Кога сте во врска, вклучете го и разумот. Не бидете заслепени, па црвените знаменца, да ви се гледаат зелени. Ако родителите се против врската со вашиот дечко, тогаш не помислувајте дека имате токсични родители. Колку и да мислите дека тие не го познаваат доволно, за да знаат каков е. Вашите родители гледаат со објективни очи и затоа полесно согледуваат каков е вашиот дечко и дека не е за вас. Додека вие целите заљубени-изгубени, дури и кога многу други ви кажуваат дека токсична е вашата врска, вие продолжувате со главата во ѕид. Наместо да седнете и да размислите. Сето тоа што ви се случува вам во врската, за кое сите ви кажуваат дека е токсично, замислете дека му се случува на друг пар. Тогаш каков совет вие би и дале на таа некоја си друга девојка? Можеби на ваков начин ќе можете да бидете објективни и да увидите кој е во право. Дали вие или тие што се против вашата врска. И уште нешто да ви каже Црешка Ако еднаш ставите крај на врската, тогаш навистина нека биде крај. Не ставајте запирка, односно не давајте втора шанса на ист човек, колку и да го сакате. Зашто ништо нема да се промени на подобро. Да требало да бидете заедно, да ви било сè толку совршено, никогаш немало да дојде до крај. А особено, ако сепак сакате да дадете втора шанса, тогаш бидете многу внимателни. Зашто голема е шансата да си имате работа со манипулатор, кој за да ве задржи, непланирано може да ве затрудни и да продолжи да ве манипулира дека ќе ја преземе одговорноста за сторената (намерна) грешка. А потоа кога ќе се освестите со кого си имате работа, да биде предоцна за сè. Тогаш целиот товар ќе падне врз ваш грб, а особено ако немате работа, не сте финансиски независни животот ќе ви стане пекол. Дури и врската да ви е навистина совршена, колку и да е добар партнерот, никогаш немајте 100% доверба во партнерот, не дозволувајте да имате секс без кондом, ако не планирате да останете бремена. Затоа што никогаш не се знае на што е спремен вашиот дечко за да ве задржи или да ја направи посериозна вашата врска и да се земете, ако вие не го сакате тоа во тој период од вашата врска.
Сезоната за возење точак, официјално отворена. Ко за почеток 30 км. Чувство феноменално, уште да ми текнеше вода да стоплам, ќе се маринирам во сопствените џусови.
Таман се израдувавме на вакво пролетно време, гледам по една недела има најави за снег и температура до -10. Си велам ај поарно сега отколку во март кога веќе мора. А и колку и да ни е убаво вакво време deep down знајме дека не е нормално за овој период.
Врв на денов- ненајавени гости! Се враќам мртва од работа, паркирам кола и хелооооууу пред мене ги гледам.... Ми се стемни. Толку е тешко да прашаш дали е некој слободен????
Многу се радувам кога ќе видам заљубени, скромни на изглед, пристојни, а од очите им блика љубов до бескрај, колку и да не сум расположена одма измамуваат насмевка на моето лице и радост, радост дека таа, таква чиста и искрена љубов се уште постои, се негува и ќе опстои и понатаму
Лажам другарка дека не можам да и позејмам модерни чизми за во град бидејќи не носиме исти број, а нема врска, едноставно работи и заработи, па купи си. Сфаќам и тешки ситуации и се, ама лесно ли ни било на нас како сме ги заработеле тие пари? -_-
Во право си, на никуј не си ги позајмувај сопствените работи, јас тоа никогаш го немам направено и не ни сакам да ми позајми некој алишта или слично,секој треба да се испружи до таму кај што му стигаат нозете, и нема што да осеќаш некоја тежина за тоа, јас незнам како не и се срам на другарка ти да си побара така.
Неможам да поверувам,каков пресврт ми се случува целава недела.Господи за она што се молев,тоа го добивам,фала ти Господи,и слава ти.Нека продолжи среќава,нека трае ЗАСЕКОГАШ..
Си седиме со татко ми а на тв оди Пеџа и ја си потпевнувам со него. И ми вика ќерко од кај ги знаеш овие песни?! Еееее тато, подобро да не знаеш. Дискотека во времето на татко ми Дискотека во моето време
Дали ова серизно? Работа во смени. Прва смена од 07:00-14:00/Втора смена од 14:00-21:00 часот.Слободните денови се користат во работни денови и секоја втора недела, во зависност од определениот распоред. Се работи за маркет. ДОБРО, ДА НЕМАШ ЕДЕН ДЕН СЛОБОДЕН ВО НЕДЕЛАТА?! АЛООООО!!! Каде им се душите на ваквите газди? Под итно да се донесе закон и за ова. И да се работи 5 дена во неделата. Ццццц
Единствена сум шо никогаш не сум имала желба за возење точак? Абе другарките ми се премолија летоска, и само еднаш отидов и никогаш повеќе. Си имам некој страв во мене од колите. Не е ова за мене.