Тоа што се повеке недостига во светот се љубов и пријателство , најискрени, не од интерес и пари. Одсекогаш најголем страв ми било дека ке останам без пари а најголема желба ми е да заработувам толку многу што на мојот иден маж и моето семејство ке им овозможам се. Дека ке бидам толку успешна за да можам да се омажам и за питач од улица ако го сакам и ако ме прави среќна, негово да биде само да ме сака, да ме почитува и да ме прати во животот. И ете драги мои, пред скоро година време , излегов од мојата comfort zone, ризикував, дадов се од себе, по цели денови работев (затоа ме немаше на фемина), и успеав да си направам добра шема да заработувам многу и во иднина да бидам што се вика некој и нешто. Се сменив 100%, од најнасмеаната личност станав нервозна и безчуствителна, ги изгубив и скоро сите пријатели, дури и лугето што не ми се толку блиски ја забележаа таквата промена кај мене. И цело време утеха ми беше тоа дека кога ке имам пари ке го земам за маж/дечко тој што го сакам и ке се дружам со кој јас сакам. Ама КОРПА... сега откако ги изгубив добрите пријатели и добрите додворувачи, околу мене доагаат само луге од интерес, се плашам на таков обична тајна да му кажам да не бидам издадена а не па живот да делам со него. Пријатели??? Тоа снобовско друштво од пијавици луге што за ништо не ги бива само како крлежи да се лепат на подобри од нив ни најмалку не можам да ги наречам пријатели. Срека што остана тука таму уште некој вистински пријател што ме прави срекна. не за џабе рекле ВНИМАВАЈ ШТО ПОСАКУВАШ МОЖЕ ДА ТИ СЕ ОСТВАРИ
Знам дека ме сакаш, ненаситен си знам... Навистина ме чуди како еднаш не се засити од мене Епа вака, да разграничиме, ти ме сакаш, јас тебе не. Или ова боцкањево да го сфатам како покана за дејт? Ма сепак не, ти не си за мене. Можеби друг пат, во некој паралелен универзум ако се претворам во вампир. Жал ми е, не можам да ти ја возвратам оваа љубов. Имаш корпа од мене. А сега оди си да не те гледам ако ти е мил животот. Збогум комарецу.
Утре одам на одмор. И навистина не знам зошто, ама не чувствувам никаква возбуда.Како да не ми се оди.Прво, зошто знам дека ќе биде како секоја година, стани рано, па на плажа, па пак во соба, после на плажа, вечер една прошетка и во кревет.Ништо посебно. Ако јас одлучував, наместо на одмор на море ќе одев негде да се шетам, да посетам интересни места низ Европа. Втора причина, паа..ова лето почна да ми се случуваат некои работи кои подолго време ги посакував, што значи ова лето ми е повозбудливо и така јас сакам да си останам во Скопје.Излегувам секоја вечер, моите ми викаат имало нешто. И дефинитивно лани времето поспоро ми минуваше, но исто така беше и подосадно. Тоа е тоа, да не ве замарам многу со мојот измешан пост(иако во темава немам пишувано подолго време, немам инспирација).Бидете поздравени, се читкаме за 9-10 дена.
Још неколико сати и бежимо из града. Искрено овој одмор веќе оддамна се чекаше, не знам ни кога толку бргу помина времето. Како вчера да ја правевме резервацијата. Тоа е тоа, се ,,гледаме'' за 10 дена.
Доста беше моето џаболегачење. Последниве неколку месеци станав она што најмногу го мразам, не правам ништо во животов, немам никаква цел, со еден збор пропалитет. И само се жалам, се жалам што сум имала многу за учење, па сум немала време, па ова, па она. Не бев јас ваква а морам да го поправам ова додека има време. Па 21 година имам сега ако не сум полна со живот кога, на 60?
Готово, решив, правам твитер профил, јер ЈОЛО. Кај на 30 години ли да правам, не ми личи на 30 години фрустрации на твитер да лечам. Уствари чекај... Нејсе, си направив домашен спреј за бич вејвс. Успешен проект и цела канцеларија мириса на кокос и крема за сончање. Колега обожава кокос, ризикувам да бидам изедена до крај на денов. Ајде спојлери одете си, заднику намали се, расположение врати се, институции проработете, имам план за остварување.
