиете реклама на фб. Исто така ако не користите фб, или немате наведено телефон таму, фб ќе ги има вашите податоци (име, презиме, ip адреса, локација, телефонски број). Ова е она што го знаеме, и на кој начин сме прислушкувани. А, за тоа што се ги користат нашите податоци кој можеш да одговори?
И затоа сите податоци ги имам избришано од фб. Камоли цел да го избришам, но ете неможам, добивам важни известувања. И Инстаграм веќе не ми го прави меракот, го избришав и направив нов со помалку следбеници.
Дали пиење волку алкохол е добра идеја кога си утре на работа? Дознајте во утрешните вести во 06.00 часот.
По не знам кој пат, темата Сокови во блендер ја читам Скокови во блендер. И кај ми отиде мозоков, мислев некоја нова справа за вежбање измислиле.
Мислам дека не. Не знам кај читав и што читав, но побезбедно е, отколку разговор преку оператор. Самиот Viber нема пристап до твојата активност. Кога нешто тајно сакам да споделам, вртам на Viber, особено после бомбите. Не дека ја битна нешто и интересна за преслушкување, али ете....
Позната женска особа од соседствово (46) си фатила помлад дечко (38 ). Ударна вест што да ви кажувам. И не знам кој ѓаол ме натера да ги разлистувам коментарите. Ми се згади. Одамна не сум видела толку простотилак на едно место.
Од пред некој ден почнаа на сенекакви страни, најчесто новинарски, да ми излегуваат барања за согласност- сеуште имам трпение да ги отштилкирам сите 28 типови на прибирање информации, и да не им се согласам за ништо. Дали вистина ќе ме послушаат, еве, не знам