Јас сум ти таков тип на човек што ќе оставам обвсрки на стендбај само за да помогнам на блиски личности. И после се жалам зошто немам време. Ако, барем убаво ми е на душичката што имам помогнато.
СДК од една страна е топ што периодов ради вирусот студирам од дома, најмногу од финансиски аспект нормално. Од друга страна пак, не можам ниту една работа да завршам поврзана со факсот, живеам три и пол саати оддалечена од Скопје и не можам да доаѓам често, за една е*ена оценка да ми ја пишат во индекс треба да губам цел ден по патишта. A и професорите се ептен безобразни. Кај даваат само еден термин за да земиш оценка, па и него го даваат дури трае сесијата. Ние од другите градови ќе прелетаме до Скопје, немаме други испити за спремање. Па и не смееш да земеш оценка во приемно време, стрикно во тие термини само. Ги боли гз дали можиш или не можиш тогаш.
Преку глава ми е се' јас да форсирам, другите да уживаат. Ете затоа не сакам ,,тимска работа'', Затоа што само еден во тимот работи, другите си ги преземаат туѓите успеси.
Зошто се ситат луѓето на туѓа несреќа ако не ги исполнуваат нивните критериуми? Пример еве една пеачка имала долга битка со канцер. Претходно била верник, па за време на лечењето престанала да верува во Господ, станала атеист. Починала женава, а се дознало дека е атеист по смртта. И слушам луѓево велат "па ако и е", "да верувала може Господ би ја чувал", "уф гајле ми е, курва, неверничка". Ало луѓе. АЛО!!!!!!
Ај дио мадре, си се пронајде во напишаното? Вториот пасус немаше апсолутно никаква врска со она што ти го имаш измешано. Скроз друга тема ми беше на ум. Ама успеа да ми измешаш мое „сакам да кажам“ со твоја идеологија и тоа... уште не можам да сфатам како успеа да измешаш некои работи. Најверојатно зошто мое си беше кажаното па ти избра да ми се вмешаш. Види го третиот пасус од напишаното, ако не ти се гледа, ќе ти помогнам: Таа истата реченица овие 3 дена уште од фрижидер не ми се појави, ама ќе ја распнуваме нејзе што не го нашла изворот. У реду је. Темава се вика „Сакам да кажам“. Си кажав што имав, ти избра да измешаш твои чувства со мои кои не беа поврзани многу со ова и најсериозно не се ни однесуваше на тоа овде што се случувало (затоа нема квоут, затоа нема означувања) туку беше инспирирано од друго, особено оној вториот пасус. ...кој пак беше инспириран од „купил кола комшијата, од кај му се парите“ наместо „ај честито нека му е“ .....во случај да ти текне да ми ја деформираш пак мислата. Направил песна и „грд му е гласот на овој“ наместо „одлично, дај да ја споделам за да го слушнат и други“ ...и сето тоа заради завист. Сега појасно ти е на што се однесува она „козата на комшијата?“ СДК дека не ми се верува дека мораше да си појаснувам сопствени мисли на ваква тема која е направена за испукување од секојдневието. „....смислата на темата е да можеме да се искажеме со сопствени зборови.“
Не преферирам кога некој ќе покаже прст кон мене без да ме праша. Кога ќе ме нарече со секакви зборови без да ја сослуша мојата страна. Во вакви случаеви веднаш ставам точка. После се е залудно, дури и едно ИЗВИНИ.
До толку ослабевме со нервите што дури за најбанални работи ќе се стави некој на бесилка од темава? Аман бре луѓе...
Цитатот е од од првиот пост на оваа тема. Апсолутно, она што не го гледам е поентата да се распнува некој за реченица која пола македонија ја копираше и со тоа беспотребно да се полни оваа тема. Патем, супер што ме квоутна, имам за доискажување СДК се изморив од туѓи претпоставки, од „чекај јас да кажам што имам без да го земам во предвид твоето мислење или она како се чувствуваш“, од нетолеранција, од никаков обзир за другите... Прво мислев дека е пандемијата и дека сите сме под стрес...ама за пандемијата да исфрли лошо на површина, мора да постоело некаде, па сега само да биде видливо.... А дека сите сме под стрес - сме, ама не реагираат сите исто. Па дури и „чекај јас да кажам што имам без да го земам во предвид твоето мислење или она како се чувствуваш“ го толерирам ама има граници. Знам дека некогаш луѓе само сакаат да се искажат или да бидат слушнати, ама направи исклучок, ислушај го и оној од другата страна...
Во врска со копирањето. Не е фино да се копира, макар и една реченица. Мене ми ископирале цел текст, па сум реагирала. Такво време дојде или беше и порано, како и да е.
Рокот си тече, јас немам мотивација, немам време, немам желба или инспирација. И си се договорив сама со себе дека ќе правам малку секој ден, ама дека не смеам веќе ништо да не правам! Се надевам дека некако ќе ми се исплати, мора. Моето мото отсекогаш било "секој труд дава резултат". И најслаткото за тоа е дека можеби нема да биде резултатот како што сакаш или очекуваш, ама баш онака како кога ќе ти се наместат коцките. Не можат сите работи да се оставаат "на среќа". А оваа мојава дефинитивно не. Само што, треба да бидам построга ли кон себе? Зошто немам желба или елан во себе? Мора ли да се терам? Што ми се случи, какво дете бев...promising. Од љубов и љубопитност ги правев сите работи. Времето не постоеше за мене, се губев. Сега од сè сум презаситена, ништо не ми е ново, на ништо не давам шанса. Не ни планирам да правам нешто ако не ми гори под нозе. И еве сега направив пакт иако од 8 саат се занимавам со секакви работи само за да одолговлекувам.
Значи само што го напишав постот тука ми текна брилијантно решение. Значи треба само да посакаш и да си одлучен. Конкретно зборам за книга на странски јазик која сакам за брзо време да ја прочитам, ама многу споро и тешко ми одеше пошто е поезија. Па сега ја најдов на јутуб како аудио книга која трае 4 саата и многу поразбирлива ми е бидејќи професионалец на мајчин јазик чита со правилна интонација и ги менува гласовите на ликовите. Јeс!
Има пола вистина во ова дека ако лошо ти почне годината бар крајот ќе е добар. Лично 2020та ми почна ужасно, но крајот беше одличен.
Ако ти паднела запалена цигара, 'значело' дека ќе си се изненадел. Duh Се изненадив ко ми падна! Ќе се самозапалев!
Ако има некој шо ме нервира повеќе од оние шо мислат дека секогаш се у право, тоа се дефинитивно луѓето без осет. Без осет дека не се сите луѓе исти на карактер и со исти приоритети, без осет дека некој има обврски, без осет дека некој не сака да ги слуша, без осет дека некој некогаш сака да спие, како само они да постојат на оваа планета и само нивните глупави муабети се најбитни.
СДК Моментално сум во чуден стадиум со животот. Зошто? Некако за ништо нејќам да се замарам, ништо не ме интересира (што би ме засегнало мене приватно) , се ми е во лер... Ако некој ми каже Магарето лета - Лета.