Ма не, ретко кога имам мотивација само сега ептен хибернирам. Се шо прам е најчесто пополнување на време за да не мислам пошто обично грешен правец фаќа моето мислење.
Сакам да можам да се телепортирам на некоја планина во Данска и веќе да не стапнам во оваа калакурница од држава.
Каде баш ја најде Данска. Земја со највисок врв од 200 метри. Едит: Сега проверив дека на Гренланд имаат планина висока 3,694 m. Ова е дефинитивно добро escape место од калакурницава.
Е ова врска немав . Прво си пишав само Данска, па ми текна дека сакам да се изолирам на некоја планина и редактирав (ама пак да сум во Данска) и го остаив .
Првиот пат кога ја слушнав песнава мислев вика I ate your mama. И така ми остана сега текстот во мозокот, не можам како што треба веќе да го слушам.
Појдов кај другарка на пладне на кафе, продолживме со вино, а бев договорена со моите за гости. ретко одам со нив ама ете денес се погоди. и така пола саат-саат си се трезнев. јас мислам одам наназад со годините
Иначе, многу мразам некој кога ќе ме разбуди со гласно тропање и трескање тањири, тенџериња. Мир сакам! Многу барам?
Ако, златен, пак да не ти чинам. Секоја нервоза ти ја смирував, секој проблем ти го осеќав како мој. Е нема појќе така, ко не ме сакаш - шетај! Мислев нема да прекинам да те сакам, ама ете - прекинав. Најди подобра од мене, ајде, нели тоа е целта? Ќе најдиш само некоја која ќе ти набива рогови, а ти ќе мислиш дека те сака.
Во Сахара снег, надвор има дрво со цветови цела зима, Што ли се случува, со светската клима?! Рима сум знаела
Знаеш дека си во ПМС кога ќе заплачеш на песната од Лејди Гага за време на инагурацијата на Џо Бајден.
Сакам да бидам повторно во основно училиште, да имам распуст, и единствена грижа да ми биде дали ќе успеам да ја прочитам „Хајди“, во тие две - три недели.
Денес убаво си закачив шајка во нога (во чизма) не знам како се најде таму шајка ама ајде барем потковица да беше среќа да ми донесеше
Никогаш не можам да се одлучам што да пишам во темава, пошто мора тоа нешто да спаѓа во некаква категорија и ќе се попишманам и плус никад не сум кратка. Сакам да кажам дека денес видов кај некого на стори цитат "соц. мрежи те тераат цело време да се споредуваш со другите и така никогаш нема да бидеш среќен". И навистина денес заглавив на инста гледајќи профили и чудејќи се колку се луѓето во најмала мера искореографирани, да не зборам за фејк. Не сакам да бидам како нив, а сепак ми сметаат. Зошто?? Кај мене ли лежи проблемот... сигурно... Сакам real секаде и во секого! Ново мото