Сакам да кажам дека ако решам да клам било шо на мојот персонален инстаграм акаунт, и некој да мисли дека има право да ми јај од ****дека то неќи да го види, има брзо решение: Па и за шминката. И ако му е ќеф сегде да носи шминка шокур? Пратам една женЦка, прејака е. И на Q&A ја прашаа зошто секогаш става слика со шминка да ставела без. Да ја виделе неа. И убаво пиша зошто: „Јас вака сакам да се сликам и ми е ќеф да клавам шминка“. Исто и со Стефани мислам беше, една јутуберка, оти не си го сликала телото ко ќе е потечена во стомакот оти има мака со bloating. Можи оти не е flattering, впрочем и објави на инста слики кога е потечена и кога не е и пиша дека нормално нема со ќеф да клава слики кај шо не се бендисва. Ќеф е шминка да носи и на планина и на базен и на плажа. Ќеф е. Јас генерално ретко се шминкам ама во последно открив сребрен туш и сегде го носам. С е г д е. До продавница одам со сребрен туш на очи. И преку ако на некој глупо му падни дека over the top ми е шминката ко ќе одам леб да купам. Пошто на крај на ден, не можи помалку гајле да ми е комшијата шо мисли или некој рандом-- хел и некој шо го знам. Мојот изглед е мој. Секоја жена има избор врз своето тело и ако не ви е по ќеф нејзиниот избор, не ја пратете. Накратко идев ова да кажам. Нека бидат жените, жени, онака како шо мислат тие дека е исправно. Не да им се дава нови листи на однесување и скрипти зошто старите не се веќе во употреба. Чирс.
Е, браво. Ама како на луѓево да не им се отследува туку упорно сакаат да следат луѓе што ги нервира што објавуваат за да имаат материјал за хејт. Колку треба да на некој му е досадно у животот за да прати кој шо објавувал на својот личен профил и да памти секаков можен детаљ за луѓето се прашувам некогаш.
@cresa-jagoda , @tinka-mace Можеби така нашминкани им е покомотно,повеќе си се свиѓаат. @theowndemon Јас со маскара и црн туш во задно време.Ми се вклопува во изгледот. Не ме занима што мислат другите.
Размислувам некое време дека навистина сум добра личност, не му мислам на никој лошо, не му завидидувам и.т.н. ама дали секој човек за себе мисли дека е добар? Или пак некои свесни се дека мислат зло
Не дека некој ќе го допре моето мислење, секој како сака така нека си прави. Мојот коментар беше во главно за познативе инфлуенсерки кои првен велат сакајте се какви што сте природно, а потоа со тон шминка влегуваат во базен и плус се фотошопираат. Која е логикава, не знам, нивен профил нека си прават што сакаат. Ако си се пронајде некој. Само е тотално нехигиенски за останатите така да се бањаат во базен кој не е приватен и нивен.
Сакам да кажам дека да, секој има право да објавува што сака на свој профил, ама го знаете она- се е дозволено, ама не е се полезно И крај краева постојат некои општи норми, непишани правила или "кодекс" или што и да е, како да се облекува, шминка и однесува човек на базен, планина, плажа и слично е сега ако ние за сопствен ќеф решиме да противречиме, на кој му е гајле, еднаш ќе не спомнат додека скролаат на инста или на форум, ќе превртат очи и тоа е тоа, животот оди натаму де.
Сакам да кажам дека секад и сегде носам шминка. Максимално сум малтерисана и со локници. Ова за ако ме видите да не се фрустрирате, искомплексираната Бурдеј е тоа бе дечки!
Ако некоја дозволува да ѝ паднат вештачките трепки во базен. Нехигиенски е и тоа што некои мократ во базен. Ама,што кога одговорното лице не се замара... Перцепциите се различни.Некоја не се чувствува како своја без шминка.Друга со шминка се гледа себе ко вештачка.Трета периодично менува мислење.
Залудното потрошено време за шминкање е МОЕ време и ќе си го трошам како сакам Секогаш се шминкам, колку што знам и умеам, затоа што само така имам некоја самодоверба (колку и да ви личи површно).
Мене шминкањето ми е терапија. Сеанса со себе. Некои медитираат. Јас се шминкам. И не затоа што мислам дека сум грда без шминка. 99% од времето на работа пример, без шминка сум. Се шминкам кога сакам да се опуштам, да уживам, да се релаксирам. Не ми е обврска, ниту терет. Медитација
И јас истото за себе си го мислам...па и истото се прашувам хахаа.. Изглеа одговорот е да на тоа прашање. Пошо реално ретки се тие што се свесни за себеси и своите дела и навистина какви се длабоко и дали со нешто предизвикуваат пакост некому.. Интересно прашање. Обично сите за себе си мислат дека се најдобри, но дали се искрени со себесиии..хм
Сите за себе мислат дека се добри луѓе. И веројатно се. Само сите имаме свои видувања на она што е праведно, а што не е. Немаме универзален компас, затоа и постојат сите меѓучовечки конфликти. И јас за една личност во мојов живот можам да кажам дека поседува многу лоши особини. Себична, саможивна, мрзлива, безобѕирна итн. За мене е лоша личност. Но за мајка и' пример, или детето нејзино, е добра. Сите сме и лоши и добри. Зависи кој ни' суди.
Па се сложвам до негде, сите ние имаме направено некоја лоша работа (можеби мала и небитна) ама ќе помислиме па ајде тоа не не прави лоши луѓе, тоа е ситница..Можеби сите размислуваат на овај начин и го гледаат само доброто во себе, а замисли и убијци има на овој начин што размислуваат
Сите убијци во својот ум имаат оправдување за неделото. Секако ни едно не е реално, но нели, зборуваме за сопствената слика за себе. Сите правиме нешто лошо, но не не' прави тоа нужно лоши луѓе. Или сме лоши луѓе кон одредена личност, кон некоја друга може да сме и најдобри. Пак велам, зависи од тоа кој го носи судот. А и сигурно и сама некогаш се имаш прекорено за некоја ситуација, барем мене ми се случува, отпосле да мислам дека сум можела поинаку да постапам, дека не сум била фер и слично. Мотивот не ми бил да направам лошо, ама сум се однесувала - според мој суд - лошо во некоја ситуација.
Пофалба од личност која не знам дали некогаш ќе ја сретнам повторно ми го разубави цел ден. Непроценлива е моќта на убавите зборови