Али филмот во кој влагам кога има поставено анкета за гласање во темата Фото Натпревар. Ко да сум член на некое светско стручно жири. Ги разгледувам сите слики, па бирам максимум 3 "фаворити". Па после анализа на тие три. Па дур се одлучам ваква сум:
Има ли поголемо разочарување од она кога возбудена одиш да купиш некоја книга и на крај од милиони други, баш таа ја немаат?
^^^ Maylin знам како се чувствуваш. Секогаш ми се случувало ова. И со ништо не ја заменува саканата книгичка. И си седам дома така разочарана гледајќи во 4 ѕида прашувајќи се што би правела сега Инаку, не знам за вас ама мене цел ми е годинава да сум поактивна тука!! Па мајко му стара, во април правам 11години членство! Многу пати ми се има случувано да си го отворам форумов и да си листам низ стари мислења... како некој вид на дневник ми се, цело тинејџерство да го речам го поминав тука! Иииии да, сакав да кажам, некако периодов ИЧ не ми се работи бре..
СДК - западен балкан, состојбата со ковид како? А воздухот како? https://www.mkd.mk/makedonija/razno...kan-za-chist-vozduh-zhiveeme-vo-otroven-oblak Земјите од Западен Балкан имаат најлош квалитет на воздух во Европа. Ги повикуваме надлежните државни институции и граѓаните во регионот, да спречат до 13.500 предвремени смртни случаи секоја година.
Остај ова, денес ЕУ државите имале состанок за патувањата, ти имаш блиски извори, те чекам(е) со информации
Тој што му смета загаден воздух и што ќе настрада од него, не е заразен за другите Така да, не очекувам веќе да се направи нешто. Оти на тоа се сведе - дали си заразен или не за другите. И за овие што не можеа да се оперираат така беше - па не се заразни
Тоа дописник од Брисел ви треба, мене некои безвезе работи ми се на агенда, на пример состојбата во Берхтесгаден
Разочарувачки делува, ама мене ми е предизвик да ја барам и најдам по фб групите за книги, е радоста кога ќе си ја најдеш е прајслес
Пишав и во темава што ја отворив, а ќе пишам и овде. Воспитувачките ги тероризираат децава, а на едни не им е јасно што има овде спорно, на други што е овде злочинот, а за една безмозочна амеба децата биле ретардирани.
Секој родител одлучува за своето дете и се тоа ок. Ама... Не ми е јасно како, родители кои добија дете во многу зрели години, значи плачеа за дете. Кога затрудне, по многу борби со ин витро мислев дека ќе го чува како што треба. Па не знам еве, се храни ли бебе од 3 месеци со супа и мааалку леб во неа? Значи финансиски се обезбедени. Она немала млеко, па треба нели АД. Мајката вели "аууу јас цела фамилија би очувала ако купувам АД и кашички". Искрено не очекував во денешно време вакво нешто
И ќе ја видиш истата таа како си прави луксуз за себе, пример 2 кутии цигари на ден или облека или шоидае што и прави нејзе ќејф, ама за детето не троши
Ми треба некоја апликација што ќе ја идентификува мелодијава што цел ден ја потпевнувам без текст. Се пробав со на на на, со Shazam уклучена ама не препозна. А баш имав надеж. Поим немам ни каде, ни кога ја имам слушнато. Само сакам да ми ја каже некој. Ама како да објаснам...
Луѓето ги делам на такви кои сакаат да те слушнат онака да видат како си, и на такви што ги нема со недели да ти се јават, ама на тебе им текнува кога треба да одат пешки некаде и ти да ги забавуваш по телефон, да им помине времето де па уште и без срам си кажуваат
Кога листам фб и инста како се да се состои од напрчени усни и натртен газ придружени со јебозовен поглед. Или некоја се нашминкала (читај зациментирала) и покажува лице 2-3 секунди, погледот и е ,колку сум само убава,, а јас гледам ,колку е празна,. Ама навистина ми се смачи (нема да ги бришам ама не отворам повеќе фб и инста) За мене нема ништо убаво во нивното убаво. Ми се смачи од твојот газ ама навистина! Да не зборам кое залудно потрошено време е таа шминка и тие пози.
Она кога се ежиш од некои мислења и сакаш да напишиш нешто во врска со тоа, ама после сфаќаш дека џабе е и ништо нема да смени.
Не можам да ги разберам девојките кои одат на летување/зимување и притоа ќе стават сто кила шминка и тотално стануваат ко некои вештачки кукли. Значи плажата/планината ја замислуваат како модна писта или како место за одмор и релаксација? Не ја сфаќам потребата од тон шминка, наместо да одиш да се одмориш, да се прошеташ, да бидеш 100% природен, ќе губиш драгоцено време во изопачување на лицето и неличење на ништо... Разбирам да ставиш дискретна шминка, ептен нешто минимално, ама не и нешто повеќе.