Откако морам да носам маска постојано, наочари не носам ич. И пробав илјада начини,или се маглат или се лизгаат ако ги ставам врз маска одозгора. И ужасно ме нервира тоа оти особено навечер ми пречи кај што едвај гледам на подалеку од 5 метри. Жива душа нема, ти битно маска носи и мачи се да видиш пред тебе дали има човек или стуб.
СДК... го мразам чувството по попладневна дремка, кога не знам ни кој ден ни месец сме кога ќе се разбудам.
Исто, штом излегувам наочарите ги оставам дома Јас имам "среќа" што гледам и без нив затоа што само едното око ми е проблематично, инаку...
Мене ми се двете, ама едното бајаги повеќе. Не ми е толку проблем освен за лица што не препознавам далеку и за букви што не читам. Ама навечер светлата лошо ги гледам со онаков грд отсјај околу нив и плус што е темно дополнително ми отежнува.
Поздрав до сите оние што ,,си го бараат". https://www.facebook.com/658551547588605/posts/3392277564215976/
СДК под итно мора законски да се забрани, жена да може да се откаже од наследство Откажување од наследство- чао- НЕ ПОС-ТО-И, нема, умрено Пренесете на надлежните
Ептен сум изветреана, особено денес. Заборавив да купам неопходни материјали за работа, па ги ангажирав и мм и мајка ми од другиот крај на СК да ми ги набават. После сфатив дека другиот битен дел сум ги заборавила дома. Па пак они двајца. 8 пати проверував дали парите од банкомат ми се во новчаник, а 6 пати дали клучот сум го заборавила на влезна врата од надворешна страна. Дома ми е како бомба некој да ми фрлил, немав ни сила но време да средам, а станата сум рано. Тек е 13 часот, кој знае како ќе ми заврши денов, а работа имам еден куп...
Сдк дека си ставив рингтон од Тоше ,од мојата омилена-Лошо ти стои. И по којзнае кој пат така ми бидна тешко на срцето,и тажно ,у по којзнае кој пат очите ми се полни солзи...Не лекува времето ништо само се навикнуваш...
Ми фалеше фемина форум... Не знам дали да почнам дискусија во политика сега... Сигурно ќе биде интересно
Дечко што е преактивен на социјални мрежи, кој секојдневно става слики од него и е самобендисан, ми е инстант трн оф.