Маките на татковината се поголеми од сите страдања на секоја наша мајка. И јас без ни најмалку да те навредам, се чувствувам повеќе син на втората моја мајка-Македонија, отколку на тебе што си ме родила.Те молам во името пак на моите свети чувства кон тебе да не жалиш ни да плачеш за мене. Најзадоволен ќе се чуствувам,ако ти со своето држење бидеш пример на другите мајки и сопруги.
СДК: 1. Со оглед на тоа што темава е општа и најчитана, сакам да се обратам до сите кои размислуваат дали да се појават на протест или веднаш ја отфрлаат идејата за било каква поддршка на истиот. Пред целосно да ја елиминирате идејата, ве молам застанете за момент и размислете. Знам дека тргнувате со став „мене ова никогаш нема да ми се случи“, но запрашајте се дали и колку сте во можност да ги предвидите туѓите намери, карактерни особини, мислења и акции. Дали сметате дека можете да имате целосна контрола на секој аспект во комуникација? Дали можете да кажете дека никогаш нема никој да ви провали дома и украде нешто? Дали можете да кажете дека никогаш нема да бидете предадени од другар/колешка/роднина? Дали можете да кажете дека никогаш нема да бидете нападнати од силувач? Дали можете да кажете дека сечие однесување е во ваша контрола? Одговорете си на овие прашања и бидете искрени со себе. Единственото „нема да ми се случи“ можеме да си го дозволиме само за лични постапки, но не и за туѓи. А доколку се случи тоа никогаш да стане утре, за една недела, месец, година, знајте дека она што тогаш ќе ве заштити и ќе го казни сторителот, ќе ви го овозможи правен акт за кој сме решиле да се обединиме и самите да се избориме да се донесе за заплашувањето и насилството да запре за сите нас. За секоја од нас да се чувствува побезбедно, за сечија приватност еднакво да вреди. Се надевам дека барем еднаш ќе си помогнеме. 2. Исто така за да се расчисти случајов, отворете го линков и потпишете ја петицијата.
Откажав социјални мрежи, нит Facebook, нит Instagram, нит Twitter ... И ем сум раат, ем не сум. Ама дефинитивно ми треба детокс и одмор.
Светот ќе беше многу подобро место за живеење, ако не мислевме дека ќе ни падни круната ако кажиме: "Извини, јас згрешив" .
Деновиве ме фати мерак да редам сложувалка (преку 20 години немам редено). Таман да стимулирам ова мозоков малце доста дремам на нет. Си викам има сега од овие големиве по 1000 парчиња, ќе имам занимација два-три дена (пази временски интервал! ). И денес конечно се решив да идам да си купам. Одам во Џамбо и бирам... Земам една, не мала е, 500 парчиња, гледам другиве од по 1000 - ме мава choice paralysis, не можам да се одлучам која. И плус сите некако лесни ми се гледаат... Тц, нејќам ни таква. А да си земам од 2000? И видов една 1500 парчиња, на неа скоро само две бои доминираат, супер викам оваа би требало да е нај challenging. И ајде ја купив таа. Идам дома, одма местам терен, ја отварам и ги расфрлам тоа парчињата цела среќна, иде дм ми вели ‘Охоо, ќе имаш сега цела недела што да правиш’. ‘Што бе’ викам, ‘ај да се кладиме дека до вечер ќе ја наредам’! (среќа не падна кладба ). Останатиот тек на настаните: два три саати само ги сортирав парчињата и едвај наредив стотина. Ме болат очиве, одвај гледам, ми чади главата и се мислам да ја спакувам . СДК - отидов да јадам сладолед.
Ако ми треба издувен вентил си го имам морето,та дури и да подразбира плажа во Јануари. Временската прогноза на телефон понекогаш знае да ме излаже, сепак сонцето мами. Топло, но ветерот има ладни пипки. “На по еден Breezer” - реков.