секако голем дел се на раб на пропаѓање после ковидов. Другарка моја е менаџер во познат ресторан. Со месеци наназад работат во загуба, со денови во кои има промет од максимум 5000мкд дневно. Не покрива тоа ни струја, а не па други трошоци. И јас сакам убава храна кога плаќам, ама имам и разбирање дека се во кризс, па земам почесто за носење, оставам бакшиш.. Иако лично сметам дека е подобро да смали порција, отколку квалитетни состојки, се надевам дека ќе се вратат на квслитетот сите набрзо.
Кукла, не е проблем ковидот. И пред ковидот храната на горенаведените ресторани неколку месеци ретроспективно им беше лоша. Така да тоа не е изговор. Ама сега бидна ситуацијата, па искористија до максимум и во однос на порции и во однос на квалитет. Како што реков и претходно, не важи ова само за рестораните, туку и за delivery сервисите. Муштеријата не треба никогаш да ги сносува последиците, тоа е златно правило и клуч за секој успешен бизнис.
„Лидл“ се регистрира во Македонија, ќе го водат Бугари Одреден дел од Македонците се во фазон збогум Ваљево.
Нема ништо потешко од тоа преку телефон да тешиш близок кој во скоро време изненадно ги изгубил двајцата родители и во исто време хоспитализиран е со остатокот од семејството. Да бидеш смирена пред нив, а едвај зборуваш. Тие плачат што се разделени по башка соби, што најстарата е во критична состојба, а ти треба да ги лажеш дека се ќе биде во ред. Од кај знаеш дали ќе биде во ред? Солзите ги чуваш пред нив, па мислиш главата ќе ти експлодира. Гласот ти трепри и забите ги стегаш. Рацете ти се тресат. Завршуваш со разговор и се рушуваш од плачење. Синусите ми прснаа од болка. Да му се плукнам на животот скапан. Пред точно еден месец сите си беа дома живи, здрави, излегуваа низ двор, а сега...Празна е куќата. После вакви трагедии гледаш колку сме безвредни и небитни. Низ ова што поминуваат моите братучеди, никој никогаш да не осети на своја кожа. Чувајте се од корона.
Тато фала ти за огромната подршка,периодов која ми ја даваш,премногу ми значи.Свесен сум и јас и ти,никогаш не сме биле блиски,но некој ситуации не зближуваат,фала ти.
Денеска шахта оставиле целосно отворена, без никаков знак за внимавање, значи едноставно го тргнале капакот, ниту ја оградиле некако, ниту пак можеш да видиш дека има огромна и длабока дупка пред тебе, освен нели ако не гледаш само пред себеси и пазиш на секој свој чекор. И си размислувам дека веројатно денеска некој ќе се утепа на неа, или ќе пропадне со една нога, или ќе се сакати и ќе ја одере кожата или во најлош можен случај може нога да скрши и да биде во ненормални болки. Зошто, оти на некои говеда не им се работи и работата ја прават како да работат со нозе, а не со раце. Живееме во држава каде можеш да отидеш на доктор и да искочиш без репродуктивни органи и бубрези, да лежиш затвор ако прднеш на сред улица а тешки криминалци туркаат рекорди по корупција и мито, да се утепаш на сред улица оти некој шахта отворена оставил, да не можеш да одмориш пошто апсолутно ништо не се почитува и секој тропа и вика мајстори кога сака, каде нормално е да си шлајм од човек и да се "снајдеш" и каде тешко тебе ако те нервираат вакви работи. Не знам, не ми се ни пишува веќе која кочина сме, онака ми се повраќа само.
Мажи...се додека немате почит кон жените, ќе се жалите дека сте сами... Стојам и чекам ред.. двајца другари околу 25год стојат и тие.. Се договараат за во кафана и едниот го прашува другиот - а колку души ќе бидеме? Па ние 4 и 4 пичиња... Yeah yeah...нема ни да ги легнете тие пичиња..
Конечно земав нова книга од библиотеката за да ја читам, се надевам ке ми биде интересна за читање и нема да ја фрлам некаде настрана да собира прашина како претходната
Уште една легенда замина. Најдобар текстописец на сите времиња. Нека ти е мирно морето, панонски морнару!
Голема е веројатноста да ги легнат. Помладите генерации имаат толку ниски и извитоперени стандарди, чудо некое... А влегов во темава да напишам за Балашевиќ...живот јбг. Мирно море легендо. “Jer nemoguce postaje moguce ako dovoljno zelis”...
Душа ме боли за Балашевиќ. На неговите песни срце ми крвареше. Нека почива во мир. Немам повеќе зборови...
Кога слушнав за Балашевиќ ми пројдоа низ глава еден тон моменти, и со носталгија се сетив на сите убави моменти кога на цел глас сме пееле негови песни, на оние убави собиранки со гитара и добро друштво. Чувство на тага, но и среќа што сум имала можност да пораснам со неговите песни. Не е мала работа твоето име да го потсети некому на многу убави моменти во животот. Легенда, нека почива во мир *** "... Nikom ne pričam o tomе Brzo dođe taj talas i znam da ću da potonem..."