Велат, мажите се заљубуваат во тоа што го гледаат, а жените во тоа што го слушаат. Затоа, жените се шминкаат, а мажите лажат
Во врска со шминкањето и сликите... Признавам дека понекогаш посакувам да знаев да се шминкам. По малку и им завидувам на совршено нашминканите девојки што од шминката буквално прават уметност. А јас после толку години не научив ни тушот да го цртам како што треба. И постепено се навикнав насекаде да одам без шминка, до степен што кога ќе ставам пудра ми пречи и едвај чекам да ја исчистам.
Се прашувам дали е океј или нормално да седам помеѓу 4 ѕида, додека сите околу мене си се ангажираат со секакви активности и се прашувам нели, што не е во ред со мене. Можам да најдам решение, можам да се обидам, АМА моето тело и мојот ум велат дека моментално вака ми се прави. Само посакувам и другите да го сфатеа тоа, дури ни толку, едноставно да ме остават на мира бидејќи it's none of their business. Ја сакам сега таа филозофија: таму си каде што треба да бидеш. Ќе видиме за понатаму. Крај со форсирањата. Друго, само што си го видов мојот краш уште од 17 год. (типот е 10 год. постар од мене) постиран на фб слика од денешното искачање заедно со мојот колега и ментор! (исто така 10 год. постар од мене). Дали ова значи дека градов е премал or is the universe trying to tell me something?
Една од главните причини зошто во иднина сакам да живеам скроз сама е фактот дека мразам пречекување и трпење гости кои за мене не се битни ни 1%, а притоа ми го рушат мирот и раетот. Уште пострашно е шо моите дома се ептен друштвени и покрај нив јас се осеќам ко изрод пошто сум вака дива.
Потполно се согласувам. Твој живот, твои правила и избор, па колку и да оставаш поинаков впечаток за себе. Нема поубаво чувство кога мирот и тишината се зад затворена врата од која еден го има клучот
Ми се јавува татко ми, и ми вика: "Ми излезе нешто на тоа гугАл да кликнам и ќе сум добиел ајфон 4-ка, ама знаеш што? Јас не кликнав." и целиот така горд што не кликнал и не го измамиле. Му реков да батали, вируси се тоа. И ете го по 15 минути пак ми ѕвони: " Знаеш што? Пак ми се појави ова за ајфон 4 на гугАлот, ама сега пишуваше дека сум го добил и дали да кликнам тука? Си викам, знам дека е измама, ама пак да те прашам, може стварно сум добил."
Да се надоврзам. - Како да го зачувам филмов за да го гледам подоцна? - Барај горе ѕвезда кај што има и кликни ја. - Ах, еве ја. - Сега ќе ти излезе едно прозорче и кликни Дан (done). - Ми излезе и пишува Мор, Доне и Ремове. - Барај го Дан. - Ама овде пишува Мор, Доне и Ремове. *Уште не ми текнува дека доне е дан, па станувам да видам. - Леле бе, не е Доне.
На крајот секој добива тоа што заслужил. Често се прашуваме зошто мене ми се случува ова? Тоа е одговорот, сме го заслужиле. Со некоја постапка некогаш сме придонесле за тоа денес да ни се случи нам. Кармата е кучка, не секогаш брза ама кучка. Еден ден те стига и ќе те раздрпа токму како куче.