Пак се затрчав мислење да пишам таму кај што не треба. Овој пат во темата ,,Јадење пред екран"...оти сите теми што ми фаќаат око и ми се најпримамливи се за деца или бебиња? Не е фер.
Најнесфатливи ми се родителиве кои си ги експонираат децата јавно на интернет за лајкови. Пошо освен лајкови не гледам друго што добиваат. Такви мали невини чоечиња ги ставаат насекаде чиниш ако не ги објават ќе дојде штркот и ќе им ги земе...
Pocnuvam odpocetok se ,samo ovoj pocetok mi e potezok.No kako velat trpenie -spasenie.Na krajot od tunelot ,sekogas mora da ima svetlina ,ne gubam nadez
Навистина, ама навистина не знам со кој памет родителиве си ги пуштаат малолетните деца (без возачка нормално) да возат сами? Мислам хелоу, ало, ај тоа е да речеме уште е дете пред законот, ама ти како родител и над 40 години, и да мислиш дека тоа е правилно или нормално зошто, пази, машко било. Демек машкиве се раѓаат со возачката во рака. Освен што претставуваат закана за останатите учесници во сообраќајот и може да настрадаат ни криви ни должни, најпрвен сопственото дете си го ставаат на ризик. И се почесто и почесто вакви примери гледам. Не можам да им се изначудам на паметот на некои луѓе дефинитивно.
Глеам нов тренд да напишете песничка за својот син или ќерка и да ја објавувате во групи како пр Книгохоличарки.....
Нема поболно кога ќе прочитам како некој бара работа за член на фамилијата на социјалните мрежи. Притоа се работи за образовен кадар и не колку да се рече, туку потешки струки или магистри. Срцево парчиња ми се прави од мизеријата. Никој не рече дека автоматски со диплома треба да те следува вработување, туку да немаш избор до толку иако имаш “занает”, да немаш никаква понуда за во некаква фирма да ја имплементираш својата ука е трагично. Неправилна распореденост на работната сила.
13 февруари, а вакцини уште нема. Мала дигресија....кога бев малечка многу сакав ролери. Татко ми беше во Канада преку работа и ми вети дека кога ќе си дојде ќе ми ги донесе долго посакуваните ролери. И дете како дете, ветувањето не го заборавив. Мечтаев за тоа со денови. На секое јавување за тоа зборував. Ама татко ми и мајка ми откако размислиле, сфатиле дека шест годишната јас е многу мала за да вози ролери, па затоа го одложиле купувањето на истите. И сега како да го разочараш шест годишното дете дома кое со огромна возбуда си го чека поклонот од странство?! Епа, моите ми кажаа дека ролерите се купени, ама патуваат со брод. И така ден по ден, недела по недела, месец по месец. Шеснаесет години подоцна ролерите никогаш не стигнаа од таа дестинација. На десет години ми купија од тука, ама ролерите од Канада кои патуваат со брод никогаш не ги заборавив. Ден денес се шалиме за тоа со моите. Епа, сакав да кажам...исто со вакцините бе. Патуваат со брод . Кога-тогаш ќе стигнат! Трпение, спасение!
Заради Миа и муабетот фемина се налик на јавна соба, добив коментар од луѓе што знаат дека сум членка тука дека сме биле секта бетер од оние во јавна соба.
Надвор снег и летечки автомобили. Сол и песок слабо! Што убаво се излизгав. Наравоучение: не давај многу гас кога возиш на снег. И не вози на угорнини. И по можност не вози воопшто.
Потврдувам. Не знам кој ѓавол ме тераше да си ги испробувам возачките вештини на вакво ненормално време. Во секој момент ми се чинеше дека вакви акробации ќе почнам да правам.
Најинтересно беше дома. Доаѓам, му кажувам на чале како улиците се замрзнати и не се возе и како луѓето се лизгаат. И чале ме прашува: Ти се излизга ли?! Јас: Кој? Јас? Нема шанси. А ја главна фаца у лизгање у градот