Јануари бил најдолг месец, а мене така брзо ми летна, не го сетив... Колку само брзо ми поминиваат денови, недели..
Чувството кога ќе станеш од спиење, погледнуваш низ прозорец,и одеднаш гледаш прекрасна снежна покривка и истура снегче. Прекраснотии.
Порачав за другарка поклон за роденден, изненадување, мал знак внимание. Низ опциите заборавив да променам начин на плаќање, па остана при подигнување да си го плати поклонот Tugo, nesrećo
Кога ќе ми текне дека две другарки од основно полни со 1ци, преку врски се запишаа медицинско во Тетово коса ми се крева.. Уште па кога ќе ми текне дека тие ќе треба да се грижат за "здраството" наше..
Слушам на вести пак е актуелна Јавна соба, краделе слики од фб и инстаграм на девојчиња и ги споделувале таму. Помина некое време откако ја слушнав веста и гледам на инста кај мене 70 follow requests и тоа се од машки, а никогаш порано не сум имала толку многу follow requests Не дај боже да е тоа што мислам..
Јас сум многу ... тЕшКа ... да ме убедиш за на кафе. Се шо треба да имам е обврска која сум спремна да ја одложам и за 15 минути сум на договореното место. Ако немам обврска за одлагање тогаш не можиш од дома да ме извајш.
^ Исто и јас ради случката со Телеграм кога излезе уште првиот пат го направив профилот приватен и отстранив сѐ што ми е сомнително. Имам многу follow requests што така ми стојат, само ептен некој што мислам дека е safe прифаќам. Не дека имам "експлицитни" слики или се сликам разголена, но на манијаци не им е тоа важно. И обично пристојно селфи мислам дека земаат и препраќаат.
Токму така, оние кои што имаат врски секогаш ќе се запишуваат во најубавите училишта и ќе имаат убави крајни оценки без разлика колку учеле. И потоа се жалиме зошто ни е такво здравството...
Мене инста профилот ми е приватен уште од почетокот, а ако не ми е приватен малку ми е глупо некој да го отвори мојот профил и да гледа и слики се, не се којзнае колку ама подобро прво да прати риквест па после ако сакам ќе прифатам. Инаку има опција да го заштитиш профилот да не ти го хакираат т.е треба да го вклучиш Two-Factor Authentication и кога ќе сакаш да се најавиш на друг уред ти стига код на бројот што претходно си го внел и после тоа кога ќе се одјавиш и сакаш пак да се најавиш на истиот уред тогаш не ти бара код, тоа е само за на секој нов уред. Истата опција ја има и на фејзбук. Е сега колку може да го заштити од хакери не знам ама мислам дека е добро.
Иначе, мразам што ми е грда камерата и неможам убаво да ви покажам колку врне снег надвор. Јер нели, по потреба и метео водич сум.
2021ва дојде и уште вакви слики споделуваат на фб. Немам ништо против религија и не е ради тоа туку изрекава е ко да ја кажал некој во 1800та, а не во 2021ва. Аман веќе со наметнувањето жената да има семејство, па уште нормално и здраво. Што подразбираат под тоа, шо е уопште нездраво и ненормално?? Аман веќе, ќе мрднеме ли од мртва точка малку напред со светот и зошто не?
Сдк цело сабајле ги пцујам и доктори и лаборанти и тој шо измислил дека покрај гладен на испитувања треба да идеш и жеден. А ја научена на секои 5 мин да се налевам вода. Е ај ќе умирам додека отидам, а па додека стигнам на ред, а па додека завршам сите работи у болница!
Толку време врвам в гла кај мене шо кога очекувам нешто ме јади анкс и претервам со мислење и скокам на најлошото. И ко ќе се случи најлошто ми олеснува зошто не мора поќе да мислам "шо ако". На сигурно сум. Макар и сигурноста да е то шо сум се плашела.