Многу квалитетни гласови згаснаа,а тој како шлаг на торта замина. Ми застанаа мислите за миг, реков “кој сега ќе не подучува за љубовта низ балади”. Плови морнару, плови мирно низ облаците. Пеј во Господовото царство, пеј заедно со ангелите.
Мајка, ако не ти е ветер у грб прва и последна...јас и викам не можам да се докажам колку и што можам, разочарана сум од немање шанса, она ми вика, сине скала по скала на врв еден ден, кој брзо се качува, брзо и паѓа. Така е мајче ама до кога, ми се смачи од качување по една скала на 2-3 години, немам ни желба веќе.
Порано кога прв пат влегов в кујна и ко ќе видев сол во благо и јаболкова киселина во благо, мозокот не можеше да ми преработи информацијата. Сега сама сум као: сУпЕр Би ДоШлО кРуПнА сОл НаД чОкОлАдНиОт ФиЛ пОпРсКаН сО кАрАмЕлА.
Стравот и преголемата загриженост НЕ се решение за проблемите. Ќе си го повторувам ова додека не го запомнам и додека, конечно, не почнам навистина да го применувам.
По незнам кој пат се покажа дека оваа ситуација го извади на виделина она вистинското од луѓето,а тоа да ти било само себичност,малодушност ,саможивост. Но на долги стази тоа води само во себеуништување а на добар пат сме...
Мислиш дека можеш да ме повредиш ?? Душичке .. па јас и родендените си ги славам сама во последно време///
Од вчера се обидувам да напишам нешто за него, ама никако не можам. Откако ја видов веста, кнедла во грло ми остана, душата ме стегна. Пораснав со него, со неговите песни и ги пеев кога не го разбирав ни значењето на зборовите на српски, а не пак пораките кои ги носат песните. Навидум така лесни и певливи песни, но толку длабоки, што некои и за два животи нема да ги разбереме. Зошто плачеме ние кои плачеме денес за него? Бидејќи ни беше близок. Знаете какво е тоа чувство да си близок и во добро и во лошо со некој кој го немаш запознаено? Е таа моќ ја имаше тој. Преку неговите текстови да е близок со неговата публика. Не научи за љубовта и за животот, она што не можеме да го научеме од книга или од учител. Најубавото нешто што го прочитав денес - Она што е Достоевски за светот, тоа е Балашавиќ за Балканот. Слава му
Многу ми се интересни луѓево. Денес една другарка ми рече : Најди си СТАЛНА работа. Си реков сестро на државно си, немаш галје. Можиш само да кажуваш. Небаре, лесно е да се најде. И најглупавото нешто што го слушаме периодов. " Не се грижи, ќе помине" Лош период имам. Луѓе има и што се во полоша состојба, но ве молам никога не користете ваков тип на реченица, подобро прашајте како се чувствуваш,? сакаш да праиме муабет? Што те мачи? дојди да те гушнам.
Седам на еден ѕид пред фирмата на работа, онака ме пече сонце. Во близина има центар за танц и излегуваа деца, од мали до тинејџери. Помина една кола и ме облеа една мисла. Почнав да мислам колку времето брзо одлета, кога сум пораснала, кога се помина денови, месеци, саати, минути. Сфатив дека многу ми недостасува безгрижното детство, безгрижните мисли, дома се спремено, те чека топла прегратка, дом полн хармонија и радости. Не се грижиш за ништо, не се грижиш за други освен за себе и за фамилијата. А брзавме да пораснеме, тетки да бидеме и дечковци да фатиме и не сфативме колку сме брзале и сме пропуштиле. Дека тоа чувство на слобода нема пак да го осетиме, скапа цена е тоа дека животот нема реприза.
Отворам Инстаграм денес после една недела - журки, прослави, групирања, гушкања. Во меѓувреме од форумов дознавам дека се зголемува бројот на новозаразени. Се почувствував како да живеам во некој паралелен универзум каде нема корона. На моменти се прашувам дали јас сум премногу претпазлива и досадна што не ми се кафаната и дружењата приоритет периодов. А би лажела ако кажам дека ми е сеедно што т.н. „најубави“ години најверојатно ќе ми поминат седејќи дома, без нови познанства и искуства.
Пролеќееее .. кафе од ќесичка, распар пижами. Шкрткам денови. Години наназад периодов сум во друга земја. Сама и среќна. И алергијата таму некаде поинаку мава. У петти план е, небитна. Тука ќе ја дочекаме во кругот на најблиските. Со ред пцовки и ред солзи. Различна перцепција. Комшиката почнува да тресе од горе. Ај намали радиото, ако чуе и проблемите ќе ги истресе.
Оваа пролет ќе биде мојата пролет. Лани имав толку пропаднати планови, толку разочарувања... Оваа година мора да биде подобро. Ќе биде многу, многу подобро!