Многумина за жал нема да се согласат со тебе, читајќи ги повеќето коментари вчера. Како и да е, секој прави како знае и умее за своето дете, и нека. На крај, не постојат совршени родители, ни па можеме да знаеме што е правилно или не. Ако нешто е сигурно е дека сите родители негде ќе згрешат со децата
Видеово ми остави огромен впечаток. За жал, ова е денешницата. Има голема порака. Добро што се мислат овие богативе? Бездушници се! Свака част на исклучоците, но голем дел се вакви. Тие што немаат во џебот, имаат во душата. Многу сакам кротки луѓе за кои парите не значат ништо. Ви посакувам на сите да сте успешни, пари од небо да ви паѓаат и ум во глава да имате. И да, најбитното - пораката на ова видео е да не бидете брзи при претпоставки. Не секогаш сте вие во право и не секогаш тоа што го мислите е точно. Дозволете им и на послабите од вас да дишат и да имаат можност да се искажат. А еве и едно видео за препишувачите. Земете загрејте го малку столчето.
Од работи што ме фрустрираат: Зборуваш со некого на некоја тема, споменуваш некоја перспектива, на 5% кажано и слушнато одречно го карактеризира како глупости и по некое време ти доаѓа восхитено да ти ја кажува истата работа и да ти философира .
Се прашувам понекогаш дали постои личност на планетава што го преферира повеќе белиот дел од еурокремот?
Кога ќе остарам сакам во 7 наутро да се јавувам по емисииве како баба Смиљанка од Горно Седларце, да ги испоздравам сите со ред, па да почнам со делење комплименти за актуелните манџи што ни ги зготвиле политичариве. Јас да се изнаречам што ми лежи на душа, водителката да кимне со главата божем ме слуша. Сите среќни и задоволни. Не следам вакви програми, ама случајно начекав на ТВ и си се насмеав фино. Стариве се легенди.
Ајде, убаво спакуван, со машничка. И црниот е добар, ама зависи кој, ете нутелата на пример. Ама повеќе преферирам бело хехе.
Ами не дека ќе ме сослуша некој, сите пцујат по политичариве, сѐ по список, водителот само Да, да, само без навреди ве молам. Ги слушаш здив губат, викаат, кој плаче, кој урла-никој не слуша. Да ѕвонам сред зборување ќе ме прекинат од режија под изговор дека се изгубил сигналот.
Абе јасно ми е се', ама имам несовладлив порив да ги отерам упм сите Кај мајка кога одам, обавезно на сабајле тоа се гледа. И стално 'се силам' дека ќе звонам, таа ме спречува... Да не ја посрамам