Абе just for fun е ова таротов. Ама пак се нервирам што не ми се паѓа ко што сакам. Инаку Папел 3 сезони во неколку дена изгледав лани, и кога излезе 4та во една вечер ја голтнав. Очите пукала. Многу интересна серија.
Сдк да видиме што пердуви од ова ќе излетаат https://denar.mk/236913/tehnologija...a-ne-dojde-do-katastrofa-so-socijalnite-mrezi @theowndemon која од твоите теми ќе е соодветна да го продолжам муабетот? Сдк2- страшна гужва е во општи теми, ништо не можам да најдам, еве чекаме нови под-форуми за интернет и технологија... чекаме, чекаме
Не мислам дека имам тема за ова. За социјални мрежи имам една за самодоверба и една за парасоцијални врски.
Прв пат се чувствувам вака осамено во животов. Роденден ми е, ајде другарките утре ќе ми честитаат, ама дечкото што сме 3 години заедно и заради обична глупост што не збориме да не ми честита... Се разочарав
Си го мразам роденденот.. секоја година..цел живот. Едит:@elvittta сега читам и тебе дека ти е роденден. Не очекувај ништо од никого во животот, бидејќи нон стоп ќе се разочаруваш. Па, искрено ти посакувам среќен да ти е и денот да ти заврши убаво и исполнето.
Малку ми е досадно и уште повеќе не ми се спие, па да споделам нешто со вас. Како што сте или не сте запознаени, си имам мешее. Е сега нели, сите (освен мене и златен) ги јаде незнаењето дали е машко или женско?!?!?!?! Па да ви кажам за неколку методи кои според тетките и бабите го детектираат полот на нашето топче. Метод бр 1. "Да беше машко у стомак ќе се ширеше, ти у газот си здебелена, значи носиш женско". Ја ни г од газ немам али не се секирајте, ќе потврдеме и со друг метод! Метод бр 2 е малку ризичен оти снаата можела да се налути. Станува збор за сипување сол врз глава (изведен двапати) без трудната да знае. Имено, ако снаата се почеша за нос, машко е, а ако се почеша за уста, женско е. Да знаев, вториот пат за нос ќе се почешав, да ги збунам малце, вака се 99% сигурни дека женско. За 100% сигурност ќе почекаме да потврди методот господин доктор и госпоџа ехо.
СДК дека толку сум уморна што не можам ни да заспијам. Проклета трета смена, сега два дена пијана ќе бидам
Какви глупачи постојат. На негативно искуство се смее. Не ве бива и не ве бива,точка. Страда цела земја од такви ко вас.