Спектакуларна фотографија беше споделена синоќа низ социјалните мрежи. Вулканот Етна во Италија еруптирал и испуштил лава.
"Ќе се изненадиш сам себе од нештата со кои можеш да се навикнеш да живееш.." - не сум сигурна дали ги погодив зборовите, одамна сум го прочитала некаде, ама смислата беше таа. Ќе го заборавиш, ќе те задеси нешто и ти се враќа меморијата. Цитатот чекиран за вистинит. Или многу лесно прифаќам промени или не сум уште свесна што се случува.
Моментот кога пишуваш огромна порака, ја читаш, па ја бришеш... затоа што сепак нема смисла да ја испратиш
Се сакате и двајцата, лудо вљубени еден во др. но не можете да бидете заедно поради една многу проста причина....
Направив торта после долго време имајќи ја во предвид лоша историја кога станува збор за подготовка на благо, ја ставив во фрижидер, нешто покасно седнав да каснам мислејќи овај пат стварно ќе ме биде и сфатив дека стварно не ме биваТ
Ќе ти потече нос, ќе се удишиш по 100 скали, одма црно сценарио, корона, спремаш тестамент. Пробуваш секакви јадења од кисело до благо, мирисаш се што ти дојде при рака. Всушност некој е само недораснат и по паметот на сите деца се тркалаше по удолници на снегот со гола кичма. Што времиња дојдоа....Рино, Адено, Корона-вирус ли е?!? Oh well....
До кога нема да смее жена да се пожали на болки во стомакот без да се најде некој страшно интелигентен што ќе праша/дофрли нешто за бременост? И второ, неповрзано со горенаведеното, но не помалку важно: од кога е во ред да тргаш маска за сочно да се исплукаш на улица и пак да ја ставиш под нос како ништо да не било?
Сега ли најде да ми се јаде пилешко со ориз/макарони. Ај заминав да спијам, познавајќи се, ќе ме фатат лудите и ќе направам. Ај чао.
Не знам за вас, ама јас обожавам да ги гледам оние бесмислените 5 minute crafts видеа. Се чувствувам ко да отупавувам додека ги гледам and i'm here for it.
Луѓе бе..Лу-ѓе! Сакам да кажам дека квалитетот на храната во кафулињата и delivery сервисите низ Скопје е со многу понизок квалитет за разлика од пред две години на пример. Не знам што се случи меѓувреме, ама апла се приметува дека состојките кои ги користат се базични и може да се набават во локален маркет по многу попристапни цени. На пример во Plaza De Toros пред некој месец јадев палачинка ,,бомби" и нешто по калорично а истовремено поужасно немам јадено со години. Кремот обичен, еурокрем од 50 денари, сладоледот од ванила направен од вода и внатре толку растечен, што кога сечеш со нож од палачинката кипат слоеви ладна вода, како да гледаш лошо creampie порно. На другарка ѝ дадоа едно танирче со таљатели и песто сос, абе внатре во порцијата дали имаше 20 таљателички, и тоа е дури многу... После неколку недели подоцна јадевме во Fitness House, и бургерите топ, ама лепчињата обични интегрални палачинки. Пицата од Jakomo..да не правам муабет. Значи пред три години кога нарачав тоа беше пициште. Тестото вкусно, ко да јадеш путер, плус некој зачин внатре - абе милина. А, сега...просечен квалитет a.k.a average Joe. Ништо нарочито. Не знам, треба посебна тема да се отвори и дискутира зошто во Скопје по ,,реномираните кафулиња" храната e сведена на толку низок квалитет, а истовремено држи толку високи цени! Ова важи за повеќето сендвичарници/пица ресторани, само ме мрзи сега да набројувам, зошто ќе испадне цела една хорор рецензија. Патем, намерно го ставам акцентот на Скопје бидејќи во другите градови од Македонија храната е прекрасна.
Изгледа само ја кога ќе влезам во ваикики, секогаш се залетувам во трудничкиот дел и си бендисувам нешто убаво. Наместо бебче, стомак од тестенини. Па нема врска .
И јас. Последниот пат бендисав едни пижами многу слатки, си најдов бројче одам накај каса и коа мајка ми ми вика абе овие за трудници биле Ама стварно има многу убави работи во трудничкиот дел