Пандемија, над 80000 случаи на заразени, 2000+ починати, општината не организира карневал, забрането е групирање, ама луѓето ќе си се маскираат, ќе се соберат, па потресени, разочарани, полицијата што им дошла им е крива.
За нив барем полиција имаше, шо прајме со овие дома шо се берат еден на еден по сто души. Сфаќам, на сите ни се здосади, сите сакаме малку забава ама уште некој месец можеше да се издржи. Не важат за сите истите правила, инает ми е!
Нема потреба. Се разубави и Скопје со снег. Ќе си ги спремам чизмите. Туку,гледам Брза Кујна. Вечерва водителкава ја праша жената кој е рецептот за успешен брак(жената е 50 години во брак).Таа ѝ вика дека ќутењето е. Едниот да ќути дур другиот изиграва командант.Јаа.... Уште со вакви размислувања,бе. Во многу бракови едниот партнер страда поради тоа што ќути и трпи. Ама,Балкан...
Секогаш пред да падне снег сум онака во no big deal mood. Ама кога ќе почне да паѓа ко мало дете се лепам на прозор и кога ќе падне доволно искачам надвор со кучето, да му се радуваме заедно. Колку е само прекрасно. Го поминавме редот со новото кученце и годинава. Прв снег му е ова и мерак ми беше чиниш детенце сум изнела на снегов. Додуша, со синко во стомак заедно си бевме
Вибер е забранет во Малта, a what’s app се користи на велико. Јас ни едното ни другото не користам така ми дремат,апла.
Кога не одговорила во духот на емисијата. 2 шолји брашно 1 шолја шеќер 1 шолја вода 1 пакетче цимет 1 лажиче сода бикарбона Смесата се меша, се става во тепсија и се пече 30-40 минути на 180°. Изладеното тесто, потоа се мачка со мармалад и топено чоколадо. Не очекувај од жена што била во брак 50 години да го смени рамислувањето. Такво било времето, така ја учеле. Туку ние денес да гледаме да се оправиме.
Падна снег ... Како мало дете се чувствувам кога ќе падне снег, ми буди прекрасни спомени од детството.
Моето помало маченце прв пат гледа снег и е исплашено и изненадено не сакаше надвор па цел ден е внатре сега.
Да се пофалам и тука. Пресреќна сум за третата годишнина на Фемина. Тука ве запознав вас виртуелни другарчиња. Ви благодарам за дружбата и што сте во било кој момент тука за мене. Пред се благодарна сум што ме трпите. Моето сандаче е секогаш отворено за вас, во било кое време, минута и час. Spoiler: Дипломата Spoiler: За частење Дека ладно да ве почастам со топло чоколадо.
Супер е огромната гледаност на Светското првенство во ракомет, но нашите одбојкари заслужуваат многу повеќе од тоа што го добиваат моментално, со оглед на тоа што се навистина одлични. Еве, на пример денес победија дури три сета против БиХ и ретко кој го проследи натпреварот или пак знае дека се одвиваат квалификации за Европско. Ама ракометарите ни се повредни, нели.