Какви дволични луѓе постојат треба награда за совршено глумење да добијат,ќе ти згреши нешто во животот триста навреди ќе добиеш ќе навредат и твои блиски најблиски и после како ништо да не било,каде со тој памет кај мене не може така и да злопамтило сум за такви како вас
Ајде сите да изронеме 2, 3 кришки леб на прозор или балкон, да не ги заборавиме и птиците во ваков снежен период.
Јас не гледам како на злопамтење. Искрено ретко и го употребувам тој израз како опис за луѓе, зошто не сум била на ничие место во целост за да знам зошто го памети злото. Повеќе би го опишала како заштита на себе за да не бидеме повредени повторно од иста личност, отколку како злопамтило. Сите сме злопамтила за некој. Еве конкретно има личности кои после години и години навреди и омаловажувања од нивна страна што сум ги проголтувала, денес само ги узминувам ко да не постојат. За некој таков може и јас сум злобна зошто го паметам злото, ама искрено нека сум. Секој треба да има свесност и да знае што прави, а воедно дека ако на акцијата изостанува реакција сега не значи дека така ќе биде до недоглед. Воедно штом ме заштитува да не бидам повторно повредена, немам проблем со тоа. Крајно, секој со својата страна на приказната.
И јас сум го осетил тоа на моја кожа многу болно и необјаснливо чувство ...сигурно се подложни друг да им го пере мозокот незнам....
За некои птици баш лебот не е добар оти не го дигестираат убаво. Мислам дека сончоглед или чиа семе е подобра опција
3.000 мислења на форумов, само да си одбележам. Обожавам вака убаво заокружени броеви Па нека ми се множат!
Конечно се наспав! Добро, станав во 15часот ама не е важно, малце како тинејџер да се однесувам и јас И се мислам дали да откитувам елка ама жал ми е бе, сакам уште малце да поседи Вие откитивте ли?
Колку пати го имам преслушано истиов говор и секогаш ми се прават морници, ми буди убави чувства и станувам посвесна. Мислам дека секој треба да го чуе барем еднаш во животот и да се пушта во секое училиште. The world really needs (someone like) Carl Sagan.
Сакам да прашам: Зошто се вика "Стара нова" година? Во смисла се испраќа старата се пречекува новата год? Трескам глупости, немора да ми одговорите ако не знаете.