Имам пари ама немам каде да ги трошам. Кога немав, имав каде да ги трошам, али не можев. Животе, зошто ваков контраст?!
Ако нешто мразам во животов тоа се религиски забеготини. Не можам да ви опишам колку презирам верски обичаи кои се опасни по човечки живот, значи се ежам кога ќе прочитам што се уште прават одредени амеби. Девојче во Египет искрвари до смрт вчера откако доктор без анестезија и направил мутилација на гениталиите. Статистички над 27 МИЛИОНИ жени поминале низ ова во тие земји, во Сомалија ретки се семејствата што не ги носат девојчињата на ова. Целта се знае која е, да не може жена да ужива во секс, пошто нели СРАМ е тоа. Не можам и не можам да разберам како може родител на тоа да си го подложи своето дете, значи свесно да го однесе на интервенција која најчесто ја прават без анестезија, во нестерилни услови касапи од луѓе. Па колку треба да не ти чука во тоа главата за сопствено дете на ненормална болка да го подложиш и да го осакатиш за цел живот. Ај да е нешто што е безболно и симболично, ај нема проблем, ама на ова ли бре?! Кој колку сака нека се лути, ама ако го гледам некој дека споделува цело време цркви и икони го бришам од животов, со тој човек нешто не е во ред. И во пракса ми се докажало дека зад тие што најмногу се тупаат во гради дека се безгрешни и прскаат со крстена вода по другите се најгнасните и најподмолните луѓе. Не зборам за луѓе што си веруваат во нешто и не прават никому зло, ама забеготиниве што ради религија судат и касапат други луѓе не сакам ни да ми бидат во близина, а камоли нешто друго. Пу.
Како може бе да е нормално, шефот да ти се ѕвери и вика? Нормално е да стоиш на нога 6 и пол саати? Поради работата да не излегуваш на пауза? Да не јадеш раат, опкружен со камери?? Нормално било да дојде шефот, да ти растури насекаде демек ако не е добро нешто поставено и да си редеш по цел ден? Нормало е шефот да ти дојде на смена и те надгледува?. Нормално е ???
Најтежок факт да го сварам ми е тоа шо ЖИВОТОТ НЕ Е ЕБАНО ФЕРРРРРР ФЈФМФЛСДЃФМЊЛ АХ!!!!!! Зашо само не може сите да имаме еднакви можности бе? Парите не биле сѐ, да, мхм жими куров. Која привилегија е само да си роден у богата фамилија или богата земја, аман. Можда нема автоматски да те напраи среќен привилегијата али ти дава опции, ти дава можности и простор за развој. Колку само луѓе не знаат во што се добри само пошто како мали или тинејџери немале можности за курсеви и адекватна едукација и изложеност на ствари, колку луѓе имаат само развиено болести и ментални физички само зашо се пораснати у срање услови. За траумите и комлексите цел живот што се влечат па да не зборам. Не е ничија вина у секој случај, срце ми се кине кога гледам луѓе во возрасни години уште како работат на работни места што ги исцрпуваат на секој можен начин само за да можат да се прехранат и платат сметки, па некад ни за тоа не стигнува. “Битно е да си амбициозен и талентиран”, да нормално дека е битно али амбициозен чоек со пари и поддршка секад ќе биде понапред неколку дооолги чекори од некој кој единствено нешто што го има е талентот и амбицијата. Глуп систем на живот.
Со вода да не мереше ? За жал, нормален е во Македонија изгледа таков однос кон работник. Сега се вратив од Стокомак и баш бев сведок на таков настан. Влегувам, слушам како некој вика и се дере, а тоа шефот на една работничка и вика „На што личи ова, нареди како треба, гледај како се реди од мене!“ „Ајде врати се ваму, нареди ова, нема никаква физиономија нареденово!“ А јас до неа , таа растревожена, и паѓаа работите од кутијата, дека вознемирана од викањево пред муштерии, не приметува дека и паѓаат долу. Ми падна многу жал и помогнав продуктите што и паднаа да ги вратам во кутијата и дел да ги нареди. А капак беше, зад мене една постара жена ми вели „Што си толку глупава и помагаш?“ „Па платена е да реди, не ти е тебе тоа работа, тебе ли те плаќаат!“ Е ај сеа !
Колку се само гадни и одвратни теткиве, чикициве и бабиштава што се дерат "што ги храниш мачкиштава мааааа". Колку треба да си исполнет со еб*на омраза, кај не им даваш да јадат, па да се буниш што друг им дава. Така правеа и за кучињата. Гнаси, души усмрдени
Она кога ќе отвориш интернет портали за да прочиташ нешто паметно и ова ти излегува ко ударна вест на денот
Не е битна веста, по ова се е пих, https://zicer.org/2018/03/07/opljackan-komsija-tetke-frizera-cecine-cerke/ Opljačkan komšija tetke frizera Cecine ćerke!
Сакам да кажам кога гледам слики и сториња на фб и инста со совршени девојки и трпези полни храна и пијалоци си велам која е оваа држава баш би сакала таму да живеам. (Мк )
https://www.facebook.com/watch/?v=131474305505099 Малку мајкава да не бегаше туку да си го заштитеше детето? Јас разбирам страв од куче, ама да си го оставиш детето и да вриштиш, не разбирам.
Вакви луѓе се дефицит во светот. Преку 600 дечиња имаат компјутер благодарение на Борче. Да е жив и здрав!