Претежно се игнорираат членови заради ставови, јас игнорирав заради печатни грешки (читај неписменост) што цело време, во секој пост ги читам и коса ми се крева. Очобол.
Некогаш и десет часа непрекинат сон не се доволни после крај на испитна сесија и ужасно напорен период.
Луѓето не може да ги предизвикаме за две работи, да се заљубат и да бидат храбри. Единствено решение е твојата постапка, искрен одговор.
Ти бе пријателе почна да ги плукаш,што очекуваше за возврат да те прегрнат ли? И дај пази малку на тоа речникот биди малку покултурен ок.
Си купив нова друштвена игра (Code Names). Одлична е! Пред неколку години сум ја играла и единствено што памтев беше дека е интересна. Едвај ја дочекав да ми стигни (ја нарачав од Гоблин). Значи ви ја препорачувам на сите со вишак слободно време.
Низ целава оваа драма што се случи со некои т.н. инфлуерсерки, е што на крај на денов сфатив една работа за форумов. Жал ми е што дотичната и сите што ја поддржаа пробаа да го извалкаат ова катче каде што скоро секој/а од нас има оставено парче од себе. Форумов не е само трачарење, туку и отварање душа, нудење помош, давање надеж, радување на туѓи успеси, и заедничко тагување. Се надевам дека основачите на форумот нема да дозволат ова да влијае на нас што го градиме форумов, и дека нема да направат тотално да се оддалечиме од него.
Сакам да кажам дека не е човечки да се изживувате врз работниците да не смеат во текот на работењето ни 5 мин да седнат. И тоа демнење на камери, дали некој работи или седи. Алооо, кој 21 век сонувате и која Европска Унија?
https://kumanovskimuabeti.mk/ivona-...M1IkPGCNpKNXahxLmY795d8NMLXBD5DQCoI1ESHfe3BJM Да не се лажеме, ама нешто што не личи, навистина не личи...
Личи дека дел од членките на овој форум беа искористени при договор меѓу „инфлуенсерката“ и онаа која е одговорна за фемина. На овој форум со години нема иста активност како порано. Кој сака да чита едни исти теми без никаква промена и исти прашања кои биле веќе одговорени ама зошто новите членови ги мрзи да листаат, се трупнуваат на темата и прашуваат „а ова како...“ за нешто одговорено буквално на истата страна. Динамиката и вниманието едноставно не е исто како порано. Сега 2 реченици се доволни. Толку требаат за известување на денот и освен стандардните дваесетина читачи, друг слабо дека го интересира. На порталот - уште помалку активност. Изгубив интерес кога почна да станува трачарница, а порано се состоеше од објави на модни ревии, стрит мода и различни работи за убавина. „Инфлуенсерката“ пак, секогаш желна за внимание ама со многу следачи па ѝ одговара кога некој ќе соработува. Видов дека имало и рекламчиња меѓу сторињата што ги објавила денес. Инстаграм има правило за disclosure на соработки и платени реклами така што и те како има нарушено правила на мрежата која ја користи како свој бизнис (така го нарече или нешто во тие редови). Реално, овој форум немал ваква посетеност ниту во најдобрите денови. Се креира нов профил на секои неколку минути, а темата in question за 2 дена имаше над 20 страни испишани мислења. Сега е 12 по полноќ форумов конечно почна да станува полуфункционален. Пред 2 часа ништо не функционираше што значи дека е можно да имало посетеност дупло поголема од ова. Моментално: Вкупно: 2.135 (членови: 621, гости: 1.479, роботи: 35)