Од повеќето коментари по социјалниве мрежи за сексуалното образование, сфатив дека родителите ова образование го сметаат како преобраќање на нивните деца во хомосексуалци. А ако не станат, иако знаеме дека со читање за хомосексуални врски обавезно се станува хомосексуалец тогаш во никој случај не смеат ни да ги поддржат или прифатат останатите хомосексуални врски. Значи строго да бидат стрејт и строго да бидат хомофоби. Готча
Една работа, затоа што не е фер кон тој чија мисла ја презема. Било да е тоа Ина, било утре може да е Аристотел. Да земе некој да ископира статус од членката на друга социјална мрежа, без притоа да пише дека е преземно со што го претставува како нешто авторско, мислам дека не би ѝ било сеедно. Друго, не е фер према нас тука да се мислиме дали ни се сонила истата таа реченица или сепак сме ја прочитале веќе некаде, а сега некој нѐ прави будали дека е нешто негово/нејзино. Кога веќе ќе пише дека е од друго место ископирано и дека го објавува бидејќи ѝ се допаѓа или има нешто да додаде во врска со истото, ќе е поинаку затоа што е искрена. Последно и не помалку важно е дека ако почнеме сите вака, на што ќе личи темава? Не е форумов натпревар за кој ќе најде подобар статус за копирање за да испадне најкреативен. Сите понекогаш објавуваме статии, постови или нешто што е од друг медиум, за да искажеме критика или мислење, да се согласиме или негодуваме, но притоа нагласуваме дека е од друго место/автор цитирано. И сепак главното е да не ни премине тоа во навика, зошто форум е да изнесеш сопствен став, а не да бараш некој друг да го стори тоа за тебе за полесно. И уште едно нешто. Сме имале тука членки кои објавуваа туѓи фотографии во темата за лични слики и во фото натпреварот. Сто пати истите луѓе се фатени во лага со нешто што не е нивно дело. Истото се случуваше и во Фемина Инстаграм, каде се постираа слики преземани од туѓи профили и беа претставувани како свои. Па уште кога ќе ѝ се воодушевуваа членки и ќе бараа рецепт, се филмаше дека тешко било за правење, земала курс за готвење и што ти јас знам. На крај кога ја открија, уште стави слика со среден прст на аватар дека ние сме биле сељанки што сме ја пријавиле. Токму затоа тука укажувам, зошто вака се почнува па се продолжува во други теми. Ако сакате мислете ме сељанка што го пишувам ова, ама гледам од аспект на секој кој вложил сопствен труд за да нацрта, фотографира, зготви, напише нешто. Почитувам искреност и личен труд пред сѐ.
Еве вака,значи ова е твит каде што нели секој човек може да го прочита ЈАВНО,да го сподели ако му се допаѓа на социјални мрежи итн небитно. Го прочитав пред некој ден,ми се допадна,и се сетив да го напишам оти навистина е добро кажано, незнаев дека треба да се потенцира тоа дали од некаде е прочитано или не,а и гледам дека има и други цитати низ темава па и темата без цитирање што е каде што тие цитати многу добро ни се познати и некој друг ги напишал и смислил,па никому ништо,ама не е битно ок. Плус не го напишав јас ова за да се истакнам као "еј еве имам добар цитат",или не знам што,напротив.Па ако толку смета наредно ќе потенцирам,без гајле. Ова не е ни лична слика или слика од јадења итн, како што велиш ти дека преземаат туѓи,ова е најобичен твит,цитат, како и да е,каде што секој човек може да го сподели,и каже јавно ,но океј наредно ако треба со потенцирање,ќе потенцирам,но тоа сепак да важи за сите.
Редно е да се самоуништиме како држава. Не дека светот е идеално место за живеење, ама ова е дно на секое можно поле. И да не се сфатиме грешно, горите и висојте не би ги менувала за ниедно друго место, ама затоа па хероите шо ги раѓа... Кај е копчето за рестарт?
Се' тоа океј, ама прочита воведен пост? Дека секакво цитирање и мудрување освен сопствено не е за во темава? Не? Читај правила во иднина. Ако си прочитала други слични постови, пропуст на модераторите е. И можеш да пријавиш.
Еве на пример како јас во лични слики, видов слика од Демонка и горе ја тргнав. Нели сум за пофалба? Мислаам..
Знаете дека умотворбите порано се пренесувале на ист начин како ова сега. Ина па една сама што си измислува работи, пола крадени се. Не мора да се тупи за секоја реченица. Вицевите ако секој си ги присвојуваше или потенцираше чии се, до сега ќе се изгубеа и сите ќе западнеа во депресии заради немање хумор (кој и така се изгуби заради глумење политичка коректност). Многу зависни луѓе. Да не направиш нешто, нема кој да те поддржи. Зеленеат, прсти им се кршат. Затоа е и „да му цркне козата на комшијата“, а не „да е жива козата на комшијата и фала му на сирењето што го дели со мене“. Барем на не реагираат. Неее тоа мора да се најде маана. ЕДИТ: Сега сфатив дека недоискажано ми е....не оправдувам копирање и недавање credits за тоа. Ама ова е една реченица, c'mon.
Лоша идеја е ставањето на омилената песна како ringtone. Помислив дека ми ѕвони телефонот кога започна песната на youtube и за малку ќе се јавев преку лаптопов
Јануари ни започна со растурени планови, лоши вести и војни со коишто успеавме да се избориме, па месецот го заклучивме со нов почеток и нови планови. Февруари, уште полоши вести, уште повеќе проблеми, а само што почна. Не знам веќе од кај да изнајдам сили да се борам.
Така де, сите што ќе ви упатат било каква критика се љубоморни, завидни, злобни, додајпожелба. Наместо да пораснете и да прифатите пропуст, грешка, неупатеност или како сакате наречете го, ќе се прават излитени аналогии со козата и комшијата зошто уште се живее во народните приказни, каде секој што ќе каже критика е лошиот. Бу ху. Денес цитат од некоја х твитерџика, утре ќе биде литературен извадок презентиран како свој. Ама шо има врска, нели, другите постојат и пишуваат за вие да имате што да ископирате во две секунди. Некој ќе поти мозок за вие да се осеќате као спешл сноуфлејкс кога ќе го претставите како свое дело. Впрочем еве ви го и правилото пишано пред цели 11 години, не го измислив јас вчера. Ајт.
Кога си ја земислувам иднината, слегвам во кујна, широка е и уба. Си ставам спанаќ, киви, банана, путер од кикири во блендер, овес и јатки. И кога стига водата ми слегват трите деца и вриштат, се тепат, се карат и место од шишето вода, го прам смудито со вотка. Денешното смуди е со вода. Жимисе.
Најгрозно на овој свет е да се ситиш на туѓата болка. Тогаш покажуваш колку си нечовек. Посебно гадно ми е да се ситиш на жена која не може да се оствари како мајка.