СДК.... јас се вратив. Како што се одјавив дека заминувам, така се најавувам дека се враќам. Не можам да кажам дека ми фалеше форумов, бидејќи не ми фалеше ништо од Скопје и од дома. Деновите и ноќите со либето летнаа толку брзо и толку беа убави што едноставно не можев да посакам да се вратам назад. Толку го обожавам што сум ненаситна од него. Од Пивофест годинава не видов многу бидејќи првата вечер мојов беше преморен и не седевме до касно, а втората останавме до 4 но не видов нешто многу, бидејќи прво бевме во кафана со кумовите па седевме понастрана на трева. Се напив пивце за сите кои не сте биле годинава, да доста пивце се напив. Мислам дека најубаво си поминав на село, каде што научив да нижам тутун. Пофалете ме бе, иако сум дремач на Фемина ме бивало и за тоа. И така спиење, гости, нижење, летна времето. Повторно спијам сама во кревет и немам кого да замарам пред да заспијам. Да ви кажам ама баш ништо не ми фалеше во Скопјево, едвај чекам да заминеме на одмор. Па и што да ми фали, ситуацијата дома непроменета, низ градов уште не сум шетнала ама претпоставувам празен.... Таму се чувствував исполнето за разлика од тука. Како и да е, ќе дојдат подобри времиња, животов лета и се менува дури трепнеме. Да знаете колку ништо и да не ми фалеше тука, Фемина ми фалеше највеќе. Имајте пријатен ден.
"Жена ми се разболе. Таа беше постојано нервозна, поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблеми со децата… Таа загуби 15 килограми и тежеше околу 40, а има само 35 години. Таа се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од сè и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во кичмата и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна. Врската ни беше на работ. Убавината и одеше некаде, и се појавија подочници под очите, таа се опушти и престана да се грижи за себе. Таа одбиваше да снима филмови и воопшто ги одбиваше сите улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме…но потоа решив да дејствувам. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја преплавувам со цвеќиња, бакнежи и комплименти. Правев и изненадувања, и уживав секоја минута. Правев и подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведува на неа и ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели. Нема да поверувате – таа стана поубава отколку што беше порано. Внесе тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува. И сфатив едно: ЖЕНАТА е одраз на мажот. АКО ја сакам ДО бескрај, ТАА ЌЕ возврати со истото!" - совет од Бред Пит!" Би сакала секое машко да го знае ова.. Бидејќи е најубавото нешто што сум го прочитала
Животов е пρемногу κρатоκ за да мислиме негативно. Дозволете добρата сила да пρеовладее во вас, да ви ги опфати негативните мисли и пρетвоρи во позитивни, а негативното неκа оди по ѓаволите, станете личност κоја ќе ужива во сеκој момент, гледајκи го летот на птиците, цутот на ρастенијата, чувствуајκи го веρеρот κој ве милува...бидејκи светот е пρеполн со убави нешта! Зошто да не уживаме во нив!?
Оној момент кога се е против тебе да се наспиеш ко што треба. Марфи замешал прсти дефинитивно. Еднаш ме разбуди брат ми да му дадам нешто, после ѕвонеше некој на вратата не станав, па брат ми се развикал, па пак ѕвонеше вратата станав да отворам баба ми била, па си легнав и ми ѕвони мобилниот, па згора на се и една досадна мува. Видов не видов станав и сега ми се плаче за спиење, ама не легнувам, вечер ќе легнам порано и така во последно време се касно легнувам, од септември нема да можам да се навикнам за школо тешко ќе ми биде многу. Ама како се нервирам вака кога се е против мене, во случајов да се наспијам ко човек. И тоа мувата ти ибам мувата глупа станав и ја утепав, не знам дали ви имам кажано ама обожавам да си тепам бубачки, инсекти, бубашваби и се то... ко хоби некое ми е. Ич немам страв ни од пајаци ни ништо, само земам хартијата мавам 2-3 пат и ајт бог нека го прости. Па не е поголемо од мене, ете ако сака некој летово да тепам досада воедно и да тепам такви штетници на мирот и редот по дома може да ме викне, бесплатно ќе работам, доволно е едно нескафе ќе се напиеме, бидејќи турско не пијам одвратно ми е и два-три реда кафе-муабет ќе направиме и таман прошол денот. Ај аирлија нека е и времево се поправи, само нека продолжи вака. И то би било то за денес од мене драги гледачи, колку пари толку музика.
