Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам дека зборуваш за сликите на Ивона.
    Сега сакам да те прашам каде виде дека спамира и уште побитно дека промовира дека е здраво да имаш вишок килограми во однос на определен здравствен стандард одреден по самата височина и градба на човековото тело? Каде виде дека тоа го направила за да се докажува некому?

    Девојчето има изјавено дека сакала еден ден да облече она што ѝ е желба и дека се чувствувала убаво.
    И замислете тоа го пишала на СОПСТВЕН акаунт на социјална мрежа каде има опции за следење и отследување. Тоа што по некоја случајност е позната особа, не значи дека некој друг има право да ѝ моделира што ќе објавува на профилот и не значи дека споделува за на Рама да ѝ брца во око.

    Пред некое време се критикуваа тие кои се шминкале за секаде, еднаш се критикуваа тие што трчале на скопски маратон зошто се сликале со маиците и споделиле дека учествувале, сега ви пречат луѓе кои облекле некое парче кое според некои ваши критериуми не било за личности со вишок килограми, утре ќе видиме следно што ќе ви пречи и за што ќе мислите дека имате право да мрчите.

    Онака најсериозно ве прашувам, што лошо ви сториле луѓево за толку плукање?
    Како ве повредуваат со тоа што ги креираат своите онлајн профили така како што замислиле?
    Дали знаете дека контролата за тоа кои информации ќе стигнат до вас е единствено во вас самите?

    Еве, пробувам да ве сфатам од каде ви излегува толкава потреба за критика на вакви нешта, но не ми успева веќе долго време. Камо сите да бевте исто гласни за реални општествени проблеми, наместо за ова, ќе живеевме во многу поубава средина. Како се да се сведе на натпревар за кој повеќе ќе огрди некого поради тоа што можеби имал или сака да покаже малку самодоверба, себеприфаќање.

    Секогаш сум давала поддршка за жени кои се мета на осуди поради изглед.
    Ќе продолжам да бидам и понатаму, исто како и за сите други отровни стрели испратени на родова основа.
    Но, некако се повеќе мислам дека тука не е веќе соодветното место за тоа и веројатно е време тоа да продолжам да го правам само во секојдневието.

    Не знам до кај сте со интроспекцијата, но ви ја препорачувам.
    Мојава веќе ми кажува дека нема што да правам на форумов, барем некое време.

    Останете поздравени.
     
    На GirlRose, Bozica1980, Annath и 14 други им се допаѓа ова.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.422
    Допаѓања:
    16.155
    Пол:
    Женски
    Зошто толку време без благо? Може и секој ден по малце и одбрано благо:)
     
  3. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Тоа е премногу за мене :rofl:
     
  4. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.412
    Допаѓања:
    8.701
    Пол:
    Женски
    Предизвик е.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Не именував никого конкретно, кажав дека постот се однесува на сите, и да, и јас внимавам од кого сакам да стигнуваат информации до мене, ама ко што кажав едноставно мрежите се преплавени од лажни тупачи на позитивна енергија и од такви кои наметнуваат дека дебелината е здрава.
    Колку што се сеќавам не навредив никого, се обратив општо, не залепив гнасни етикети, нели слобода на говор, хм, па склопив еден краток пост кој не содржи гнасна или забранета содржина.

    Знам добро јас каде да се борам и кого да одбранам, ама јебига, животот не секогаш е розов, ако јавните фаци ќе истрпат плукање на интернет, јас и анонимната Стојанка сме истрпиле од комшии, од познаници и слично.

    Ајде те молам, никој не е совршен, ни јас, ни ти, сите сме го искоментирале некого, дали на форум, дали со другарки.
    Добра поента даваш со постот, ама така мааалку на погрешна адреса го пушташ.

    Секое добро и тебе(highfive)
     
    На ElenaOfRivendell и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.664
    Допаѓања:
    192.452
    :(
    Таман сакав да те видам на список за форумџика на крај на година.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Свака ти част ако ти вака за сите луѓе си толку емпатична, дал биле дебели, дал биле здрави, дал биле позитивни.
    Тезата "дебелите не се здрави" е делумно погрешна. Статистиката на спортисти на пример кои цркаваат од срцев удар е доста висока. Статистиката на тенките манекенки кои ги имаат сите можни пореметувања на метаболизмот е исто така висока. Ама никој не се замара со нивното здравје затоа што НИВНИТЕ ТЕЛА спаѓаат во опшествено прифатлива категорија. Не бодат очи затоа што се слаби. Помалку коментирани се убијци, силувачи, наркомани, алкохоличари, лопови и други девијантни карактери отколку дебелите. Ја не знам шо ви згрешиле толку.
     
    На Annath, Masnickaaa и Amellie13 им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Уау уау, ај жити се оди прочитај го поназад мојот претходен пост, таму а и во многу други постови кажувам дека и јас сум ДЕБЕЛА.
    Не планирам веќе да се докажувам со невини снегулки кои сакаат постојано тие да бидат во право и да извртуваат туѓи зборови.
    Задоволна сега? Мило ми е :)
     
    На ElenaOfRivendell, x.Daisy.x, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. AgentGinger

    AgentGinger Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2020
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    1.583
    Пол:
    Женски
    Ајде летенце збрзни малку, се нервирам вака. :sun:
     
    На Stephen Amell, x.Daisy.x, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да се жестиш, ниту да потенцираш во која група спаѓаш. А ако веќе кажуваш дека си дебела, тогаш и самата си се соочила со сите можни коментари, сопки и дискриминации. Немој на другите да им го правиш она што не сакаш тебе да ти го прават. Не претпоставувај дека сите дебели се незадоволни како што си ти. И не дозволувај да те убедуваат дека кога си слаб си вечито задоволен. Биди ми поздравена.
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    55.372
    Пол:
    Женски
    Не се жештам бе срцка, само за да ме разбереш морав да потенцирам со големи букви.
    И ќе те замолам да не ми го вадиш муабетот од контекст.
    И свака част и за тебе што ми ја мериш емпатичноста, а од друга страна не можеш да ме разбереш што кажувам:D
    Ама како тоа јас им правам на други тоа што не сакам да ми се прави мене?
    Јас сум само искрена, не глумам како да газам на стаклени јајца и дека ќе морам да им се допаднам на сите:D
    Аман какви сопки и дискриминација гледаш побогу, само реков дека дебелината не е здрава и да не се пропагира како таква.
     