Во Охрид моментално од туристи имат само Комарци ...Ептен биле задоволни од смештајот и цениве во градов... Само се жалеле дека навечер неможеле никако да се Исунчет и да фатет боја.. Сега ќе почнеле по дискотекиве да им барет Лични Карти и Резервација за да может да влегвет...Требит да им се наплајкат по 50 евра во денот за касање и чешање... Ела почешај се ко ќе те каснет од позади на грбот , одма почвиш да се тријаш од Sидојне или ги викаш цела фамилија со комшиите да дојдет да те почешет... И нормално најголемата атракција во Охридов која ги влечет сите туристи да дојдет секоја година , а то се оние со Змиине околу Вратојне ко ќе застанет чаршија и наплајќет сликање... 20 години ја носет истата змија... И прадедо ми се имат сликано околу врат со змијана ... Кузнајт колку и е досадно секое лето овде да е ... Секој ден после работа змијана си одвела Пешки со Нозе до дома и... И најголемото изненадување и тоа шо најповеќе со нетрпение го чекаме ова лето е концертот од Цеца... Од возбуда секој ден и секоја ноќ не спијаме, и секој ден се прашуваме ШЧО МАЈКА БАРАШ ТИ ОВДЕКА ?
Kолку голтари има на светов.Eдните,голтари во душа,другите во џеб.Oвие првиве повеќе ги жалам,да ги немаше нив ќе ги немаше ни вториве.
Лесно е да се збори зад грб некому, тешко е изгледа истото да се каже некому во лице, тогаш храброста го остава човека, секако лажната храброст. Интересно е кога човек ги знае нештата какви се, а уште поинтересно е кога некој си мисли дека може да го превари, комедија жива, исто како претстава да си гледа човек.
Не знам дали бегам, или само земам „одмор од животот“, ама утре заминувам. Одам на гости во Скопје. Книги за читање имам спремано, само што ме мрзи да си спремам облека Косата веќе ми стана бујна, што значи, треба да ја испеглам, нели во Скопска шема Обично кога одам во Скопје едвај чекам да си дојдам. Постојано гледам преку прозор и се потсетувам на дома, ме фаќа алергија од дрвото до станот што летно време цвета, не ми годи Скопскиот воздух, ми се затнува нос, (прилично сум нежна по здравјето), ненаспана сум, ми недостасува градот, другарките... Ама секоја година одам на таму на гости. Тоа ми доаѓа како тест. Овој пат ќе гледам времето додека сум на гости да не го поминам очајувајќи да се вратам. Не знам зошто ли го правам тоа? Ќе ми одмори главата од сестра ми, од домашните и од останатите проблеми овде. Утре ќе влезам во автобус и ќе му речам на моето гратче Аста ла виста
На одмор веке 4-ти ден. Едвај чекам да се вратам. Тука се чувствувам како во затвор. Седам во една соба 24/7. Дојдов бидејки морав. И сега се каам. Многу е лошо да си отфрлен од семејството. Сам си. Без никој и ништо. А јас како знам и умеам морам да застанам на нозе инаку ке пропаднам. Цил живот сум живеела во пари. А сега? Кај и да е за скоро ке морам да си идам од дома. А каде да одам? На улица? Имам и роднини ама моите им имаат кажано да не ми помагаат. А дечко ми ме остави бидејки не салал девојка од улица. И сама сум. Не верував дека е толку тежок животот. Ама јас ке си докажам себеси дека можам. Најважно ми е здравјето. Прво да си го решам проблемот со здравјето па после се друго. Па средно кога ке завршам ке барам некоја работа здравје боже, ако треба и како чистачка не се срамам од работа. И покрај се јас нема да ја изгубам вербата во Господ. Знам дека и за мене има подобри денови.
Многу мотивирачко утро имав. Имам еден план, развлечкан со години. Се и секого стаив пред него. Епа дојде време да се реализира. Отворив очи со мисла во глава "you can do it"!! Да, да, на англиски. Ми се чини и на мачката и здосадив со моите небулозни муабети периодов, ал шта чеш. Овој пат сум сигурна дека оваа работа, овој пат ќе ја истуркам до крај. Времето е на моја страна.