    На deskarada, ElenaOfRivendell, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Кој пропагира, и како?
    Ти доктор си па можеш од големината на нечиј газ да процениш кој е здрав а кој не е? Самата на себе си вршиш непотребни притисоци.
     
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.884
    Допаѓања:
    41.364
    Пол:
    Женски
    Од каде таа статистика што докажува дека манекенките ги имаат сите можни пореметувања на метаболизмот? Да, можеби точно, ама порано во времето кога се барале манекенки што се практично неухранети.
    Во однос на спортистите, пак погрешно, воопшто не покажува статистиката дека појавата е чест случај.

    Денес, кога сме многу подебели од било кога(тие статистики се барем јасни), кога храната нѐ прави зависници и живееме многу sedentary лајфстајл, и како резултат на сето тоа има огромен скок во хронични болести, да кажеш нешто во смисла дека не е ништо страшно е штетно и релативизирање.
     
    На Idedemja, *Amethyst*, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Па никој не рече уствари дека дебелината е убава работа и дека поволно влијае на здравјето на човекот. Јасно ни е на сите дека е најголем ризик фактор за сите болести.

    Друга беше поентата. Кој како сака има право да си се слика. Нели тоа ви беше и дискусијата во јавна соба?! Таму се водеше муабетот дека секој има право да си се облекува, носи и слика како сака. Или тоа важи само за луѓе со нормална телесна тежина, а за дебелите не?! Двојни аршини.
     
    На Annath, Idedemja, Billy Idol и 6 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.309
    Долго време имам recurring сон... може 2 години уназад.
    Е сега... интересно ми е што на сите back-drop им е 'некаде на патување/одмор'.

    Дали тоа јас сакам да заминам некаде дааааалеку од овде?
    Или сакам да избегам даааалеку од себе?

    #прашањакоимемачат
     
    На IM.TMKQ, LejlaD, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.706
    Допаѓања:
    9.302
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека не е страшно. Но, истражувања за штетноста на многу работи постојат и тоа без релативизирање, еве пак нешто околу оризот и некоја штетна состојка во него, за млекото, да не зборувам за конзервирана, вакуумирана храна, за "пржољците" што секојдневно ги јадеме по кафани (да бидеме на тема храна, здравје и килажа). Проблемот е што кога две девојки ќе седнат у 7ца да јадат, сите се загрижени за здравјето на дебелата, оваа тенкава никој не ја ферма иако и она набива холестерол. Нашата површност скриена под изговорот "абе не е здраво" стварно нема мерка.

    пс. Sedentary lifestyle не е карактеристика само на дебелите, и тенките седат по цели деној само ете од други ху причини ни се дебелеат, во моментов.
     
    На Billy Idol, IM.TMKQ, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.397
    Пол:
    Женски
    Ивона не не праша да и кажеме мислење како и стои фустанот.
    Нејзе и се допаѓа и си го носи.
    Никаде не видов да пропагира дека прекумерна тежина е здраво.
    Само одстрана изгледа многу лесно и да ослабиш и да се здебелиш ако си преслаб, а не е баш лесно ни едното ни другото.
    Зошто уште зборуваме на тема физички изглед ако не сме прашани за мислење?
    Таа само се носи со самодоверба таква каква што си е.
    Да постигнеш да имаш самодоверба без разлика каков си, е супер пошто сите се менуваме низ годините, а самодовербата не треба да зависи од надворешни фактори.
    И да се прифаќаш таков ко што си, не значи дека нема да правиш ништо за да се менуваш.
    И трудници после пораѓање пробуваат да ослабат ама многу од нив во исто време си го обожаваат телото што им донело дете.
    Што вика Абел над мене, и слаби седнуваат на хамбургери па никој не се загрижува за нивниот холестерол.
    Нездрава храна е нездрава храна за секого.
     
    На Annath, Billy Idol, IM.TMKQ и 6 други им се допаѓа ова.
  18. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.543
    Допаѓања:
    17.118
    Хелоу!
    Да одговори младинава што наполни 18 и што потпиша членство во партија. Да каже што очекува од истата?
    Што просперитет гледате, мајкеви?

    Кои се причините?

    Татко ви и мајка ви се членови, па ајде мамин и ти да се зачлениш.
    Ќе вееш знамиња напред и ќе одиш по куќи да даваш рекламен материјал и, постери ќе ми лепиш од партија.
    Кај и да е, после 5 години, ко ќе завршиш факс, ќе те тутнат во некоја фабрика да работиш и секоја година ќе те лажат дека после избори ќе те стаат на убо место.

    Се прашувам, толку ли има празноглавци во оваа денешна младина?
     
    На *Amethyst*, christinnn, "Zoki" и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.884
    Допаѓања:
    41.364
    Пол:
    Женски
    :)ова го имам претходно напишано.
    Сосема една работа напиша членката, друга беше со инфлуенсерката/пејачката.
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Со коронава почнав да разговарам со луѓе кои секојдневно ги избегнував.
    Преку маска не се познава кој јадел кромид, кој чорба со лук а кој не е бањат;)
     
    На LejlaD, eli25, mareane и 2 други им се допаѓа ова.